Азиза Мустафа Заде

Азиза Мустафа Заде ( азербејџански: Əzizə Mustafazadə) - е азербејџанска џез пејачка, композиторка и пијанистка, родена на 19 декември 1969 во Баку (Азербејџан). Азиза е позната и како "Принцезата на џезот" (германски: "Die Prinzessin des Jazz") и како Џезиза (англиски: "Jazziza"). Таа изведува мугам (традиционален импровизациски стил на Азербејџан) со класични иавангардни влијанија. Рецензентите велат дека нејзиниот стил покажува некое влијание од Кит Џерет.[1] Таа моментно живее во Мајнц, Германија, со нејзината мајка, Елиза Мустафа Заде, која е нејзин менаџер. Таа е вегетаријанец и верник кој не се смета себеси за припадник на ниедна религија.[2]

Азиза Мустафа Заде
Азиза го свири "Shamans" на Џез фестивал во Баку 2007 - Последен концерт
Животописни податоци
Изворно имеƏzizə Mustafazadə
Роден(а)19 декември 1969(1969-12-19)(55 г.)
Баку, Азербејџан
ЖанровиЏез, Џез фузија
ИнструментиВокал, пијано, мугхам
Период на активност1988–денес
Мреж. местоazizamustafazadeh.de

Животопис

уреди

Азиза Вагиф кизи Мустафазаде е родена во 1969 година во Баку, во семејство на музичари.[3] Нејзиниот татко, пијанист и композитор Вагиф Мустафа Заде бил познат по тоа што ја создал мугам-џез фузијата, комбинација на џез и мугам (традиционална музика на азербејџан). Нејзината мајка, Елза Мустафа Заде, се стекнала со класично образование на оперска пејачка во Грузија. Како дете, Азиза брзо покажала интерес за танцот, сликарството и пеењето. На возраст од 3 години, во придружба на нејзиниот татко на сцената за првпат извела вокална импровизација.[4] Ова бил првиот израз на нејзиниот музички талент, кој таа подоцна го проширила.

 
Експонат од домот на Вагиф Мустафазаде - признание за лауреат на Азиза како џез музичар

Азиза Мустафа Заде научила класично пијано на рана возраст. Таа уживала во класици како Бах и Шопен, но, исто така, започнала да покажува и талент за импровизација. Во однос на музиката, изјавила:

Не го свирам тоа што не можам да го почувствувам


.

Азиза доживеала силен емотивен шок кога нејзиниот татко трагично починал на сцената во Ташкент во 1979, на возраст од 39 години. Нејзината мајка тогаш одлучила да ја прекине својата професионална кариера и да се посвети на развојот на музичкиот талент на нејзината ќерка. Таа станала нејзин менаџер, исто како и советник при компонирањето и снимањето на нови дела. Азиза во однос на таа одлука изјавила:

"Јас ѝ верувам, бидејќи таа има богати сознанија за класичната музика, како и за искуство во џезот со татко ми. Исто така, таа знае многу за музиката, историјата и литературата.


Во 1988, на 18 годишна возраст, Азиза го освоила третото место на меѓународниот џез-натпревар Телониус Монк во Вашингтон. За време на натпреварот, свирела музика од Монк вметнувајќи во неа делови од мугам. Во тој период, се преселила во Германија и се посветила на развојот на сопствениот музички стил. Музичарите кои извршиле влијание врз нејзината уметност биле Фредерик Шопен, Рахманинов и Кит Џерет[5].

Кариера

уреди

Во 1991 година, Азиза го снимила својот прв соло албум насловен како "Азиза Мустафа Заде“ [6]. Тоа се потврдила како музичарка со необичен и незаборавен вокал, кој ги одразувал нејзините корени и познавањето на класичната музика и џезот.

Во 1993 година, во трио, го снимила албумот Секогаш (оригинален наслов: Always)[7], со басистот Џон Патитучи и тапанарот Дејв Векл. Многу од сеќавањата од детството биле пренесени во овој албум, за кој таа освоила награда ЕХО доделена од Сони[4], како и награда од Академијата Дојче Фоно.

Во 1995 година, таа го снимила албумот Танц на огнот (оригинален наслов: Dance Of Fire)[8] со неколку џез музичари со меѓународно реноме. На овој диск, придружувана е од гитаристот Ал Ди Меола, басистите Стенли Кларк и Кај Екхард, тапанарот Омар Хаким и саксофонистот Бил Еванс. Следниот албум бил, Седма вистина (1996)[9].

Потоа, Азиза го издала албумот Џезиза (Jazziza -1997), кој се состои од лично нејзини композиции како и џез стандарди. Овој диск особено успешен во САД, Канада, Германија, Финска и Јапонија, се продал во 2 000 000 копии низ светот. Истиот бил претставен во 1998 година со турнејата на 40 концерти низ целиот свет, вклучувајќи ја Канада и Австралија.

Албумот Шамани[10], објавен во 2002 година, бил снимен во студиото Абеј Роуд во Лондон, и ја покажува нејзината способност да свири класика и да пее со вокалната техника која ѝ е својствена. Таа во него искористила ударни инструменти, песна на штурците, како и суперпозиција на неколку примероци од нејзиниот вокал. Духовноста земала позначајно место во овој албум.

Во февруари 2005 година, Азиза започнала да работи на два албума во Њујорк во студиото на Сони. Последните два албуми, Контрасти и Контрасти II, објавени во 2006 и 2007 година, се поблиску до класичната музика а нејзиното пеење тежнее кон операта. Азиза заминала на турнеја во 2007 година и учествувала на џез фестивалот на Баку.[11]

Последниот соло концерт на Мустафа Заде се одржал на 10 март 2016,во Франкфурт, Мајнц, Германија.[12]

Дискографија

уреди
  • Aziza Mustafa Zadeh (1991)
  • Aziza (1993) - реиздание на првиот албум
  • Always (1993) (Columbia Tristar)
  • Dance Of Fire (1995) (Columbia Tristar)
  • Seventh Truth (1996)
  • Jazziza (1997) (Columbia Tristar)
  • Inspirations - Colors & Reflections (2000)
  • Shamans (2002)
  • Contrasts (2006)
  • Contrasts II (2007)

Наводи

уреди
  1. AllMusic.com review - Aziza Mustafa Zadeh
  2. Jazzeitung interview with Aziza Mustafa Zadeh
  3. „AND AFTER HIM…JAZZ“. Region Plus. Посетено на 2018-04-01.
  4. 4,0 4,1 „Aziza Mustafa Zadeh discography“. RateYourMusic. Посетено на 2018-04-01.
  5. http://www.azeri.ru/az/cultur/princessa_djaza_aziza_mustafa_zade/ La princesse de Jazz
  6. „Aziza Mustafa Zadeh“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-04-01.
  7. „Aziza Mustafa Zadeh - Always“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-04-01.
  8. „Aziza Mustafa Zadeh - Dance Of Fire“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-04-01.
  9. „Aziza Mustafa Zadeh - Seventh Truth“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-04-01.
  10. „Aziza Mustafa Zadeh - Shamans“. Discogs (англиски). Посетено на 2018-04-01.
  11. MediaDesignTech. „Baku International Jazz Festival 2007“. festival.jazz.az. Архивирано од изворникот на 2010-03-28. Посетено на 2018-04-01.
  12. „Aziza Mustafa Zadeh at Frankfurter Hof (10 Mar 2016)“. Songkick (англиски). Посетено на 2018-04-01.

Надворешни врски

уреди