Авелино (покраина)

покраина во Италија

Покраината Авелино (италијански: Provincia di Avellino) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Има голем број мали гратчиња и села кои се раштркани, и само два града со повеќе од 20.000 жители. Главен град е Авелино и Аријано Ирпино.

Покраина Авелино
Земја Flag of Italy.svg Италија
Регион Кампанија
Главен град Авелино
Површина 2,792 км²
Население
(2001)
429,073
Густина 154
Општини 119
Рег. табл. AV
Пошт. бр. 83010-83018, 83020-83032, 83034-83054, 83056-83059
Повик. бр. 081, 082, 0824, 0825, 0827, 0835
ISTAT 064
Претседател Козимо Сибилија
Map Province of Avellino.svg
Местоположбата на покраината Авелино во рамките на Италија

ГеографијаУреди

Зафаќа површина од 2.792 км2, а населението брои 429.178 жители (2001). Во покраината има 119 општини[1].

ИсторијаУреди

Територијата на покраината Авелино соодветствува на крајот Принчипато Ултра во старото Кралство Неапол, но некои места во денешната територија тогаш припаѓале на Капитаната и Принчипато Читра. Во антиката подрачјето се нарекувало „Хирпинија“ осканскиот збор: „хирпус“ (волк), животно кое и денес живее во областа, но е многу помалубројно. Покраината се одликува со особено интересна природа, особено во регионалните паркови Пичентински Планини и Партенио и местата на Светскиот фонд за природа (WWF) Долината на Кача и Сенеркија, како и подрачјето околу браната Офанто во Конца дела Кампанија.

Во римско време и средниот век, покраината била позната и по кралските градини.

ГастрономијаУреди

Карактеристични производи за покраината се лешниците (третина од вкупното производство во Италија), костените од Монтела, познатите вина „Аљанико“, „Таурази“, „Греко“ и „Фјано“, црешите, сирењата и црните тартуфи од Бањоли Ирпино.

ТуризамУреди

The main tourist destinations are the Sanctuaries of Монтеверџине и Сан Џерардо а Мајела, скијачкиот центар Лачено, археолошките подрачја Авела и Мирабела Еклано (Екланум), замокот Ланчелоти, римските рушевини во Авелино (Амелинум) и раногристијанската базилика во Прата.

НаводиУреди

  1. „Статистики за Авелино“. UpiNet.it. 20 ноември 2007. Архивирано од изворникот на 2007-08-07. Посетено на 2010-12-05.

Надворешни врскиУреди