Народна библиотека на Србија
Народната библиотека на Србија е национална библиотека на Србија.
Историја
уредиНародната библиотека на Србија е основана во 1832 година во книжарницата на Глигорие Возаровиќ. Почетниот фонд го превеле книгите подарени од Возаровиќ и другите српски културни работници. Библиотеката е основоположена на 28 февруари 1832 година кога Димитрие Давидовиќ му испратил писмо на кнез Милош за уредување на библиотеката. Во ноември истата година, кнезот Милош наредил да од секоја печатена книга по еден примерок се дава на библиотеката. На тој начин е поставена институција на задолжителен примерок. Од 2002 година Народната библиотека на Србија, тој ден го слави како ден на основање. Според истражувањата на Дејан Ристиќ, објавени во книгата "Куќата на несогориви зборови" библиотеката е основана на 12 јули 1838 година во Крагуевац, а следната година е префрлена во Белград.[1] Напредок во работата на Народната библиотека започнува од 1853 година, кога, по наредба на кнез Милош, професијата државен библиотекар е ставена во ранг на професор на Големо училиште.
Во времето кога Јанко Шафарик бил библиотекар (1861-1869 г.), библиотеката била префрлена во зградата на Капетан Мишо и тука останала до Првата светска војна.[2] Со почетокот на Првата светска војна, еден дел од оштетените изданија, особено старите ракописни книги, биле евакуирани од библиотеката и спакувани во воз. За време на војната, еден дел од овие книги исчезнал и подоцна бил вратен, а дел од книгите до ден денес не се вратени.[3][4]
Во Првата светска војна, библиотеката останала без своите простории, така да во 1920-тите години таа била преселена во зградата на "Картонажа на Милан Вапе", на Косачиќев венец, која била откупена за потреби на библиотеката.[5] Библиотеката останала во оваа зграда сè до 6 април 1941 година, кога била погодена при бомбардирањето на Белград, при што бил уништен голем дел од фондот на книгите.[6][7] Бил уништен книжен фонд од околу 500,000 книги, збирка од 1424 кирилични ракописи и повелби од 12-17 век, картографски и графички збирки од 1500 броеви, колекција на 4000 часописи, 1800 наслови на весници, важна збирка на турски документи за Србија која не била доволно проучена, инкунабули и стари печатени книги, како и севкупната кореспонденција меѓу значајните дејци од културната и политичката историја на Србија и Југославија (Лукијан Мушицки, Вук Караџиќ, Ѓуро Даничиќ, Павел Шафарик[8]). Покрај тоа, исчезнале сите инвентари и каталози. Од старите збирки на ракописи сочуван е само еден ракопис, кој во дадениот момент не бил во библиотеката.[9] Некои од ракописите кои биле чувани или сѐ уште се чуваат во Народната библиотека се: Летопис на попот Дукљанин (белградски ракопис), Николско евангелие, Минхенски псалтир, Кириличен Рампацетов буквар од 1597 година и други. Најстариот ракопис е Белградскиот паримејник од 13 век.
Во април 1946 година библиотеката била преселена во зградата на некогашниот хотел "Српска круна", на крајот на улицата Кнез Михаилова, а во истата зграда се наоѓала и градската Библиотека на Белград. По Втората светска војна, фондот на Народната библиотека значително е дополнет со книги-подароци и легати на Милан Ракиќ, Милош Црњански, Десанка Максимовиќ, Тихомир Ѓорѓевиќ, Љубица и Даница Јанковиќ, Љубомир Мициќ, Љубица Цуца Сокиќ и други.[10] Камен-темелник за новата намеска зграда со површина од 24,000 квадратни метри на Народната библиотека на Србија свечено бил поставен на 20 октомври 1966 година, а истата била завршена шест години подоцна, во 1972 година. Преселбата во новата зграда започнала во мај 1972 година, а новата зграда на Народната библиотека на Врачар била свечено отворена на 6 април 1973 година.[11] Зградата била проектирана од страна на архитектот Иво Куртовиќ[12] и се вбројува во споменици на културата. Прв странски државник, кој го посетил новото здание на Народната библиотека на Србија бил германскиот канцелар Вили Брант, кој бил во службена посета на СФР Југославија од 15. до 19 април 1973 година и во таа прилика и подарил на библиотеката неколку книги. Познатиот француски писател Андре Малро и подарил на библиотеката ракопис од своето дело "Глава опсидијана" во 1975 година.
Сѐ до 2002 година, 6 април бил одбележуван како Ден на библиотеката, но од тогаш како Ден на библиотеката се одбележува 28 февруари - датумот кога во 1832 година била основана Народната библиотека. Од 2013 година, 28 февруари се одбележува и како Национален ден на книгата. Од 2002 година, датумот 6 април е прогласен за Ден на сеќавање на страдањето на библиотеката во априлскиот напад од Втората светска војна.
Ентериерот на зградата бил обновуван три години и свечено бил пуштен на 24 мај 2011 година.[13] Реконструкцијата траела од октомври 2007 до мај 2011 година, а државата за таа цел одвоила 4,3 милиони евра.[14] Биле обновени 6000 квадратни метри простор, а преостанатите 18000 квадратни метри, во кои биле сместени депоата со книги не бил обновен.[15]
Во текот на 2014 година завршена е обновувањето на трезорот на Одделението за археографија и фототека во кое се чуваат ракописи и стари книги.[16]
Соработка
уредиБиблиотеката на 26 април 2012 година потпишала Протокол за соработка со Народната и универзитетска библиотека на Република Српска, како гаранција за зачувување на единственоста на српскиот духовен и културен простор.[17] Со овој протокол утврдено е дека двете библиотеки ќе си ги подаруваат меѓусебно сите публикации и дека заедно ќе учествуваат во национални и меѓународни проекти.
Управници
уредиУправници на Народната библиотека биле:
- 1853—1856. - Филип Николиќ (1830—1867)
- 1856—1859. - Ѓуро Даничиќ (1825—1882)
- 1861—1869. - Јанко Шафарик (1814—1876)
- 1869—1874. - Стојан Новаковиќ (1842—1915)
- од 1875. - Јован Бошковиќ (1834—1892)
- 1880—1886. - Ниќифор Дучиќ (1832—1900)
- од 1886. - Милан Милиќевиќ (1831—1908)
- до 1900. - Драгиша Станојевиќ (1844—1918)
- 1900—1901. - Стојан Протиќ (1857—1923)
- 1901—1903. - Љубомир Јовановиќ (1865—1928)
- 1903—1927. - Јован Томиќ (1869—1932)
- 1927—1935. - Милош Зечевиќ (1880—1955)
- 1935—1941. - Драгослав Илиќ (1889—1973)
- 1941—1945. - Ѓорѓе Радојчиќ (1905—1970)
- 1945—1960. - Душан Милачиќ (1892—1979)
- 1960—1965. - Чедомир Миндеровиќ (1912—1966)
- 1965—1968. - Милорад Паниќ-Суреп (1912—1968)
- 1968—1977. - Светислав Ѓуриќ (1919—2004)
- 1977—1979. - Владимир Стевановиќ (1930—1979)
- 1980—1983. - Васо Милинчевиќ (1928)
- 1983—1988. - Милан Милутиновиќ (1942)
- 1988—2001. - Миломир Петровиќ (1934)
- 2001—2012. - Сретен Угричиќ (1961)
- 2012-2014. - Дејан Ристиќ (1972)
- 2014-2015. - Светлана Јанчиќ (1948)
- од 2015. - Ласло Блашковиќ (1966)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Бомбардовањем Народне библиотеке су хтели да уништа наш културни код („Блиц”, 26. децембар 2016)
- ↑ Народна библиотека Србије обележава 180 година постојања („Политика“, 27 февруари 2012), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ „Одисеја српских рукописних књига (3 август 2015)“. Архивирано од изворникот на 2023-04-03. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ „Изложба „Пут књига 1914/1915-2015" у НБС (15 мај 2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-08-15. Посетено на 2018-03-21.
- ↑ Три века бурне историје Народне библиотеке Србије („Вечерње новости“, 1 март 2013), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ Хитлер је наредио: прво уништити Народну библиотеку („Политика”, 3 април 2016)
- ↑ Сећање из пепела (документарни филм)
- ↑ Дан када је бомбардована библиотека (Б92, 6 април 2013)
- ↑ Рукописна збирка НБС има 320 тематских разновидних јединица („Вечерње новости“, 3 март 2013), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ Народној библиотеци даровали непроцењиво благо („Вечерње новости“, 9. јануар 2013), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ Композиције посвећене отворању зграде НБС (6 април 2016)
- ↑ Projekat Rastko: Istorija srpske kulture, Посетено на 28 март 2013.
- ↑ Обновљена Народна библиотека („Б92“, 24 мај 2011), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ После четири године отвора се Народна библиотека („Политика“, 30 август 2011), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ Народна библиотека Србије: Уместо у књиге улагали у кафиће („Вечерње новости“, 2 август 2012), Посетено на 15 април 2013.
- ↑ Добра заштита за најстарије књиге („Политика“, 28 февруари 2014)
- ↑ „НУБ РС и Народна библитека Србије јачају сарадњу“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 26 април 2012. Посетено на 27 април 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место www.nb.rs (српски) (англиски)
- Дигитална Народна библиотека на Србија
- Дигитална библиотека на Големата војна
- Хронологија на 200 години библиотекарство во Србија
- Сеќавање на 6 април 1941 година. Архивирано на 19 октомври 2011 г.
- Белградска читална
- Столбот на српската ученост ("Вечерни новости", колумна 18-24 јуни 2010) Архивирано на 3 јули 2010 г.
- За рушење на Народната библиотека на Србија - зборови кои не горат (2 април 2016 година) Архивирано на 7 април 2016 г.
- Непознато за бомбардирањето на Народната библиотека на Србија: Денот кога горело српското наследство Архивирано на 15 јули 2017 г., Зорица Марковиќ, Неделен весник, 28 февруари 2017.