Благоја Колев
Благоја Колев (2 февруари 1930 година во Свети Николе — 15 јули 2021) — македонски архитект и урбанист.[1]
Благоја Колев | ||
Роден | 2 февруари 1930 Свети Николе, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 15 јули 2021 (возраст: 91) | |
Националност | Македонец | |
Занимање | архитект урбанист | |
Сопружник | Елена Колева | |
Деца | Ана Шукарова |
Животопис Уреди
Благоја Колев дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1955 година, а докторирал во Белград во 1981 година. Како проектант работел во Заводот за урбанизам на СРМ и во Заводот за урбанизам и архитектура на Град Скопје. Редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Неговото творештво од областа на архитектонско-урбанистичко проектирање е богато и разновидно. Учествувал во изработката на просторно-урбанистичките планови на Скопје. Се занимава и со публицистичка дејност и со сликарство.
Позначајни реализации:
- Домот на културата во Куманово (1974);
- Стопанска банка во Скопје (1975)
- Хотел „Панорама” во Крушево (1978);
- објектот на НИП „Нова Македонија” (1985).
Наводи Уреди
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ковачев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 712. Text "series " ignored (help)