Балхаш
Балкхаш (казашки: Балқаш, Balqash; руски: Балхаш) — град во Казахстан, во Карагандинска област, сместен на северниот брег на Балхашкото Езеро, на Заливот Бертис. Според проценката од 2019 година градот има 72 892 жители.
Балхаш Балқаш | ||
---|---|---|
Град | ||
Местоположба на Балхаш во Казахстан | ||
Координати: 46°50′53″N 74°59′42″E / 46.84806° СГШ; 74.99500° ИГД | ||
Земја | Казахстан | |
Област | Карагандинска | |
Основан | 1931 | |
Статус на град | 1937 | |
Управа | ||
• Akim (Градоначалник) | Нурлан Ерикбаевич Аубакиров | |
Површина | ||
• Вкупна | 230 км2 (90 ми2) | |
Надм. вис. | 440 м | |
Население (2019) | ||
• Вкупно | 72 892 | |
• Густина | 339,14/км2 (878,4/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+6) | |
Пошт. бр. | 100300 - 100316 | |
Повик. бр. | +7 71036 | |
Рег. таб. | 09 | |
Мреж. место | balkhash.gov.kz |
Раѓањето и развојот на градот е резултат на откривањето на богати наоѓалишта на бакарна руда во 1928 година. Балкхаш е основан во 1937 година како индустриски град, насочен кон рударството и топењето на бакар. Градот лежи приближно 500 км западно од кинеската граница, на северниот брег на езерото на надморска височина од 440м.
Историја
уредиНа 11 април 1937 година, малата работничка населба „Прибалхашстрој“, подигната во врска со изградбата на топилница за бакар (БГМК), беше трансформирана во градот Балхаш со одлука на Централниот извршен комитет на Казахстанската ССР.
На 9 ноември 1932 година, во градот е основано првото училиште - училиште број 1. Во училиштето се образувале децата на работниците во топилницата за бакар. Во 1935 година, е отворена секција за падобранство. Нејзиниот прв директор е Душембаев.
За време на Големата патриотска војна (руски термин за Втората светска војна), поголемиот дел од машката популација била регрутирана во армијата, па жените биле принудени да ги заменат во фабриката за бакар. По Втората светска војна, јапонски воени заробеници учествуваат во изградба и реконструкција на градот. Како особено важни се „Палатата на металурзите“ и локалниот аеродром.
По распадот на Советскиот Сојуз, помеѓу 1992 и 1996 година, градот и неговите жители, како и повеќето поранешни советски граѓани, се наоѓаат во голема криза, вклучувајќи прекини на електричната енергија, слабо централно греење и наизменично работење на фабриката за бакар. Некои луѓе готвеле на пожари кои ги правеле во нивните дворови. Кон крајот на 90-тите, економијата на градот и на земјата се стабилизираа. Изградена е нова населба во градот, таканаречени „канадски колиби“. Сите училишта, медицински установи и универзитетот продолжија да функционираат нормално.
Клима
уредиБалхаш има Степска клима со топли лета и многу студени зими. Врнежите се мали во текот на целата година. Снегот е вообичаен, иако слаб, во зима. Најниската регистрирана температура е − 41,2 °C (− 42,2 °F), забележана во декември 1938 година, а највисоката температура е 40,9 °C (105,6 °F), евидентирана во јули 2005 година.[1]
Климатски податоци за Балхаш | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 3.9 (39) |
6.1 (43) |
24.5 (76.1) |
32.5 (90.5) |
34.4 (93.9) |
37.6 (99.7) |
40.9 (105.6) |
39.5 (103.1) |
37.6 (99.7) |
27.2 (81) |
17.4 (63.3) |
7.5 (45.5) |
40.9 (105.6) |
Прос. висока °C (°F) | −8.7 (16.3) |
−6.7 (19.9) |
1.7 (35.1) |
14.3 (57.7) |
22.1 (71.8) |
27.9 (82.2) |
29.6 (85.3) |
28.1 (82.6) |
21.7 (71.1) |
12.9 (55.2) |
3.0 (37.4) |
−5.2 (22.6) |
11.7 (53.1) |
Сред. дневна °C (°F) | −13.3 (8.1) |
−12.1 (10.2) |
−3.6 (25.5) |
8.3 (46.9) |
16.4 (61.5) |
22.3 (72.1) |
24.2 (75.6) |
22.4 (72.3) |
15.6 (60.1) |
7.1 (44.8) |
−1.8 (28.8) |
−9.7 (14.5) |
6.3 (43.3) |
Прос. ниска °C (°F) | −17.6 (0.3) |
−16.8 (1.8) |
−8.2 (17.2) |
3.1 (37.6) |
10.7 (51.3) |
16.3 (61.3) |
18.5 (65.3) |
16.3 (61.3) |
9.3 (48.7) |
2.0 (35.6) |
−5.7 (21.7) |
−13.7 (7.3) |
1.2 (34.2) |
Најниска забележана °C (°F) | −40.1 (−40.2) |
−40.2 (−40.4) |
−30.8 (−23.4) |
−14.2 (6.4) |
−5.5 (22.1) |
4.0 (39.2) |
6.9 (44.4) |
3.7 (38.7) |
−4.7 (23.5) |
−14.8 (5.4) |
−32.7 (−26.9) |
−41.2 (−42.2) |
−41.2 (−42.2) |
Прос. врнежи мм (ин) | 13 (0.51) |
11 (0.43) |
12 (0.47) |
10 (0.39) |
15 (0.59) |
12 (0.47) |
14 (0.55) |
9 (0.35) |
4 (0.16) |
9 (0.35) |
16 (0.63) |
13 (0.51) |
138 (5.43) |
Прос. бр. дождливи денови | 2 | 2 | 5 | 7 | 9 | 8 | 9 | 6 | 4 | 7 | 7 | 4 | 70 |
Прос. бр. снежни денови | 15 | 14 | 7 | 1 | 0.1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 8 | 15 | 61 |
Прос. релативна влажност (%) | 79 | 78 | 74 | 56 | 51 | 46 | 49 | 47 | 47 | 60 | 75 | 79 | 62 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 153 | 179 | 228 | 276 | 335 | 367 | 377 | 363 | 299 | 222 | 151 | 131 | 3.081 |
Извор бр. 1: pogoda.ru.net[2] | |||||||||||||
Извор бр. 2: NOAA (sun only, 1961–1990)[3] |
Администрација
уредиПоради назначувањето на поранешниот градоначалник Кадиржан Тејлјанова за претседател на Комитетот за риболов на Министерството за земјоделство на Република Казахстан, Нурлан Ерикбаевич Аубакиров (роден на 29.12.1975) — градоначалник на Балкаш од 29 мај 2012 година.
Градската власт на Балхаш, исто така, управува со населбите Сајак (3669 лица), Гулшат и Чубар-Тубек (625 лица). Во мај 1997 година, администрацијата со градот Балхаш беше префрлен од Жезказганската област во Карагандинска област поради промени на границите на областите.
Население
уредиВкупното население на градот и околните места е 75.453 лица.
Етнички групи
уредиЕтнички гледано, населението е составено од[4]:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
---|---|---|
Казаци | 50.307 | 64,94 |
Руси | 19.823 | 26,20 |
Украинци | 1.169 | 1,94 |
Германци | 1.032 | 1,83 |
Корејци | 1.172 | 1,55 |
Татари | 1.080 | 1,43 |
Белоруси | 229 | 0,37 |
други | 1.548 | 1,74 |
Јазик
уредиВо последниве години, бројот на руски говорници драматично опаѓа, но тоа е повеќе од компензирано со приливот на Казахстанци, кои доаѓаат претежно од рурални области, што резултира со пораст на населението во градот по значителниот пад во 90-тите години на минатиот век.
Галерија
уреди-
Фабрика во Балхаш
-
Палатата на културата
-
Центар на градот
-
Градската плажа
-
Централниот плоштад во градот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Климат Балхаша - Погода и климат“. www.pogodaiklimat.ru. Посетено на 2020-11-06.
- ↑ „pogoda.ru.net Погода и Климат“. Посетено на October 20, 2016.
- ↑ „Balhash Climate Normals 1961-1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на January 10, 2012.
- ↑ „Ethnic composition of Kazakhstan 2010 (based on 1999 census)“. pop-stat.mashke.org. Посетено на 2020-11-06.