Тема Солун (грчки: θέμα Θεσσαλονίκης) била воено-цивилна провинција (тема) на Римската Империја поставена на јужниот Балкан, составувајќи различни делови од јужна Македонија со средиште во Солун, вториот град по важност на Империјата[1].

Тема Солун
Θεσσαλονίκη, θέμα Θεσσαλονίκης
Тема на Римската Империја
800-ти–1204
1242–1392
Местоположба на Солун
Местоположба на Солун
Карта на ромејскиот јужен Балкан, 900 н.е., со темите и поголемите населби.
Главен град Солун
Историски период Среден век
 -  Основана 809
 -  Четврта крстоносна војна 1204
 -  Преосвојување од Никејската Империја 1242
 -  Освоена од Османлиите 1392
Денес во  Грција
солиди на Михаил II и Теофил

Историја уреди

Во Доцната антика, Солун бил главен град на Провинцијата Македонија и на Диецезата Македонија, и седиштето на Преторијанскata префектura Илирик. Со загубата на поголемиот дел од балканските територии поради словенските упади во VI и VII век, моќта на префектот (на грчки „епарх“) главно се сведувала на градот со неговата непосредна околина. Епархот продолжил да владее со Солун сè до почетокот на IX век, кога бил заменет со стратег. Од Солун, вториот по големина град во Империјата, била создадена посебна тема. Стратегот на Солун за прв пат се споменува во 836 година, но писмото на императорот Михаил II (820-829) до кралoт Франките, Лудвиг Побожниот (814-840) укажува на постоење на темата на Солун уште во 824 година. Историчарот Ворен Тераголд го датира создавањето на темата околу 809 година за време на антисловенската кампања на императорот Никифор I (802-811), кој го проширил римското владеење во оваа област. Тераголд ги проценил трупите на Солун во 9 век на околу 2.000 луѓе. На исток, темата била проширена на реката Стримон и истоимената тема. На југ се граничи со темата Елада некаде во северна Тесалија. Нејзините западни и северни граници биле недефинирани и честопати променливи како резултат на римско-словенските војни[2]. За време на владеењето на Јован I Цимискиј (969-976), професионалните тематски трупи биле стационирани во Солун. Во XI век, Солунскиот дукат/катепанат бил од големо значење. Градот Солун и поголемиот дел од Македонија го освоиле Латините во Четврта крстоносна војна. Во Солун било формирано кралство, кое постоело до 1224 година, кога било присоединето кон Епирско Деспотство. Темата била обновена во 1246 година, кога голем дел од Македонија била присоединета кон Никејската Империја. Темата Солун преживеала сè до падот на Турците во 1392 година. Сепак, дотогаш, таа била сведена на градот само со непосредната околина. Солун бил дошол во рацете на Империјата 1402 година, кога бил престолнина на Деспотството. Турците го опсадиле градот во 1422 година. Султанот Мурат I сакал да ги казни Палеолозите за учество во граѓанската војна против Отоманската Империја[3]. Во 1423 година, римскиот деспот Андроник II Палеолог го предал градот на Венецијанската Република, која ја презела одбраната на градот. Во истата година (1422), Цариград бил опсаден од турските војски. Меѓутоа, со поддршка на Папата и Западните земји кои му испратиле оружје, Цариград успеал да ја одбие опсадата. Блокадата на Солун траела до 1430 година. Венецијанците скапо ја платиле одбраната на градот. По освојувањето во 1430 година, градот бил целосно опљачкан.[4]

Наводи уреди

Извори уреди

  • Nesbitt, John W.; Oikonomides, Nicolas, уред. (1991). Catalogue of Byzantine Seals at Dumbarton Oaks and in the Fogg Museum of Art, Volume 1: Italy, North of the Balkans, North of the Black Sea. Washington, District of Columbia: Dumbarton Oaks Research Library and Collection. ISBN 0-88402-194-7.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Pertusi, A. (1952). Constantino Porfirogenito: De Thematibus (италијански). Рим, Италија: Biblioteca Apostolica Vaticana.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Treadgold, Warren T. (1995). Byzantium and Its Army, 284–1081. Стенфорд, Калифорнија: Stanford University Press. ISBN 0-8047-3163-2.CS1-одржување: ref=harv (link)