Шварцбург-Зондерсхаузен
Шварцбург-Зондерсхаузен (германски: Schwarzburg-Sondershausen) — мало кнежевство во Германија, во денешната покраина Тирингија, со главен град Зондерсхаузен.
Кнежевство Шварцбург-Зондерсхаузен Grafschaft (Fürstentum) Schwarzburg-Sondershausen
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1599–1918 | |||||||||
![]() Шварцбург-Зондерсхаузен во рамките на Германското Царство | |||||||||
![]() Шварцбург-Зондерсхаузен во Тирингија | |||||||||
Статус | Држава на Свето Римско Царство (1599–1806) Држава на Рајнски Сојуз (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–66) Држава на Северногермански Сојуз (1866–71) Држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||||
Главен град | Зондерсхаузен | ||||||||
Говорени јазици | Германски | ||||||||
Уредување | Кнежевство | ||||||||
Принц | |||||||||
• 1697–1716 | Џон Гинтер I (прв) | ||||||||
• 1909–1918 | Гинтер Виктор (последен) | ||||||||
Историски период | Среден век / Прва Светска војна | ||||||||
• Поделено од Шварцбург | 1599 | ||||||||
• Подигнато во кнежевство | 1697 | ||||||||
1918 | |||||||||
• Обединето во Тирингија | 1920 | ||||||||
| |||||||||
Денес дел од | ![]() |
Историја
уредиШварцбург-Зондерсхаузен било грофовија (ерлдом) до 1697 година. Во таа година, станало кнежество, кое траело до падот на германските монархии во 1918 година, за време на германската револуција од 1918-1919 година. По германската револуција, кнежеството станало република и се приклучило на Вајмарската Република како конститутивна држава. Во 1920 година, републиката се здружила со другите мали држави во областа за да ја формира новата држава Тирингија.
Шварцбург-Зондерсхаузен имала површина од 862 км2 и население од 85.000 жители (1905). Градови кои се наоѓале во државата биле: Арнштат, Зондерсхаузен, Герен, Лангевизен, Гросбрајтенбах, Ебелебен, Гросенерих, Гројсен и Плауе.
Владетели на Шварцбург-Зондерсхаузен, 1552-1918
уредиГрофови од Шварцбург-Зондерсхаузен
уреди- 1552–1586: Џон Гинтер I
- 1586–1631: Гинтер XLII, со Антон Хенри, Џон Гинтер II и Кристијан Гинтер I
- 1631–1638: Гинтер XLII, со Антон Хенри и Кристијан Гинтер I
- 1638–1642: Гинтер XLII, со Кристијан Гинтер I
- 1642–1643: Гинтер XLII, со Антон Гинтер I
- 1643–1666: Антон Гинтер I
- 1666–1697: Кристијан Вилхелм, со Антон Гинтер II
Издигнато во Кнежевство во 1697 година
Принцови од Шварцбург-Зондерсхаузен
уреди- 1697–1716: Антон Гинтер II
- 1697–10 мај 1721: Кристијан Вилхелм
- 10 мај 1721–28 ноември 1740: Гинтер XLIII
- 28 ноември 1740–6 ноември 1758: Хенри XXXV
- 6 ноември 1758–14 октомври 1794: Кристијан Гинтер III
- 14 октомври 1794– 9 август 1835: Гинтер Фридрих Карл I
- 19 август 1835–17 јули 1880: Гинтер Фридрих Карл II
- 17 јули 1880–28 март 1909: Карл Гинтер
Обединети под принцот Гинтер Виктор од Шварцбург-Рудолштат
- 28 март 1909– ноември 1918: Гинтер Виктор
Глави на кнежевската куќа на Шварцбург
уредиПо смртта на принцот Гинтер Виктор, кој не оставил потомци, во 1925 година бил наследен од принцот Сицо (1860–1926), кој бил син на принцот Фридрих Гинтер (1793–1867) од неговиот втор, моргански брак. Принцот Сицо бил признат како полноправен член на Домот на Шварцбург во 1896 година. Него во 1926 година го наследил неговиот син, принцот Фридрих Гинтер (1901–1971). Тој бил последен во машката линија.[1][2]
- 1918-1925: Принц Гинтер Виктор (1852-1925)
- 1925-1926: Принц Сицо (1860-1926)
- 1926-1971: Принц Фридрих Гинтер (1901-1971)
Населени места со повеќе од 2000 жители
уредиНаселени места | Население (1 декември 1910) |
---|---|
Арнштат | 17.841 |
Зондерсхаузен | 7.759 |
Лангевизен | 3.814 |
Гројсен | 3.348 |
Гросбрејтенбах | 3.255 |
Герен | 2.917 |
Гешвенда | 2.291 |
Наводи
уреди- ↑ The House of Schwarzburg on Heraldica.org
- ↑ James, John Almanach de Gotha, Volume I, 2013.
Надворешни врски
уреди- Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)