Алан Аркин
Алан Волф Аркин (англиски: Alan Wolf Arkin; 26 март 1934 - 29 јуни 2023[1]) — американски глумец, режисер, комичар, музичар и пејач.
Алан Аркин | |
---|---|
Аркин во 2012 | |
Роден(а) | Алан Вулф Аркин 26 март 1934 Бруклин, Њујорк, САД |
Починал(а) | 29 јуни 2023 Сан Маркос, Калифорнија, САД | (возр. 89)
Занимање |
|
Активен период | 1951–2023 |
Животопис
уредиФилсмка кариера
уредиСо филмска кариера која трае повеќе од 55 години, Аркин е познат по своите улоги во филмовите Русите доаѓаат, Русите доаѓаат (1966), Почекај додека се стемни (1967), Срцето е осамен ловец (1968), Попи (1969), Квака 22 (1970), Сватови (1979), Бегство од Собибор (1987), Едвард со рацете-ножици (1990), Глендери Глен Рос (1992), Тринаесет разговори за едно (2001), Малата Мис Америка (2006), Марли и јас (2008) и Арго (2012).
Тој бил номиниран за наградата „Оскар за најдобар глумец“ двапати: за неговите изведби во Русите доаѓаат, Русите доаѓаат и во Срцето е осамен ловец. Тој освоил Оскар за најдобар спореден глумец за изведбата во Малата Мис Америка и бил номиниран за истата награда за улогата во историската драма Арго.
Наводи
уреди- ↑ Murphy, Carmel Dagan,J Kim; Dagan, Carmel; Murphy, J. Kim (2023-06-30). „Alan Arkin, Oscar Winner for 'Little Miss Sunshine,' Dies at 89“. Variety (англиски). Посетено на 2023-06-30.
Надворешни врски
уреди- Алан Аркин — AllMovie (англиски)
- Алан Аркин — Internet Broadway Database (англиски)
- Алан Аркин на Internet Off-Broadway Database
- Алан Аркин на Семрежната филмска база на податоци (англиски)