Сафра (град)

град во Бадахос, Шпанија

Сафра — град сместен во покраината Бадахос (Екстремадура, Шпанија), и главниот град на округот, Сафра - Рио Бодион. Градот има населени од 16.677,[1] според пописот од 2011 година.

Сафра
Замокот во Сафра
Замокот во Сафра
Знаме на Сафра
Сафра is located in Шпанија
Сафра
Сафра
Местоположба во Шпанија.
Координати: 38°25′N 6°25′W / 38.417° СГШ; 6.417° ЗГД / 38.417; -6.417
ДржаваШпанија
Автономна заедницаЕкстремадура
ПокраинаБадахос
ОкругСафра - Рио Бодион
Управа
 • ГрадоначалникГлорија Понс Форнелино
Површина
 • Вкупна62,6 км2 (242 ми2)
Надм. вис.&10000000000000508000000508 м
Население (2009)
 • Вкупно16,677
 • Густина270/км2 (700/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоМатична страница

Сафра е родниот град на Реј Лопес де Сегура, автор на едно од првите европски записи за шахот, и хуманистот Педро де Валенсија.

Историја

уреди

Траги на постојано човекова населеност се забележани уште од најраната антика. Во планините "El Castellar" постојат пештери во кои има исцртано пиктограми. Исто така има и тврдина со потекло од бронзената доба ископина во близина на капелата Белен.

Римски период

уреди

Сафра е поврзувана со имињата од римскиот период Реститута Јулија Империјал,[2] Контрибута Јулија Угултунија,[3] и Сегида Реститута Јулија,[3] иако истово важи и за другите градови во близината.[4] Името Контрибута Јулија се појавува на карта од 1849 година[5] на римска Хиспанија (во југозападот на Шпанија, во областа наречена Бајтурија) заедно со името Регина (денес поврзно со рушевините на малиот римски град со истото име[6]), што укажува на географската поврзаност на имињата Контрибута Јулија со Сафра. Други извори, сепак, ја поврзуваат со името Сегида Реститута Јулија.[7][8] Други пак, важни извори ниту едно од римските имиња не го поврзуваат со Сафра.[9] Во областа во близина на Сафра можат да се најдат остатоци од околу 20 стари римски вили.[10] Овие и поврзаноста со името Реститута Јулија и преселбата од легендарната Сегеда,[11] може да се поврзат со потеклото на градот.

Под маварско владение

уреди

Значаен факт е дека Сафра е сместена меѓу Бадахос и Севиља, главниот град на покраината Бетика.

 
Поглед на Сафра

Во средновековието, Зара била сместена на границата која ги делела владенијата на Севиља и Бадахос, и во 1030 година било изградено одбранбено утврдување во Castellar Mountains. Оваа тврдина била именувана Саџра Аби Хасан според маварскиот географ Абу Абдула ел-Бакри во 1094 година. Арапите го именувале градот Сафра или Кафра, од каде и потекнува денешното име.

Реконкиста

уреди

За време на реконкистата, Сафра била двапати освојувана од христијанските сили, првпат во 1229 година од Алфонзо IX, и по вторпат од Фернандо III, во кампања која се одвивала територијата на денешната Екстремадура опишана во „Општата историја на Шпанија“ на Алфонзо X.

Сепак, најзначајната промена биал доделувањето на градот од страна на Енрике III Кастиљски на Гомес Суарез де Фигуероа, кој до тој момент бил слуга на кралицата и Големиот господар на Редот Сантјаго. Гомесовиот син и вториот носител на титулата, Лоренцо Суарез де Фигуероа, започнал да ја прави Сафра центар на владението Ферија. Тој започнал да гради ѕид со двојна намена за одбрана и контрола на соседите, трговците, и патниците. Изградбата траела од 1426 до 1449 (или 1442) година. Исто така во 1437 година тој наредил да се изгради една од најзначајните згради во градот, Ел Алказар, каде ќе биде неговата резиденција. Дополнително, тој ја финансирал болницата Сантјаго и го доградил манастирот на Клара од Света Марија Долинска , кој ќе се користи како мавзолеј на неговото семејство. Во 1460 година, Енрике IV Кастиљски и областа ја издигнал на статус округ, и во своето владение ги вклучил и селата Халконер и Ла Морена.

Од XVI век па натаму

уреди

Во XVI и XVII век градот се осовременил, приимер за тоа е преобразбата на Алказар во палата во австриски стил, и била изградена уште една црква. Сето ова било започнато кога петтиот војвода добил нова повисока титула војвода и гранд во 1567 година, за придонесите кон државата под владение на кралот Филип II.

Во XVII век, војводството Ферија било обединето со маркиството Приего, и во XVIII век била обединета со Војводството Мединасели.

Денес

уреди

Сафра отсекогаш била индустрики и трговски град, опслужувајчиги месните области кои биле претежно земјоделски. Трговските традиции се панаѓурите кои се слават во чест на Јован Крстител од 1395 година и на Свети Михаил од 1453 година.

Меѓународни односи

уреди

Празнувања

уреди
  • Меѓународен псточарски панаѓур, кој се одржува во последната недела во септември и првата недела од октомври.
  • Огнена Месечина, славена од втората до последната недела во јуни, кој се поклопува со прославата на Јован Крстител
  • Велигден, според црковниот календар.
  • Карневал. Го вклучува панаѓурот на маста, каде бројни производи од свинско месо се дегустираат на плоштадите.
  • Свети Исидор, кој се одржува во неделата најблиску до 15 мај.
  • Поворката на нашата дама Девицата Беленска, која се одвива во неделата која следи по неделата на воскресението.

Збратимени градови

уреди

Сафра е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Zafra (Badajoz)“. City Population. Thomas Brinkhoff. 2012-12-18. Посетено на 1 November 2013.
  2. Qué Hacer | (switch to English) | Vía de la Plata (The Silver Route) | stage 3 Архивирано на 7 август 2011 г. at TurismoExtremadura.com.
  3. 3,0 3,1 Badajoz (search for: 'Zafra') at El Archivo Epigráfico de Hispania | Bases de datos y Archivo Virtual | Geographica (on map, click on: 'Badajoz').
  4. Comarca de Zafra / Rio Bodión | La Comarca - Sus Municipios Архивирано на 3 октомври 2011 г..
  5. Hispania from Perry-Castañeda Library Map Collection | Spain Maps | Hispania (Ancient Spain).
  6. Wikimapia location: ruins of Regina Roman town.
  7. Atlas de la Historia del Territorio de Andalucía Архивирано на 16 септември 2011 г..
  8. 'LA MUNICIPALIZACIÓN FLAVIA: ESTADO DE LA CUESTIÓN' (search for: 'Zafra') from 'LOS MUNICIPIOS FLAVIOS DE LA BÉTICA' by EVA Mª MORALES RODRÍGUEZ. Tesis Doctoral dirigida por Dr. Cristóbal González Román, DEPARTAMENTO DE HISTORIA, ANTIGUA FACULTAD DE FILOSOFIA Y LETRAS, UNIVERSIDAD DE GRANADA, Granada, 2000.
  9. BARRINGTON ATLAS OF THE GREEK AND ROMAN WORLD, Gazeteer, page 430, Map 26 Lusitania-Baetica, Compiled by R.C. Knapp and F.H. Stanley, Jr. (Portugal), 1996, in file BATL026_.PDF in B_ATLAS.ZIP Архивирано на 7 мај 2013 г. from Princeton University Press | Subjects | Browse Princeton Catalog by Subject | Archaeology and Ancient History | Archaeology and Ancient History | Barrington Atlas of the Greek and Roman World. R.J.A. Talbert, ed. Архивирано на 26 март 2012 г. | Barrington Atlas of the Greek and Roman World, Edited by Richard J. A. Talbert | Map-by-Map Directory.
  10. LOS ROMANOS EN ZAFRA. ¿SEGEDA? (search for: 'villae'), from ZAFRA - LA SEGEDA DE LA BETURIA CÉLTICA.
  11. Segeda and Rome. The historical development of a Celtiberian citystate. (page 11, section: 'A Segedan colonisation in the Celtic Baeturia') by Francisco Burillo Mozota, Centro de Estudios Celtibéricos de Segeda, Seminario de Arqueología y Etnología Turolense, Facultad de Humanidades y Ciencias Sociales de Teruel.

Надворешни врски

уреди