Бернардо О’Хигинс

Бернардо О’Хигинс Рикелме (шпански: Bernardo O'Higgins Riquelme; 20 август 1778, Чилјан, Чиле – 24 октомври 1842, Лима, Перу) бил чилеански воен водач и политичар, една од клучните личности и борци во војната за независност на Чиле. Тој бил богат поседник од шпанско и ирско потекло.[1] Иако е втор Врховен директор на Чиле (1817–1823), тој се смета за еден од основачите (татковците) на Чиле.[2][3]

Бернардо О’Хигинс
Роден(а)20 август 1778(1778-08-20)
Чилјан, Чиле
Починал(а)24 октомври 1842(1842-10-24) (возр. 64)
Лима, Перу
Занимањепретседател, воено лице
ПретходникХосе Мигел Карера
НаследникРамон Фреире
Потпис

Ран живот

уреди
 
Куќата на О'Хигинс.

Бернардо О’Хигинс бил член на семејството О’Хигинс. Тој е роден во градот Чилјан во Чиле на 20 август 1778 година. Бернардо бил вонбрачен син на Амбросио О’Хигинс,[4] шпански службеник кој е роден во округот Слиго во Ирска и станал гувернер, а подоцна и вицекрал на Перу. Неговата мајка била Изабела Рикелме, истакнат месник;[4] ќерка на дон Симон Рикелме и Гојколеа, член на чилеанското кабилдо.[5]

О'Хигинс ги поминал раните години од своето детство со семејството на неговата мајка во централно Чиле и никогаш не бил јасно признат од неговиот татко[6], а подоцна живеел со семејството Албано, кои биле трговски партнери на неговиот татко од Талка. На 15 години О'Хигинс бил испратен во Лима од страна на неговиот татко. Тој имал оддалечен однос со Амбросио, кој патем го издржувал финансиски и се грижел за неговото образование. Сепак двајцата никогаш не се сретнале во живо. Кога се родил неговиот син, Амбросио бил помлад воен службеник. Две години подоцна, Изабел се омажила за Дон Феликс Родригес, пријател на нејзиниот татко.[5] О'Хигинс го користел презимето на мајка му сè до смртта на неговиот татко во 1801.[4]

Таткото на Бернардо го продолжил своето напредување во професијата и станал Вицекрал на Перу. Кога имал 17 години Бернардо бил испратен во Лондон за да ги заврши студиите.[7] Таму студирал историја и уметност и се запознал со американските идеи за независност и развил чувство на национална гордост.[4] Тој се запознал со Франсиско де Миранда, венецуелски идеалист и поборник за независност,[8] и се приклучил на масонската ложа која била основана од Миранда, а била посветена на остварување на независноста на Латинска Америка.[4]

Во 1798 година О'Хигинс заминал за Шпанија од Велика Британија и неговото враќање во Америка било одложено од француските револуционерни војни. Неговиот татко умрел во 1801 година, и со тоа Бернардо се стекнал со големо парче земја, Хасиенда лас Кантерас, во близина на чилеанскиот град Лос Анхелес. О'Хигинс се вратил во Чиле во 1802 година, го презел презимето на неговиот татко и живеел како фармер.[9] Во 1806 година тој бил назнаен како член на кабилдо (совет) како претставник на Лаха.[4] Во 1808 Наполеон ја презел контролата на Шпанија, со што започнале серија настани во Јужна Америка. Во Чиле трговската и политичката елита одлучила да создаде автономна влада за да владее во име на затворениот шпански крал Фернандо VII. Ова е еден од првите чекори кон националната независност, во која О'Хигинс одиграл водечка улога.[4]

Независност на Чиле

уреди
 
Битката на Ел Робле.
 
Хосе Мигел Карера, противникот на О'Хугинс во Чиле.

На 18 септември 1810 година се приклучил на револтот против, во тој момент, Шпанија под француска контрола. Креолските водачи во Чиле не го поддржувале француското владеење со Шпанија и така била основана владина хунта во 1810 година, сè со цел возобновување на вистинскиот шпански престолонаследник.[9] Овој ден денес во Чиле се слави како Ден на независноста.[9] О'Хигинс бил близок пријател со Хуан Мартинес де Розас, стар пријател на неговиот татко и еден од порадикалните водачи.[10] О'Хигинс стоел цврсто на ставот дека треба да се создаде национален конгрес и тој бил избран како претставник на Лаха на првиот Национален конгрес на Чиле во 1811 година. Тензиите помеѓу монархистите и поборниците за независност, кои патем станувале сè побројни, продолжувале. О'Хигинс бил тогаш помлад член на фракциите за независност.[11]

Антикралскиот табор во Чиле бил длабоко поделен по линија на личности, политички верувања и географија (помеѓу ривални регионални групи на Сантјаго и Консепсион). Семејството Карера веќе ја зазела власта неколкупати во различни државни удари и биле поддржувале чилеански национализам, што било во спротивно со поширокиот латиноамерикански фокус на групацијата на ложата Лаутаро,[12] каде членувале О’Хигинс и Хосе де Сан Мартин.[13] Хосе Мигел Карера, најистакнатиот член на семејството, имал моќ во Сантјаго и поддржан од Де Розас. Како резултат на тоа, О’Хигинс се нашол во ситуација на политички и воен натпревал со Карера, иако на почетокот не бил ни приближно истакнат како Карера. Првично Де Розас му се спротивставил на О’Хигинс во 1812. Голем дел од раното воено познавање на О’Хигинс потекнувало од Хуан Макена, ирски имигрант и поранешен клиен на Амбросио[14] чии совети воглавно се базирале на употреба на коњаница.[11] Во 1813, кога шпанската влада ги направила првите обиди да го освои Чиле—испраќајќи експедиција предводена од Антонио Пареха—Карека, како поранешен национален водач и сега командир на армијата, бил недвосмислено најистакната личност.

О’Хигинс се наоѓал на неговиот посед во Лаха, откако се пензионирал од армијата претходната година поради лошо здравје. Додека бил таму ја примил веста за инвазијата. О’Хигинс мобилизирал месна милиција и кренал за Консепсион,[15] пред да се премести во Талка, кој се сретнал со Карера и кој требало да ја преземе командата на армијата.[16] Карера го испратил О’Хигинс да ги пресече Шпанците во Линарес. Тој забележал победа во Линарес и со тоа се стекнал со чин полковник. Неуспешната опсада на Чиле следела по тој настан, каде О’Хигинс извел храбра ама неспектакуларна изведба. Сепак за овој пораз го презел Карера и со тоа му ослабел угледот во очите на „хунтата“ во Сантјаго. О’Хигинс ја продолжил кампањата против монархистите . Во октомври, борејќи се во битката на Ел Робле, О’Хигинс презел делотворна команда во клучен момент и ја дал славната изјава:

Другари! Живејте со чест, или умрете со слава! Тој кој е храбар, следи ме![17]

Иако бил повреден, О'Хигинс продолжил да ги гони монархистите. „Хунтата“ во Сантјаго дала наредба командата на армијата да ја преземе О'Хигинс од Карера, кој пак го назначил Хиан Макена како командир. Карера подоцна бил заробен од страна на монархистите. Во негово отсуство во мај 1814 година О'Хигинс го поддржал договорот од Лиркај со кој се ветувало прекин на огнот. Веднаш штом го ослободиле Карера тој веднаш се спротивставил на О'Хигинс и договорот, и владата била соборена со преку државен удар во јули 1814 година и веднаш го избркале Мекена.

О'Хигинс го свртил вниманието кон Карера и нивните сили се сретнале во битката на Лас Трес Акекијас, каде братот на Карера, Луис Карера, му задал помал пораз на О'Хигинс. Понатамошниот конфликт бил одложен од веста дека монархистите одлучиле да го игнорираат договорот од Лиркај и се заканувале со опсада на Консепсион под водство на генерал Маријано Осорио. Карера и О'Хигинс одлучиле да се здружат со армиите и да се соочат со заедничката опасност.[18] Планот на Карера бил да ги привлече Шпанците кон Ангостура дел Паине, додека пак О'Хигинс сакал кон градот Ранкагва. Тие одлучиле за првата опција, но сепак во последен миг О'Хигинс ги преводел неговите сили во Ранкагва. Карера не му дошол на помош и силите на О'Хигинс биле опколени. По целодневни борби кај битката во Ранкагва, шпанскиот командир Маријано Осорио издвоил победа, но О'Хигинс успеал да избега со неговите луѓе. Како и Карера и другите патриоти така и О'Хигинс се повлекол во Аргентина. Тој останал во новосоздадената држава Аргентина 3 години.[19]

Наводи

уреди
  1. Julia Ortiz Griffin and William D. Griffin, Spain and Portugal: A Reference Guide from the Renaissance to the Present, p. 288
  2. „Bernardo O'Higgins Chilean head of state“. Britannica. Посетено на 5 февруари 2021.(англиски)
  3. „Bernardo O'Higgins“. New World Encyclopedia. Посетено на 5 февруари 2021.(англиски)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „O'Higgins, Bernardo“. Encyclopædia Britannica. 2008. Посетено на 13 October 2008.
  5. 5,0 5,1 „Biography of Bernardo O'Higgins of Chile“. gosouthamerica.about.com. Посетено на 20 August 2017.[мртва врска]
  6. Stephen Clissold, Bernardo O'Higgins and the Independence of Chile (1969).
  7.   „Ambrose Bernard O'Higgins“ . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  8. Vicuña Mackenna, pp. 46–53.
  9. 9,0 9,1 9,2 Hamre, Bonnie. "Bernardo O'Higgins" (2008) at About.com; accessed 20 October 2008.
  10. Archivo de don Bernardo O'Higgins, vol. I, p.114-119.
  11. 11,0 11,1 „Sepulveda, Alfredo > "Bernardo O'Higgins: The Rebel Son of a Viceroy"“. irlandeses.org. Посетено на 20 August 2017.
  12. GENERAL FRANCISCO DE MIRANDA FATHER OF REVOLUTIONARY MASONRY IN LATIN AMERICA Архивирано на 23 октомври 2009 г. by Carlos Antonio Martinez, Northern California Research Lodge
  13. San Martín, José de: Liberator of Argentina by Jason A. Vandiver
  14. Murray, Edmundo. „Juan Mackenna“. Dictionary of Irish Latin American Biography. Посетено на 15 October 2008.
  15. Amunátegui, p.93.
  16. Barros Arana, tomo IX, p.46-50.
  17. Barros Arana, tomo IX, p.188.
  18. Sepúlveda, Alfredo. Bernardo O'Higgins: The Rebel Son of a Victory, 1 October 2006. Society for Irish Latin American Studies (2006); accessed 24 October 2008.
  19. Ruiz, p. 228.

Литература

уреди
  • "O'Higgins, Bernardo", Encyclopædia Britannica. 2008. Encyclopædia Britannica Online; accessed 13 October 2008.
  • "Ambrose Bernard O'Higgins". Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.
  • Archivo de don Bernardo O'Higgins Santiago: Nascimento, 1946–, 36 v.
  • Arana, Diego Barros Historia General de Chile 16 vol. Santiago: Imprenta Cervantes.
  • Crow, John A.; The Epic of Latin America (Fourth Edition); University of California Press, 1992.
  • Harvey, Robert (2000). Liberators: Latin America's Struggle for Independence. New York: The Overlook Press. ISBN 1-58567-284-X.
  • Ruiz Moreno, Isidoro, Campañas militares argentinas. La política y la guerra (Buenos Aires: Emecé, 2005)
  • Valencia, Avaria Luis, O'Higgins, el buen genio de América (Santiago de Chile: Universitaria, 1980)

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
нема
Член на Владина хунта
1811
Наследник
нема
Претходник
Хосе Мигел Карера
Врховен директор на Чиле
1817–1823
Наследник
Рамон Фреире
Воени функции
Претходник
Хосе де Сан Мартин
Врховен командант на Чиле
1819–1823
Наследник
Рамон Фреире
Претходник
Хосе Мигел Карера
Врховен командант на Чиле
1813–1814
Наследник
Хосе Мигел Карера