Балхашко Езеро
Балхашко езеро (казашки: Балқаш Көлі, Balqaş köli, руски: Озеро Балхаш) езеро во пустинските степи на источен Казахстан. Површината на езерото изнесува 18,428 км2. Балхашкото езеро има издолжен облик сличе на полумесечина. Јужниот брег на езерото е со многу мали острови и полуострови. Просечната длабочина на езерото изнесува 5,8 метри, додека пак максималната изнесува 26 км. Езерото е поделено на два дела: источен и западен дел кои се поврзани со каналот Узун-Арал со ширина од 4,5 километри. Источниот дел на езерото е подлабок и со помала соленост (> 7%), додека пак западниот дел има помала соленост (0,5-1,5% сол) и не зависи од промената на нивото на езерото. Разликата во соленоста е последица на раликата во бројот на притоките и ограничената размена на вода помеѓу неговите делови.[1]
Lake Balkhash Балқаш Көлі Озеро Балхаш | |
---|---|
Поглед од вселената, Април 1991 | |
Подрачје | Казахстан |
Координати | 46°10′N 74°20′E / 46.167° СГШ; 74.333° ИГД |
Вид | природно, вулканско |
Главни приливи | Или, Каратал, Аксу, Лепси, Бјан, Капал, коксу |
Сливни земји | Казахстан 85% Кина 15% |
Најг. должина | 605 kм (1,985,000 ст) км |
Најг. ширина | East 74 kм (243,000 ст) West 19 kм (62,000 ст) км |
Прос. длабочина | 5.8 м (19 ст) м |
Најг. длабочина | 26 м (85 ст) м |
Зафатнина | 106 cu mi (440 km3) км3 |
Надм. височина | 341.4 м (1,120 ст) м |
Замрзнато | Од ноември до март |
Најголем град на бреговите на езерото е Балхаш. Главни притоки се реките Или и Каратал. Околу 15% од површината на ова езеро припаѓа на територијата на Кина. Најголемиот дел на вода во езерото доаѓа со топењето на снегот од планината Синкјанг.
Исто како и Аралското Езеро, така и Балхашкото Езеро е во опасност од пресушување. Во двата случаи причината е употребата на водата за наводнување на полињата со памук. Оваа пракса е започната во 1960-те во времето на СССР.
Наводи
уреди- ↑ World Lake Database: Балхашкото Езеро Архивирано на 16 јули 2011 г., 2 април 2008.
Надворешни врски
уреди- Географски и биолошки податоци Архивирано на 16 јули 2011 г.
„Балхашко Езеро“ на Ризницата ? |