Апел на привремената бугарска влада во Македонија
Апел на привремената бугарска влада во Македонија — докуменски фалсификат произведен од претставници во русофилската бугарска историографија за време на комунистичка влада во Бугарија. Документот бил создаден од страна на бугарските псевдоисторичари со цел да го претставиле Македонското востание со бугарски карактер.
Слика од фалсификуваниот документ | |
Автори | бугарска историографија |
---|---|
Земја | Пирин, Отоманско Царство |
Јазик | Пирински дијалект (дел од македонскиот јазик) |
Жанр | Политички памфлет |
Издадена | 1980-тите 10 ноември, 1878 (според бугарската пропаганда) |
Историја
уредиПосле втората светска војна главната улога на бугарската историографија била да го подобри меѓународното гледиште на новосоздадената комунистичка Бугарија, бидејќи тие се ориентирале кон фашистите и нацистите за време на втората светска војна. За време на владеењето на истакнатиот русофилскиот ксенофоб Тодор Живков бугарската историографија била злоупотребена за негирање на македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Тоа го извршиле преку негирањето на историјата на македонскиот народ. Во овој период различни фалсификувани документи во различни периоди од историјата на македонскиот народ биле произведени, меѓу нив најпознатите е фалсификуваниот „прв устав“ на Македонската револуционерна организација што ја именувала организацијата како „Бугарска Македоно-Одринска Револуционерна Организација“ но според поранешни спомени и дела такво име никогаш не било во корист.[1] Во 1980-тите комунистичката бугарска историографија истакнала дека „откриле“ нов документ во архивите на СССР од водачите на Македонското востание каде што го претставиле движењето со бугарски карактер.
Насловот на документот бил „Апел на привремената бугарска влада во Македонија“, апелот побарал помош од тогашната новосоздадена Кнежевство Бугарија. Во еден од делата на историчарот и политичарот Владо Поповски тој истакнал различни причини зошто апелот бил фалсификат. Во сите документи од востанието ги именувале органите којшто го произведеле и авторите на документот додека бугарскиот апел објавен во 10-ти ноември 1878 година не содржи такви информации. Единствената организација именувана во документот е „Привремена бугарска управа на Македонија“ кој според документот била лоцирана во Пиринските планини. Главниот проблем со именувана организација во документот е тоа што никогаш повторно не е спомната во писма, документи, устави и друго за време на востанието. За целиот период на востанието, од 5-ти октомври 1878 до 2-ри мај 1879 г., се пројавила дека постои само еднаш, и тоа на 10-ти ноември 1878 г.[2]
Датумот на документот исто така нема смисла заради историски причини, во тоа време македонското востание немало раководство бидејќи претходно Софискиот комитет, на чело со митрополитот Мелетиј, на 30-ти октомври 1878 година, поради доставите на Калмиков и Пеко Павлович против началникот на Штабот на Македонското востание бил уапсан Димитар Поп Георгиев-Беровски и во 2-ри ноември бил сместен во затвор кај градот Ќустендил. Токму во овој период бугарската историографија верува дека се формирало таканаречениот орган „Привремена бугарска управа на Македонија“. Документот исто така бил печатен што немало смисла бидејќи во тоа време водачите на востанието немале никаков пристап кон печатници. Документот бил откриен прв пат од историчарката Ана Станкова од Пловдив во Рускиот државно воено-историски архив со фондот 430, оп1, д.90, л.343. Сомнително е откривањето по тоа што документот за апелот бил единствениот архивиран документ на руските архиви од македонското востание.[2] Друга теза за документот е нејзиниот јазик, во единствената верзија на документот што е објавено содржи различни зборови напишани во стил којшто не е присутен во бугарскиот јазик, српскиот јазик ниту македонскиот јазик. Како пример наместо Босна и Херцеговина регионот бил именуван како „Босна и Ерцеговина“. Во бугарската историографија се користи списанието Марица како доказ дека апелот не бил фалсификат. Но во списанието текстот на апелот не совпаѓа со документот. Во списанието Марица пишува:[3]
Извѣстдите че азъ не съмъ нито куче, нито робъ. Робътъ покорно метанисва, кучето ближи рѫката, която го е била, но азъ си отмьстявамъ.
— исечок од апелот според списанието „Марица“
додека во самиот апел во истиот ред наместо за ропство пишува за друго:[4]
Извѣстно е още, че потемъ заниманието на Босна и Ерцеговина отъ Австрийскитѣ войски, вситѣ Турци отъ тия двѣ области и нередовнить турски войски-
— исечок од апелот според бугарската историографија
Во апелот објавен во списанието „Марица“ се спомнува за истакнатиот италијански револуционер Џузепе Гарибалди додека во апелот објавен од бугарската историографија таков текст не е присутен. На крајот на апелот објавен од историографијата завршува со геслото „Слобода или смрт“ но напишано како „Слобода или смьрть“, таа варијацила никогаш претходно не била документирана и не постои друг документ којшто го пишува геслото така во македонските, бугарските и руските архиви за време на македонското национално движење во Отоманското Царство. Апелот исто така содржи зборови и зборовни комбинаци којшто никогаш претходно не биле користени во бугарскиот јазик или македонскиот како „истрѣбѫтъ“, „обърнѫле“, „настанѫ“ и „прѣстанѫла“.
Наводи
уреди- ↑ T͡Sentralno upravlenie na arkhivite (2004). Известия на държавните архиви. Наука и изкуство. стр. 201.
- ↑ 2,0 2,1 Павловска, Јасминка (26 ноември 2021). „Фалсификувани документи како бугарски историски аргументи“. Нова Македонија.
- ↑ Весник „Марица“ издаден во 1878 година.
- ↑ Апел кон Бугаре и Славјане