Бартоломео Кристофори
Бартоломео Кристофори ди Франческо (Падова, 4 мај 1655 — Фиренца, 27 јануари 1731) бил италијански произведувач на музички инструменти. Најпознат е по тоа што се смета за пронаоѓач на клавирот, инструмент кај кој тонот се произведува со удар. Еден од примероците на клавир кој Кристофори го направил се чува во Метрополитен Музеј во Њујорк, додека другите се наоѓаат во Лајпциг и Рим.
Животопис
уредиДостапните извори за животот на Кристофори вклучуваат записи за неговото раѓање и неговата смрт, два тестаменти, сметките кои ги доставил до неговите работодавци и едно интервју со италијанскиот писател и критичар Шипионе ди Мафеи. Од останатите документи зачувани се некои Мафеинови белешки и објавени новински статии.
Кристофори е роден во Падова, во Млетачката република. За неговиот ран живот се знае малку. Се зборувало дека работел како чирак на големиот произведувач на виолини Николо Амати, а и за појавувањето на Кристофориовото име во записите за попис на населението во 1680 година; во пописот пишувало дека „Кристофаро Бартоломеи” живеел во куќа во Кремона. Меѓутоа, според њујоршкиот произведувач на виолини Стјуарт Поленс, Кристофори не можел да биде Кристофаро Бартоломеи, бидејќи во пописот од 1680 година пишувало дека Кристофари имал 13 години, додека Бартоломео Кристофаро — според зачуваниот крштеник — во тоа време имал 25 години. Поленс исто така има и солиден доказ што ја доведува во прашање автентичноста на некои од виолончелата и другите инструменти чие потекло е поврзано со името на Кристофори.
Можеби најважниот настан од животот на Кристофори е прв за кој постои запис: во 1688 година, на возраст од 33 години, Кристофори почнал да работи на дворот на Фердинанда де Медичи, голем војвода од Тоскана и еден од членовите на познатото семејство Медичи. Во тоа време Токсана била мала независна држава.
Не е познато како Фердинандо го ангажирал Кристофори, но со сигурност се знае дека во 1688 година кнезот патувал за Венеција на карневалот кој се одржувал. Тоа би можело да значи дека го запознал Кристофори на поминувањето низ Падова на улицата пред куќата, но нема доказ за тоа. Фердинандо барал нов мајстор кој би се грижел за бројните дворски музички инструменти, бидејќи претходниот починал. Било како било, можно е принцот да сакал да го донесе Кристофори не само како слуга и мајстор, туку и како пронаоѓач на музички инструменти. Би било малку изненадувачки што Кристофори не ја покажал иновативноста што подоцна ја прославил до 33-годишна возраст.
Смрт
уредиКристофори починал во Фиренца, на 27. јануари 1731 година. Точната причина за смртта не е позната.
Клавири на Кристофори
уредиТочниот број на клавири кои ги направил Бартоломео Кристофори не е познат. Меѓутоа, до денес се зачувани само три:
- Клавир од 1720 година, кој се наоѓа во Метрополитен Музеј во Њујорк,кој подоцна го доработувале други произведувачи; облогaта на куќиштето е заменето во 1938 година, а 54-октавната се префрла за околу половина, од F ', G', A'-c 'до C-f. Иако клавирот сè уште е исправен, според Дензил Рајт „неговата оригинална состојба е неповратно изгубена”, а невозможно било да се пронајде начин на кој клавирот би се обновил и би звучел како некогаш.
- Клавир од 1722 година, кој се наоѓа во Националниот музеј за музички инструменти во Рим. На него било можно да се свири во опсег на четири октави (-{C—c³}-),а имал и педала (лева педала која се користи за постигнување на мек звук). Овај клавир го оштетиле црви, така што денес не е во исправна состојба.
- Клавир од 1726 година, кој се наоѓа во Музеј за музички инструменти на Универзитетот во Лајпцинг . Има опсег од четири октави (-{C—c³}-) како и клавир од 1722 година, со вградена педала. На тој инструмент не е ожно да се свири, но зачувани се трајни снимки од звукот кој го произведувал.
Сите три интрументи носат ист латински натпис:
- -{BARTHOLOMAEVS DE CHRISTOPHORIS PATAVINUS INVENTOR FACIEBAT FLORENTIAE}-
со испишан датум со римски броеви. Значењето на натписот е: „Бартоломео Кристофори од Падова, пронаоѓач, кој направил [клавир] во Фиренца на... [датум].”
Зачувани инструменти
уредиИма девет инструменти кои се зачувани до денес а тоа се:
- три клавири (од 1720, 1722. и 1726. година) опишани погоре,
- два овални спинети (од 1690. и 1693. година), кои претходно се чувале во Музеј за музички инсрументи, а потоа во Музеј за музички инструменти на Универзитетот во Лајпцинг ,
- спинетон,кој исто така се чува во Лајпцинг,
- чембало (од 17. век) со куќиште од Абонос, кое се чува во Музејот за музички инструменти во Фиренца,
- чембало (од 1722. година), кое се чува во музеј во Лајпцинг,
- чембало (од 1726. година), кое исто така се чува во музеј во Лајпцинг, кое има Диспозиција 1 x 8', 1 x 4', 1 x 2' и кое е единственото италијанско чембало со двопедален систем; инструментот ги илустрира генијалноста и досетливоста на Кристофори, располаѓајќи со голем број на навртки и продолжетоци кои му овозможуваат поголема флексибилност; има шест основни "регистрации": 8 ', 8' + 4 ', 4', 4 '+ 2', 2 ', 8' + 4 '+ 2', а покрај тоа, свирачот може да додаде 4 ', 2' или 4 '+ 2' на 8 'стапало на басот.
Меѓу инструментите што датираат од подоцнежниот период на животот на Кристофори, веројатно се оние кои ги создал неговиот помошник, Џовани Ферини, кој продолжи со изработка на клавири и по смртта на Кристофори, користејќи ја истата конструкција.