Харц (округ Гетинген)

(Пренасочено од Харц (округ Остероде))

Харц (округ Гетинген) (германски: Harz (Landkreis Göttingen)) — слободна област во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Местоположбата на областа во округот Гетинген
Местоположбата на областа во округот Гетинген

Географија

уреди

Претставува втора најголема слободна област во Германија со површина од 267,35 км2 и е целосно ненаселена.

Иако таму нема пријавени жители, од административни причини ѝ е доделен управниот број 03 1 56 501 (Amtlicher Gemeindeschlüssel). Областа зафаќа големи делови од округот Гетинген и се наоѓа североисточно кон округот Гослар.

Управување

уреди

Управувањето на слободните области во окрузите Гетинген и Гослар, од кои 98% се покраински шуми, припаѓа на шумскиот округ Клаустал, кој исто така ги води матичните книги и е одговорен за безбедноста и редот во областа. Оваа особеност потекнува од рударската историја на Харц.[1]

Наводи

уреди
  1. „Landesforsten.de - Gemeindefreies Gebiet Harz“. Архивирано од изворникот на 2016-06-01. Посетено на 18 септември 2011.