База „Генерал Бернардо О’Хигинс Рикелме“
База „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“, или Бернардо О'Хигинс, именувана по Бернардо О'Хигинс — трајно екипирана чилеанска истражувачка станица на Антарктикот и главниот град на комуната Антарктика. Лежи во 63°19′15″S 57°53′55″W / 63.32083° ЈГШ; 57.89861° ЗГД, на надморска височина од 13 метри, околу 30 км југозападно од Прајм Хед, најсеверната точка на Антарктичкиот Полуостров, кај Легопиловиот ’Рт.
База „О'Хигинс“ | |
---|---|
Антарктичка база | |
База „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“ | |
Чилеанска база „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“ | |
Земја | Чиле |
Антарктик | Легопилов ’Рт Полуостров Тринити |
Администрација | Чилеанска Армија |
Основање | 18 февруари 1948 |
Наречено по | Бернардо О'Хигинс Рикелме |
Надм. вис. | 13 м |
Население | |
• Вкупно |
|
Вид | Цела година |
Период | Годишен |
Статус | Оперативен |
Историја
уредиБазата била основана на 18 февруари 1948 година од страна на Чилеанската Антарктичка Експедиција и е една од базите на Антарктикот со најдолго време на континуирана работа. Бројот на екипажот во зимскиот период е 16 луѓе, додека во текот на летниот период овој број е обично 44, иако може да се сместат до 60 лица. Базата е управувана од чилеанската армија. Позната е и како Пуерто Ковадонга по пристаништето на кое се наоѓа.[1]
Германската Антарктичка Приемна Станица (ГАПС) е основана во О'Хигинс во 1991 година од страна на Германскиот авиовселенски центар. Станува збор за сателитска копнена станица сместена на Антарктикот за да овозможи прием на податоци од сателитски сензори во јужнополарниот регион, кои инаку би можеле да се изгубат. Сензорите со висок пропусен опсег, како што е SAR, генерираат премногу податоци за да се складираат на сателитот за пренос на копнени станици на друго место. ГАПС бил сместен во О'Хигинс поради геологијата, инфраструктурата и пристапноста на базата.
Триесетина случаи на КОВИД-19 биле пријавени на истражувачката база на 22 декември 2020 година. Ова се првите пријавени случаи на континентот.[2]
Историски локалитет
уредиИсторискиот локалитет О'Хигинс на Легопиловиот ’Рт опфаќа структури од историско значење:
- Оригиналната база била основана на 18 февруари 1948 година од претседателот на Република Чиле, Габриел Гонсалес Видела, првиот шеф на држава во светот што го посетил Антарктикот.
- Бистата на капитанскиот генерал Бернардо О'Хигинс била подигната во 1948 година спроти базата.
- На 12 август 1957 година била поставена плоча во спомен на поручниците Оскар Иностроза Контрерас и Серхио Понсе Тореалба.
- Грото Вирген дел Кармен, во близина на базата, е изграден во раните 1970-ти за да служи како место за духовно повлекување на персоналот на различни станици и експедиции на Антарктикот.
Местото било означено како историско место или споменик (HSM 37), по предлогот на Чиле на Консултативната средба на Договорот за Антарктикот .[3]
Клима
уредиБазата Бернардо О'Хигинс доживува гранична поларна клима која е исклучително блиску до климата на поларна ледена покривка. Просечните годишни врнежи изнесуваат 771 милиметри, и се распространува прилично рамномерно во текот на годината, обично достигнувајќи маргинален врв за време на австралната пролет. Температурите се ниски во текот на целата година; најтопол месец е јануари со просечна месечна температура од 1 °C (34 °F), додека најстуден месец е јули со просечна месечна температура од −9 °C (16 °F) .
Климатски податоци за База „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“, надморска височина: 10 м (33 ст)*, (1961–1990, 1953–денес) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 12.0 (53.6) |
10.0 (50) |
11.4 (52.5) |
5.0 (41) |
11.5 (52.7) |
10.6 (51.1) |
7.0 (44.6) |
12.8 (55) |
14.0 (57.2) |
9.2 (48.6) |
9.2 (48.6) |
10.0 (50) |
14.0 (57.2) |
Сред. дневна °C (°F) | 0.5 (32.9) |
0.1 (32.2) |
−1.4 (29.5) |
−4.1 (24.6) |
−6.3 (20.7) |
−8.0 (17.6) |
−8.5 (16.7) |
−8.4 (16.9) |
−5.6 (21.9) |
−3.5 (25.7) |
−1.7 (28.9) |
0.1 (32.2) |
−3.9 (25) |
Најниска забележана °C (°F) | −10.1 (13.8) |
−14.0 (6.8) |
−20.0 (−4) |
−25.0 (−13) |
−30.0 (−22) |
−34.2 (−29.6) |
−34.4 (−29.9) |
−33.2 (−27.8) |
−29.2 (−20.6) |
−26.0 (−14.8) |
−15.0 (5) |
−10.6 (12.9) |
−34.4 (−29.9) |
Прос. врнежи мм (ин) | 28.9 (1.138) |
64.0 (2.52) |
74.1 (2.917) |
78.0 (3.071) |
66.7 (2.626) |
50.7 (1.996) |
65.5 (2.579) |
67.2 (2.646) |
87.7 (3.453) |
87.1 (3.429) |
61.9 (2.437) |
38.7 (1.524) |
770.5 (30.335) |
Прос. релативна влажност (%) | 81 | 84 | 83 | 81 | 84 | 82 | 82 | 81 | 82 | 81 | 80 | 81 | 82 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 105 | 83 | 35 | 28 | 18 | 11 | 15 | 29 | 46 | 73 | 92 | 111 | 646 |
Извор бр. 1: NOAA[4] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Чилеанска метеоролошка управа[5] и Германска метеоролошка служба[6][б 1] |
Наводи
уреди- ↑ „Base General Bernardo O'Higgins“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-07-15. Посетено на 2008-02-26.
- ↑ Lardieri, Alexa (December 22, 2020). „Coronavirus Cases on Chilean Research Base Are First Reported in Antarctica“. msn.com. U.S. News & World Report. Посетено на December 22, 2020.
- ↑ „List of Historic Sites and Monuments approved by the ATCM (2012)“ (PDF). Antarctic Treaty Secretariat. 2012. Посетено на 2013-12-31.
- ↑ „Base Antarctica B. O'Hig Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на February 19, 2014.
- ↑ „Temperatura Mensual Histórica de Bernardo O'Higgins, Base Antártica (950003)“. Sistema de Administración de Datos Climatológicos (шпански). Чилеанска метеоролошка управа. Архивирано од изворникот на June 3, 2016. Посетено на April 23, 2016.
- ↑ „Station 89059: Base Bernardo O'Higgins“. Global station data 1961–1990—Sunshine Duration. Deutscher Wetterdienst. Архивирано од изворникот на 2017-10-17. Посетено на 23 April 2016.
Надворешни врски
уреди- (на шпански) Base General Bernardo O'Higgins
- (на шпански) Official website Instituto Antartico Chileno
- The O'Higgins Penguin Webcam (gentoo penguins; seasonal)
- (на германски) Antarktis Station, a personal website about life at GARS O'Higgins.
- COMNAP Antarctic Facilities
- COMNAP Antarctic Facilities Map
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.