Селевк I Победникот

(Пренасочено од Селевк I Никатор)

Селевк I Победникот (~ 358 - 281 п.н.е.) — генерал во војската на Александар Македонски. По војните на дијадосите Селевк станал родоначалник на династијата Селевкиди и ја основал Селевкидската империја, една од најдолговечните империи-наследнички на поранешната Македонска империја која најдолго одолеала на нападите на Римјаните. Единствено Птоломејското кралство опстанало подолго за приближно 34 години.

Селевк I Победникот
Основач на Селевкидската империја
Биста на Селевк I
На престол305 п.н.е - 281 п.н.е.
Крунисување305 п.н.е., Селевкија
ПретходникАлександар Македонски
НаследникАнтиох I Сотер
Жени
ДинастијаСелевкидска династија
ТаткоАнтиох
МајкаЛаодика

Селевк бил син на Антиох од Орест, според некои историчари Антиох бил генерал во војската на Филип II. Се претпоставува дека Антиох потекнувал од благородничко македонско семејство во Горна Македонија. Мајката на Селевк најверојатно била Лаодика. Подоцна, Селевк именувал голем број на градови во својата империја по имињата на неговите родители.

Бил еден од генералите на македонскиот крал Филип II, верен пријател на Александар Македонски а посебно се истакнал при походот на Индија во 326 п.н.е.

После смртта на Александар, Македонската империја станала предмет на поделба на генералите во македонската војска. Селевк станал близок со регентот на империјата Пердика, со кој заедно учествувал во походот на Египет. За време на походот на Египет 321 п.н.е. го убил Пердика.

После втората поделба на Македонската империја во 321 п.н.е. Селевк ја добил Вавилонската сатрапија. Кога Антигон 316 п.н.е. завладеал со источните провинции, Селевк пребегнал во Египет. Во војната помеѓу Антигон и останатите македонски генерали, Селевк соработува со Птоломеј I и командува со египетските ескадрили во Егејското Море. После победата на Птоломеј во Битката кај Газа во 312 п.н.е., Селевк се вратил во Вавилон.

Селевкидска империја

уреди
 
Сребрена монета со ликот на Селевк. На грчки е напишано ΒΑΣΙΛΕΩΣ ΣΕΛΕΥΚΟΥ ("на кралот Селевк").

После неговото враќање во Вавилон 312 п.н.е. започнува нова Селевкидска ера. Оваа година се смета за година кога е основана Селевкидската империја. Од Вавилон, Селевк, тргнал во поход на освојување на соседните провинции: Персија, Суза (Елам) и Медеја. Овие провинции до тогаш биле во рацете на луѓето на Антигон. Деметриј I Опсадникот синот на Антигон, го нападнал Вавилон во 311 п.н.е., но не успева да нанесе некоја посериозна штета. Во следните десетина години (311 п.н.е. - 302 п.н.е.) Антигон бил ангажиран на запад, па Селевк имал доволно време да го освои целиот источен дел на империјата на Александар Македонски, сè до реката Инд.

После, изумирањето на аргеадската династија, Селевк си ја доделил титулата крал, а истото тоа го направиле и останатите главни македонски генерали кои управувале со делови од Македонската империја.

 
Кралствата на Антигон, Селевк I, Птоломеј I, Касандер и Лизимах.

Селевк ја проширил својата империја до реката Инд, каде веројатно претрпел пораз, при што морал со индискиот владетел Чадрагупта да потпише мировен договор 302 п.н.е.. Селевк му го препуштил Пакистан на Чандрагупта, му ја дал за жена неговата ќерка, а за возврат добил 500 борбени слонови.

Проширување на запад

уреди

Селевк влегол во сојуз со Лизимах 301 п.н.е. и заедно успеале да го победат Антигон во Битката кај Ипс. Следи нова поделба на териториите во која Селевк ја добива Сирија и делови од Мала Азија. Со добивањето на Сирија, Селевк добива излез на Средоземното Море. На брегот од Средоземното Море го основа градот Антиохија и го прогласува за главен град на својата империја. Во исто време градот Селевкија на реката Тигар станува седиште на источните сатрапии во кои неговиот син Антиох го поставува за заменик крал.

Селевк изградел голем број на градови, ги именувал како Антиохија (16 градови), Селевкија (9 градови) и Лаодика (6 градови).

Успеал да го зароби Деметриј I Опсадникот во 285 п.н.е., после што единствени соперници му биле Лизимах и Птоломеј II. Птоломеј Керавн пребегнал кај Селевк во моментот кога на власт во Египет дошол неговиот брат Птоломеј II (285 п.н.е. Лизимах станал омразен, откако го убил неговиот сопствен син. Оваа ситуација му одговарала на Селевк и ја искористил за интервенција против Лизимах, а со помош на Птоломеј Керавн. Во одлучувачката битка кај Курупедион во Лидија 281 п.н.е. Селевк го победува Лизимах по што практично успеал да освои сè што освоил и Александар Македонски освен Египет, Македонија и Грција. Имал намера да владее со Македонското кралство во старите граници, а неговиот син Антиох да владее со цела Азија. Меѓутоа бил убиен од страна на Птоломеј Керавн во 281 п.н.е. со што бил спречен да ја обнови речиси целата империја на Александар Македонски.

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Grainger, John D. "An Empire Builder—Seleukos Nikator", History Today, Vol. 43, No. 5. (1993), pp. 25–30. (англиски)
  • Grainger, John D. Seleukos Nikator: Constructing a Hellenistic Kingdom. New York: Routledge, 1990 (hardcover, ISBN 0-415-04701-3). (англиски)
  • John D. Grainger (1990). Seleukos Nikator: Constructing a Hellenistic Kingdom. Routledge. ISBN 9780415047012.
  • John D. Grainger (1997). A Seleukid Prosopography and Gazetteer. BRILL. ISBN ISBN 978-90-04-10799-1 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • A. B. Bosworth (2005). The Legacy of Alexander. Oxford University Press. ISBN ISBN 978-0-19-928515-0 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • T. Boiy. Late Achaemenid and Hellenistic Babylon. Peeters Publishers. ISBN ISBN 978-90-429-1449-0 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
Селевк I Победникот
Роден(а): 358 п.н.е. Починал(а): 281 п.н.е..
Претходник
Александар IV, крал на Азија
Селевкидски крал
305 п.н.е. - 281 п.н.е.
Наследник
Антиох I Сотер