Алушта

град во Крим

Alushta (руски и украински: Алу́шта; кримскотатарски: Aluşta) — град на јужното крајбрежје на Република Крим, Русија. Основан е во VI век од византискиот цар Јустинијан I, а денес е одморалиштен град. Сместен е на брегот на Црното Море, по патниот правец од Гурзуф за Судак, како и на линијата „Кримски тролејбус“.

Алушта
Алушта / Aluşta
Град
Поглед на Алушта
Знаме на АлуштаГрб на Алушта
Алушта is located in Crimea
Алушта
Алушта
Местоположбан на Алушта во Крим
Координати: 44°40′2″N 34°23′52″E / 44.66722° СГШ; 34.39778° ИГД / 44.66722; 34.39778
Земја Русија (де факто)
 Украина (де јуре)
Република Крим
ОпштинаАлушта
Површина
 • Вкупна6,983 км2 (2,696 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005000000050 м
Население
 • Вкупно29.781
 • Густина4.264,78/км2 (1,104,570/ми2)
Час. појасMSK (UTC+4)
Пошт. бр.98500 — 98519
Повик. бр.+380-6560
Поранешно имеАлустон (до XV в.)
Мреж. местоhttp://www.alushta.crimea.ua/
Плоштад во Алушта

Подрачјето на Алушта се одликува со карпест терен поради близината до Кримските Планини. Има остатоци од византиска одбранбена кула и џеновска тврдина од XV век, од која води потекло самиот град. Во византиско време градот се нарекувал „Алустон“, а подоцна Џеновјание го нарекувале „Луста“. Делото „Кримски сонети“ на Адам Мицкевич е посветено на Алушта.

Во 1910 г, во Алушта живееле 544 Евреи, или околу 13% од населението. Во 1939 г. се свеле на 251 човек, сочинувајќи само 2,3% од гадот. Во 1941 г. Германците го окупирале градот и ги истрелале сите Евреи, заедно со комунистите и партизаните.[1]

Како и целиот Крим, припадноста на градот е предмет на спор помеѓу Русија и Украина, која сè уште ја смета за сопствена територија.[2]

Збратимени градови

уреди

Алушта е збратимена со следниве градови:

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2014-03-19.
  2. Александар Турчинов (20 март 2014). „Декларація "Про боротьбу за звільнення України" (Декларација „За борбата за ослободување на Украина")“. Дума на Украина. Посетено на 24 април 2014.

Надворешни врски

уреди