Алхена или Гама Геминорум (γ Gem / γ Geminorum) е ѕвезда од соѕвездието Близнаци. Едно од традиционалните имиња ѝ е Алмеисан, а во Кина е позната како 井宿三 (Третата Ѕвезда од Изворот). Името Алхена доаѓа од арпски الهنعه Al Han'ah, „жиг“ (на вратот на камилата), а Алмеисан е од арпаското المیسان Al Maisan, „сјајна“. Ја нарекувале и „ранетата“ или „раната на Ахиловата пета“. Во астрологијата е знак за слава во уметноста, но и повреди на стапалата.

Gamma Geminorum A

Алхена е гама (γ) ѕвезда во соѕвездието Близнаци.
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Близнаци
Ректасцензија 06ч 37м 42.7с
Деклинација +16° 23′ 57″
Прив. величина (V) 1.93
Особености
Спектрален тип A0 IV
U−B Боен показател 0.06
B−V Боен показател 0.00
Променлив тип ?
Астрометрија
Радијална брзина (Rv)-12.1 км/с
Сопствено движење (μ) Рект: -2.04 млс/г
Дек.: -66.92 млс/г
Паралакса (π)31.12 ± 2.33 млс
Оддалеченост105 ± 8 сг
(32 ± 2 пс)
Апсолутна величина (MV)-0.61
Податоци
Маса2.8 M
Полупречник4.4 R
Сјајност160 L
Температура9,750 K
Металичност?
Вртење32 km/s
Старост? години
Други ознаки
Алхена, Alhena, 24 Geminorum, HR 2421, BD +16°1223, HD 47105, GCTP1539.00, SAO 95912, FK5 251, HIP 31681.

Алхена е 105 светлосни години далеку од Земјата, и има величина од 1,93 (апсолутна величина −0,7). Припаѓа на спектралната класификација A0. Оваа ѕвезда е спектроскопски бинар.

Алхена како име

уреди

Алхена е име на холандски брод кој спасил многумина од италијанскиот брод за крстарење, Принципеса Мафалда, во октомври 1927 година.[1] Исто така и американскиот брод USS Alhena е именуван по оваа ѕвезда.

Наводи

уреди
  1. http://www.markos.it/quaderni/plata.htm Italian account of the Principessa Malfeda.