Национален статистички институт на Италија
Националниот статистички институт на Италија (итал. Istituto Nazionale di Statistica) или Istat е државниот завод за статистика на Италија.
Службата е основана во 1926 г. со цел да прибира и анализира податоци во земјата. Една од поважните должности е раководење со пописите. Претседател на инстутот е Енрико Џованини, поранешен главен статистичар на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Започнувајќи од 1989 г., Istat е одговорен и за усогласување и стандардизација на статистичките наоди прибрани и објавени по државниот статистички систем SISTAN[1], каде членуваат статистичките служби на министерствата, државните агенции, регионите, покраините, општините, стопанските комори и слични органи.
Последниот попис е извршен 21 октомври 2001 г. вкупно население од 56.995.744 жители, на површина од 301.328,45 км2.
Наводи
уреди- ↑ SISTAN Архивирано на 13 август 2006 г. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Страница на Националниот статистички институт Архивирано на 29 март 2014 г. (англиски)