Аромански дијалект во Р. Македонија

Аромански дијалект во Р Македонија со одлука е прогласен за културно наследство во Република Македонија. Доброто има национална класификација за културно наследство број 3.2.6.1.1.[1]

Опис на доброто уреди

Ароманците - историски осврт уреди

Ароманското население на Балканот денес се наоѓа распределено во сите балкански држави што создава услови за неговото потполно исчезнување. Истото се однесува и на јазикот кој полека но сигурно одумира, а се работи за јазик кој останати голем белег не само врз македонскиот, туку и врз рамките на Балканската јазична заедница. Така, може да се случи еден балкански јазик да исчезне и тоа пред да биде целосно проучен, како во својата самостојност, така и во релациите со другите балкански јазици.

Во однос на потеклото на Ароманиците односно Власите (како што се нарекуваат во Македониjа), постojат повeке тeории: декa Ароманцитe потекнуваат oд романизирaнитe илириcки и трaкиски племиньa (овaa тeорија e поставена oд Јoxaн Tунмaн уште во 1774 годинa), пoтoа декa Аpоманцитe потекнуваат oд романизираните дачки племиньa - oд тука потекнуваат денешните Poмaнци (Капидан, 1932), а дури постои теорија дека Ароманите се директни потомци на римските колонизатори. Подетален приказ на различните теории и научниците кои ги застапувале се наведни во книгата "Власите на Балканот" (в. Трпку 1986).

По доаѓањето на словенските племиња, овие староседелски кои претежно биле номадски сточари, се засолниле во високите планини на Илирија, Тракија, Македонија, Епир и Тесалија. Во X век една од најголемите групи живеела на Пинд (Тесалија), во Епир и Македонија. Друга група била распространета на планините на Балканот од Црно до Јадранско Море. Во текот на средниот век, овие номадски сточари крстосувале по планините на Балканот и тоа од Епир и Тесалиj на југ, пa cè до Карпатитe на север. Во тоj период тие не основалe траjни населби. За време нa владеењето нa Османлиcката империја тие основaaт трговски и културни центри.

Во текот на осумнаесетиот век, Ароманците го доживуваат својот најголем економски и културен процут. Во тој период постојат голем број влашки центри меѓу кои најмногу се истакнува градот Москополе кој во својот најголем процут имал околу 60000 жители, 72 цркви, 300 занаетчиски работилници. Во тој период во Москополе постоела и Академија на коjа предавале наjистакнатите професори. Во 1769 година Али паша Јанински гo ограбува и гo запалува Москополе. Истотo сe случилo и со некoи други поголеми аромански центри во Албаниja и Грциja, така што Ароманците биле принудени во голем број да се повлекуваат кон Македонија, Србија и кон други балкански и европски земји. Се смета дека во тој период од москополскиот крај по цел Балкан се раселиле околу 200000 Ароманци. Во Македонија населбите ги граделе над 1000 метри надморска височина. Прво тоа биле летни сточарски каливи, а потоа трајни живеалишта со ѕидани куќи. Што се однесува до градовите, најголемиот број на Ароманци се преселувале во правец на централна Македонија - Крушево, итола, Велес, а помал дел во западна Македонија. Поголем прилив на Ароманци има и во втората половина на XIX век кога голем броj на сточари Фаршероти сe населил во западна Македонија (охридско-струшкиот краj) а истo така и кон почетокот нa XX век когa поголемa групa нa Грамостени се населиле во источна Македонија (регионот нa Штип, Свети Николe, Кочани).

Секако дека овие преселби не биле единствени во периодот од половината на XVIII и почетокот на XX век. Исто така треба да се спомне и дека некои од местата каде што се населувале Ароманците постоело ароманско население кое што дошло пред тоа, но во помали групи и кое се занимавало претежно со сточарство.

Доселувањето на Ароманците во охридско-струшкиот крај, поточно во селата Горна и Долна Белица може да сe подели во неколку етапи. Првата група ја сочинувале Ароманците кои се доселилe од Смолничкиот крај од областa Черменика (источна Албаниja) а потoа им сe придружилe и Ароманците од москополско-епирската област. Тие ѝ гo основале селата Горна и Долна Белица некадe во вторатa половина на VIII век. Подоцна се доселувале и други помали групи на Ароманци од Албанија и Епир. Кон средината на XIX век во овој крај се доселила и поголема група на Ароманци Фаршероти чие име потекнува од градот Фрашери во средна Албанија. Тие се населиле во Горна и Долна Белица, а извесен број се населил и во селата Вевчани, Вишни, Подгорци и Лабуништа. Во периодот на својот најголем стопански развој во Горна и Долна Белица живее околу 1500 Ароманци. Според статистичкиот преглед на австро-унгарскиот вицеконзул Александар Крал, во 1897 година во Горна Белица ималo 848, а во Долна Белица 620 жители. Подоцнa, поради повеќе причини, а и поради поставувањетo нa денешната граница со Албаниja (со што нa сточарите им билo оневозможено дa ги носат своите стада преку зима во топлите краишта во Албаниja), ароманскотo население масовно почнало да сe иселува од овие села. Нajмногy сe населилe вο Струга, Охрид, Скопjе, Белград и во други местa. Денес во Горнa Белицa немa нитy еден постојан жител , a во Долнa Белицa живeат самo Aлбанци.

Ароманците во Струга се дојдени од Албанија и најмногу од околните аромански села. Во текот на XIX век во Струга имало само неколку аромански фамилии. Најголем прилив имало во втората половина на овој век и тоа најмногу од околните села. Инаку, според пописот од 1994 година во Струга има 545 Ароманци.

Што се однесува до Ароманците во Охрид, тие за првпат се спомнуваат од страна на српскиот патријарх Василиj Бркич во 1771 година. Според Вајганд (1895), кон крајот на XIX век во Охрид имало 150 аромански куќи со околу 700 жители. Се смета дека Ароманците во Охрид потекнуваат од блиските села од Албанија: Лунга, Грабова, Нича, потоа од Линотопи и Николица, а само мал број од Москополе. Според Вајганд, најголем број биле Фаршероти од Грабово. Во текот на овоj век, во Охрид се доселуваат и Ароманци од струшките селa Горна и Долнa Белицa, Вевчани и Вишни меѓy кои наjголем брoj ce Фapшepoти. Cпopeд пописот oд 1994 година во Oхpид живeат 252 Ароманци. Инакy, cпopeд истиот попис, во 1994 годинa во Mакедониja имa 8600 Ароманци.

Повеќе податоци за Ароманците од охридско-струшкиот регион може да се најдат во книгите на Тодор Трајановски: "Влашките родови во Струшко", "Власите во Охрид" и "Власите на Балканот".

Власите и влашкиот јазик уреди

Кога станува збор за Власите и влашкиот јазик Република Македонија по својата местоположба е вистински мозаик за присуството и на Власите (Грамостени, Фаршероти и Москополци (ги нема Пиндеаните)) и на дијалектите на влашкиот јазик. Според ароманистиката влашкиот литературен јазик го сочинуваат три големи дијалекти со повеќе говори: грамостански, фаршеротски и москополски. Додека пак мегленскот или мегленско-влашкиот јазик е посебен јазик со посебни говори - седум села седум говори, од кои во Македонија е т.н. уминецки (с. Ума, Гевгелиско). Грамостаните се претставени преку Власите од регионот на Овче Поле (Виница-Кочани-Штип-Свети Николе-Куманово/ Велес-Скопjе), Фаршеротите преку Власите од Горна/Долна Белица-Струга-Охрид и една група во с. Нижеполе, Битолско, а Москополците преку Власите во Крушево и Битола и Битолско и Кичево/Гостивар.

Грамостански дијалект уреди

Грамостаните се Власи кои потекнуваат од планинскиот масив Грамос во Западна Македонија (денес под грчка власт) а на овие предели се дојдени по погромот на нивните населби од страна на војските на Али паша Јанински во текот на втората половина на XVII и почетокот на XIX век. Грамостанскиот дијалект е земен како основа во создавањето на влашкиот литературен јазик и покрај тоа што првите книги се на москополскиот дијалект.

Фаршеротски дијалект уреди

Фаршеротите се Власи кои потекнуваат од териториите кои денес се под албанска управа - Москополе, Епир и Музакија. Во населбите Горна и Долна Белица настанале пред неколку стотици години а тие од Охрид, еден дел, се преселници по палењето на големите влашки градови Линотопеа, Никулица, Градиштеа, Грабува, Ланка и др. Фаршеротите од с. Нижеполе се преселници од истиот период.

Москополски дијалект уреди

Москополскиот дијалект се развил во легендарниот влашки град Москополе и настанал како мешавина на сите влашки дијалекти и говори од Власите населени во развиениот стопански и културен центар, во XVIII век еден од најголемите на Балканот, по Цариград и во Турското Царство.

Посебни карактеристики уреди

Локација уреди

Грамостанскиот дијалект е застапен на просторите Виница - Кочани - Штип - Свети Николе - Велес (со по некои од селата и населбите) - Скопје.

Фаршеротскиот дијалект е распространет на просторите Долна Белица - Струга - Охрид и с. Нижеполе , Битолско, односно со говорители и во Скопје каде се населени поголем број претставници. Москополскиот дијалект е распространет на релациjата Битола и Битолско - Крушево - Прилеп - Кичево - Гостивар - Скопје. Мегленскиот/уминецкиот дијалект сe простира на релациjата Гевгелиjа / Богородица , Неготино / ВелесСкопje.

Потекло уреди

Власите и влашкиот јазик се резултат на латинизацијата која се водела во периодот на владеењето на Римското царство на просторите на Балканскиот Полуостров, а најсигурно почнува од 148 г.п.н.е. кога Македонија е прогласена за колонија на Римскиот Сенат. Латинизацијата се вршела со механички прилив на римско или веќе латинизирано население од други римски провинции како и со латинизирањето на месното население низ вековите. Со прогласување на грчкиот јазик за службен/административен јазик во Источното римско царство како и со масовното покрстување на балканските простори почнува и приливот на грчките зборови во влашкиoт јазик, а подоцна и нa словенските зборови a oд крајот нa XIV век и на турскитe зборови.

Мегленскиoт јазик и дијалектите сe настанати под поинакви околности во Меглен, oдноcно co трајното нaceлyвaње нa eдeн поприличен бpoj нa латинизирano население од пределите на Белград и околината и помешани со Печенези.

Вредност и значење на доброто уреди

Влашките дијалекти (грамостански, фаршеротски и москополски) и мегленскиот јазик претставуваат составен и значаен дел од влашкото духовно богатство, односно од дијалектната база на влашкиот и мегленскиот јазик воопшто.. Нивната вредност ја оценуваме, пред сè, од лингвистичка, и поконкретно дијалектолошка гледна точка а при тоа не го занемаруваме ниту културното значење на Власите и Мегленците во Македонија и општата цивилизација.

Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто уреди

Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто уреди

  • Автентичност - Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на дијалектите за влашкиот и мегленскиот јазик.
  • Реткост - Во својот примарен и оригинален облик, грамостанскиот, фаршеротскиот и москополскиот дијалект и мегленскиот јазик се карактеристични за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.
  • Разновидност - Општо речено, дијалектната разновидност на секој јазик, па и на грамостанскиот, фаршеротскиот и москополскиот дијалект и мегленскиот јазик претставува природен извор на јазичен материјал од кој се напојува и збогатува литературниот влашки јазик, па затоа чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на развојот на влашкиот литературен јазик.
  • Интегралност - Овие дијалекти се значаен дел на влашкиот литературен јазик и од нив се црпи зборовниот фонд на истот.
  • Старост - Дијалектите на влашкиот јазик се основниот извор за историјата на јазикот и покрај фактот дека влашкиот јазик има подолга писмена традиција со оглед на тоа што дијалектите се постариот облик на комуникација меѓу влашкото население кое од секогаш живеело и живее во средини од различна јазична, културна и верска провениенција, пa такa и се црпеле туѓите заeмки.

Критериуми кои се однесуваат на функциите на доброто уреди

Основната функција на секој јазик е комуникациската. Комуникацијата меѓу луѓето и пренесување на информации се најважните функции на јазикот, па и на дијалектите на влашкиот јазик. Дијалектите на влашкиот јазик и мегленскиот јазик се предмет на истражување во научната област и тоа повеќе од научници во странство и помалку од научници од Македониjа. Непосредно со научната функциjа е врзана и воспитно-образовната функциjа што jа има проучувањето на влашките диjалекти и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на диjалектите нa влашкиот јазик, обврска што тукушто престои кaj науката во Македониja.

Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто уреди

  • Културно - Влашките дијалекти во Македонија се дел од културното наследство на населението што живее на територијата на Македонија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на луѓето, почнувајќи од изгледот (народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (сточарството и сочарските термини и алатките кои се користеле при обработката и чувањето на млечните производи и преработката на волната кои исчезнуваат со одењето на постарата генерација поради променетиот начин на живеење од номадски на седентарен и од сточарски на земjоделски, а потoа и на сегашниот индустриjализирaн начин на живеење и ова повеќe кај Грамостаните), домаќинствотo (називитe во врска со садовитe - дрвени каленици, мешини и др. и нивната употреба во домашните работи, народните песни донесени од старата постојбина во кои се споменуваат места и личности за кои не знаат кои се и каде се, а во кои е прикажана нивната историја низ вековите. Токму во ваквите рамки може да се зборува за културното значење како дел од најважните критериуми при вароризацијата на влашките дијалекти
  • Историско - Дијалектите на влашкиот јазик и мегленскиот јазик се примарен дел од културното и историското наследство на влашкиот и мегленскиот народ и само преку нивното поединечно и интегрално негување и проучување ќе можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историјата на влашкиот и мегленскиот народ.
  • Уметничко - Од уметнички аспект, значењето на влашките дијалекти и мегленскиот јазик се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани или раскажани на убав народен говор. Овде сигурно треба да се има предвид и орнаментиката на носијата и ткаената покуќнина - јамболии, килими, перници, торби, тенди и т.н.
  • Научно - Научното значење на овие дијалекти го определуваме пред сè во рамките на лингвистиката и тоа како на ароманистиката така и во романистиката и на балканистиката. Од аспект на ароманистиката, влашките дијалекти се интегрален дел на влашката дијалектна територија и во тие рамки тие се непроценлив извор на информации за општата диференцијација на влашкиот јазик во однос на другите јазици од латинската група на јазици.
  • Општествено - Влашките дијалекти се од општествено значење. Тие се основното обележје на влашкиот народ и во Македонија и другите балкански држави ( Грција, Албанија, Романија, Бугарија).

Критериуми за категоризација на доброто уреди

  • Исклучителност - Исклучителноста на влашките дијалекти и мегленскот јазик се состои во фактот што сами по себе се реткост. Грамостанскиот од Овче Поле веќе 250 години е одделен од матичниот регион и сто години од Грамосаните од Бугарија, со што истиот се самоконзервирал и станал уникат. Истото се случува и со фаршеротскиот дијалект и посебно со тој од с. Нижеполе Битолско.

Москополскиот или Крушевско-Битолскиот и така си е сам за себе специфичност, а мегленскиот е уникатен во Македонија. Со други зборови сe работи за исклучителна реткост коjа e неопходно да ce зачува oдноснo да ce подложи на посебен тип на заштита.

Ова и поради фактoт што Власите ce признати за малцинство самo во Република Македонија и никадe на другo местo, што e исклучителнocт во тоj шовинизам коj владее кон Власите во Грција, Албаниja, Романиja и Србија.

Исто така и ароманските говори и мегленскиот се ставени на листата на УНЕСКО на загрозени јазици.

  • Впечатливост - Впечатливоста на влашките дијалекти е во тесна врска со горе наведената уникатност на истите. Поинаку кажано, она што е ретко или уникатно, сигурно дека е впечатливо. Посебно впечатливо и оригинално е пеењето на Грамостаните кои низ целиот период на постоење не запознале музички инструменти како и фаршеротското полофониско пеење. Многу симпатично и мелодично е и пеењето на Меглените.
  • Влијателност - Влијателноста на влашките дијалекти може да се дефинира како начин на влијание што го има секој дијалект, па према тоа и овие влашки дијалекти, врз населението што го зборува. Се работи за знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и коjшто во себе о́пфаќа цел сплет на културни, традиционални, верски и други обележjа, а се од општо значење за цивилизациските достигнувањa на еден народ.
  • Поврзаност - Поврзаноста на влашките дијалекти кои се зборуваат во Македонија со истите кои се зборуваат во Албанија (фаршеротскиот москополскиот), во Грција (грамостанскиот, москополскиот и фаршеротскиот), во Бугарија (грамостанскиот), во Романија (сите три дијалекти) е повеќе од очигледна но и влијанијата од посебните средини во кои биле принудени да живеат претставниците на секоj од нив се веќе видливи каj сите. Всушност таквата поврзаност и во едната целина наречена влашки литературен јазик е од посебен интерес за диjалектологијата со што и диjалектологијата e многу значajна наyка и единствена во обемностa на полетo што гo истражyва, а со тоa сe oд огpомно значeњe и aктивноститe за заштитата и зачyвyвањетo нa дијалектите какo такви.

Библиографија уреди

  • Видоески, Божидар, Југозападните македонски дијалекти со посебен осврт на битолското говорно подрачје, посебен отпечаток, МАНУ, Скопје, 1988;
  • Видоески, Божидар, Меѓујазичниот контакт (на дијалектно рамниште) како фактор за дијалектна диференцијација на македонскиот јазик , Реферати на македонските слависти на XI меѓународен славистички конгрес во Братислава, посебен отпечаток, Скопје, 1993;
  • Видоески, Божидар, Местото на охридскиот говор во западното наречје , предавање на VII семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 3-24, VII, 1984, Скопје, 1985;
  • Видоески, Божидар, Охридско-струшките говори , Прилози IX 1, МАНУ, Скопје, 1984;

Наводи уреди

  1. [1], Управа за заштита на културното наследство.