Гвадијана

река во Шпанија и Португалија
37°10′12″N 7°23′37″W / 37.17000° СГШ; 7.39361° ЗГД / 37.17000; -7.39361

Гвадијана (шпански и португалски: Guadiana) или Одијанарека во Шпанија и пограничните делови на Португалија што ги двои Екстремадура и Андалусија (Шпанија) од Алентежо и Алгарве (Португалија). Сливот се протега од источниот дел на Екстремадура до јужните краишта на регионот Алгарве и зафаќа површина од 68.000 км2. Реката тече од исток кон запад, па јужно кај пограничните места Вила Реал де Санто Антонио (Португалија) и Ајамонте (Шпанија), па се влева во Кадискиот Залив. Со течение долго 829 км, ова е четврта река по должина на Пиринејскиот Полуостров.

Гвадијана
Rio Guadiana
Река
Гвадијана кај Серпа, Португалија
Потекло на името: изведенка од арапскиот поим Вади Ана, со значење „Река Ана“
Земји Португалија, Шпанија
Притоки
 - леви Горна Гвадијана, Азуер, Хабалон,
Зухар, Матачел, Адрила, Чанса
 - десни Сигвела / Занкара, Булјаке,
Естена, Дегебе, Рибеира до Васкао
Извор Охос дел Гвадијана
 - место Вилјарубија де лос Охос, Кастиља–Ла Манча, Шпанија
 - височина 608 м
 - координати 39°7′36″N 3°43′36″W / 39.12667° СГШ; 3.72667° ЗГД / 39.12667; -3.72667
Утока Кадиски Залив
 - местоположба Вила Реал де Санто Антонио, Алгарве, Португалија
 - височина м
 - координати 37°10′12″N 7°23′37″W / 37.17000° СГШ; 7.39361° ЗГД / 37.17000; -7.39361
Должина 818 км
Ширина 550 км
Длабочина 17 м
Слив 67.733 км2
Истек
 - просечен 600 м3
 - максимален 1.500 м3
 - минимален 20 м3
Сливот на Гвадијана
Сливот на Гвадијана
Сливот на Гвадијана

Потекло на поимот

уреди

Римјаните реката ја нарекувале Анас (Anas, од лат Flumen Anas = „Паткина Река“). За време на Маврите, реката го носела сличното име „Вади Ана“ (од арапски вади = „река“, што значи „Река Ана“), што останало кај Португалците и Шпанците како „Уадијана“ и подоцна преминало во Одијана. Почнувајќи од XVI век, под влијание на кастиљскиот јазик, реката постепено го добила името „Гвадијана“, што претставува кастиљанизација на арапскиот збор за река од „вад-“ во „гвад-“ (како кај реките Гвадалкивир, Гвадалете, Гвадалахара и Гвадарама).

Слив и течение

уреди

Реката е долга 818 км, од кои 578 км се на шпанска, а 140 км на португалска територија. Од нив, 100 км се заеднички (во погреаничните делови). Околу 82% од сливот е во Шпанија, а 17% во Португалија.

Гвадијана извира во Кастиља-Ла Манча и минува низ Јужноибериската Рамница во западен правец кај градот Бадахос, а потоа свртува на југ и завршува во Кадискиот Залив. Течејќи во јужен правец, реката двапати оди долж границата помеѓу двете земји: прво помеѓу реката Каја и клусурата Кункос, а подоцна од реката Чанса, па сè до устието.

Екосистемот има средоземни хидролошки особености како големи разлики во полноводноста во месеците и од година во година, обилни поплави и големи суши. Оваа променливост се должи на значајните разлики во количината на врнежи, кои имаат просечна средна вредност од 400-600 мм.[1] Климата е полусува, со просечна годишна температура од 14-16 °C.[2]

Естуар

уреди
 
Устието на Гвадијана. Лево е Португалија, а десно е Шпанија.

Реката завршува во Кадискиот Залив помеѓу Ајамонте и Вила Реал де Санто Антонио, во туристичките краеви во Алгарве и крајбрежјето на Андалусија. Тука образува соленобарски естуар и мочуриште. Естуарот има максимална ширина од 550 м и е длабок од 5 до 17 м. Плимата и осеката се полудневни, во опсег од 0,8 до 3,5 м;. Во долниот дел на естуарот има природни резервати што зафаќаат вкупно 2.089 ха. Ова се „Мочуриште Исла Кристина“ во Шпанија и „Мочуриште Кастро Марим и Вила Реал де Санто Антонио“ во Португалија.

Населени места по течението

уреди

Во Шпанија, реката минува низ три автономни заедници: Кастиља-Ла Манча, Екстремадура и Андалусија) (поточно, низ покраините Сиудад Реал, Бадахос, Уелва и малку од Албасете). Во Португалија пак, Гвадијана минува низ регионите Алентежо и Алгарве, како и окрузите Порталегре, Евроа, Бежа и Фаро.

Реката е пловна до Мертола (растојание од 68 км). Во сливот се изградени повеќе од триесет брани,[3] од кои најголема е Алкева во општината Мора, регион Бежа. Со оваа брана е добиено најголемата хидроакумулација во Западна Европа (површина 250 км2 и водна зафатнина од 4.150 хм3.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
Белешки
  1. Chicharro, et al., 2007, стр. 109
  2. M.M. Aldaya & M.R. Llamas, 2009, стр. 8
  3. Брани во сливот на Гвадијана (англиски)
Извори
  • Díaz-Pintado Carretón, José (1997). D.L. Soubriet (уред.). The Guadiana Controversy: History and Legend of the Upper Guadiana River. Ciudad Real, Spain: Argamasilla de Alba. ISBN 84-922069-9-3.
  • Alonso, A. Cabo (1990). „Guadiana“. Madrid: Railp. Посетено на 2 јули 2010.
  • Chícharo, Luis; Chícharo, Alexandra; Ben-Hamadou, Radhouane; Morais, Pedro (2007). „The Guadiana Estuary“. Во Caroline King (уред.). Water and Ecosystems: Managing Water in Diverse Ecosystems to Ensure Human Well-being (PDF). Hamilton, Ontario: The United Nations University. стр. 108–117. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-12. Посетено на 2013-08-19.
  • Aldaya, Maite M.; Llamas, M. Ramón (2008). „Water Footprint Analysis for the Guadiana River Basin“. Papeles de água Virtual (PDF). 3. Madrid, Spain: Fundación Marcelino Botín, Realigraf, S.A. ISBN 978-84-96655-23-2. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-03. Посетено на 2013-08-19.
  • García, Cristóbal García (2003). „Results overview for the Guadiana River Basin (Spain)“. WWF Water and Wetland Index – Critical issues in water policy across Europe (PDF). Madrid, Spain: WWF (World Wildlife Fund) Spain.
  • Aldaya, M.M.; Llamas, M.R. (2009). „Water footprint analysis (hydrologic and economic) of the Guadiana river“. Report to the U.N. World Water Development Report No. 3 to be presented during the 5th World Water Forum (PDF). Istanbul, Turkey. стр. 1–77.

Надворешни врски

уреди