Бадахос (покраина)
Бадахос (шпански: Provincia de Badajoz) — покаина во автономната заедница Екстремадура, западна Шпанија. Се граничи со покраините Касерес на север, Толедо, Сиудад Реал на исток, Кордоба на југоисток, Севиља и Уелва на југ, и Португалија на запад.
Бадахос Provincia de Badajoz | |
---|---|
Покраина | |
Бадахос во рамките на Шпанија | |
Земја | Шпанија |
Автономна заедница | Екстремадура |
Главен град | Бадахос |
Површина | |
• Вкупна | 21,766 км2 (8,404 ми2) |
Службен јазик | шпански |
Со површина од 21.766 км2, ова е најголемата покраина во Шпанија.[1] и е поретко населена од другите покраини.[2] Според пописот од 2010 г., населението брои 692.137 жители. Главен град е Бадахос.[2]
Историја
уредиПодрачјето на покраината уживало просперитет за време на Римското Царство кога Мерида била меѓу главните центри во Хиспанија. Со завршувањето на визиготскиот период и навлегувањето на Маврите, династијата Ибн ел-Афатас во Бадахос воспоставила значаен културен и научен центар. Многу од морепловците кои го освојувале Новиот Свет биле од оваа покраина.[2]
Географија и клима
уредиИако има повеќе делови на Бадахос со пониски ридски венци, површината е претежно пуста, со еднолични рамни или благо накосени предели. Најважна река е Гвадијана, која го пресекува северот на покраината во превец исток-запад и има голем број притоки; сепак, реката е полноводна само во некои делови од годината, па затоа често може да се преминува без пловило. Климата е континентална, со мошне топли лета и студени зими и силни западни и северозападни ветришта на рамнините. Растителноста е типично средоземна.[1]
Административна поделба
уредиПокраината е поделена на 134 општини. Покрај градот Бадахос, поважни населени места се Алмендралехо, Асуага, Дон Бенито, Херес де лос Кабаљерос, Мерида, Сафра, Монтихо и Виљануева де ла Серена. Има и традиционални окрузи (комарки) кои немаат административна улога: Ла Сиберија и Љанос де Оливенса. Главниот град Бадахос е Најважен стопански и трговски центар во покраината.[2]
Посетителски знаменитости
уредиНајважни стопански гранки во Бадахос се туризмот и земјоделството.[2] Најпосетувани места се градот Бадахос со тврдината, Фрехенал де ла Сиера, Херес де лос Кабаљерос, Љерена, Мерида, Оливенса, Аланхе, Албуркерке и Алмендралехо. Месната кујна е позната по јадења како див зајак, еребица и разни свински производи.
Значајни знаменитости во Мерида се римскиот театар, Националниот музеј на римска уметност и тврдината (алкасаба). Во Бадахос, од значење се градската тврдина и споменикот на Ибн Мерван[1].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Туризам во Бадахос (покраина)“. Влада на Шпанија. Посетено на 14 September 2014. (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Водич низ Бадахос. Што да правите и видите во Бадахос“. Euroresidentes. Посетено на 14 September 2014. (англиски)
Надворешни врски
уреди„Бадахос (покраина)“ на Ризницата ? |
- Управа на Бадахос (шпански)