Брајан Ли Кранстон (роден на 7 март 1956 г.)[1] — американски глумец, режисер, сценарист и продуцент.

Брајан Кранстон
Кранстон во 2014 година
Роден(а)7 март 1956(1956-03-07)(68 г.)
Холивуд, Калифорнија, САД
Занимање
  • глумец
  • режисер

  • сценарист
  • продуцент
Активен период1980–сè уште

Тој е најмногу познат по улогите на Волтер Вајт во криминалната серија На патот кон долу, Хал во комичната серија Малколм во средина, и Д-р. Тим Витли во комичната серија Сајнфелд. За серијата На патот кон долу, тој освоил четири Еми награди за најдобар глумец во главна улога во драмска серија (2008–2010, 2014)[2] Откако станал продуцент на На патот кон долу во 2011 година, тој двапати ја освоил Еми наградата за најдобра драмска серија.[3]

Кранстон бил исто така трипати номиниран за Еми награда за најдобар спореден глумец во комична серија за Малком во средина. Неговата улога во На патот кон долу му донела пет номинации за Златен глобус и една победа во 2014 година, девет номинации за наградата која ја доделува здружението на филмски глумци, од кои четири победи, и шест номинации за наградата Сателит од кои четири победи. Во јуни 2014 година, тој ја освоил наградата Тони за најдобар глумец во претстава за неговата изведба како Линдон Б. Џонсон во претставата До самиот крај na Бродвеј. За филмот Трамбо (2015), тој добил позитивни критики и пофалби и бил номиниран за Оскар за најдобар глумец.

Кранстон режирал епизоди од различни телевизиски серии, вклучувајќи седум епизоди од Малколм во средина, три епизоди од На патот кон долу, две епизоди од Модерна фамилија и една епизода од Канцеларијата. Тој глумел во филмови како Спасувајќи го војникот Рајан (1998), Малата Мис Америка (2006), Возач (2011), Арго (2012), и Годзила (2014).

Наводи

уреди
  1. „Monitor“. Entertainment Weekly (1249). Mar 8, 2013. стр. 20.
  2. Адам Хигинботам. „Bryan Cranston, Breaking Badass“. Men's Journal. Архивирано од изворникот на 2012-09-22. Посетено на 2017-01-11. Retrieved август 2011
  3. „Bryan Cranston“. Еми награда. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на February 10, 2014.

Надворешни врски

уреди