Авантуристички филм
Авантуристички филм е филмски жанр.[1] За разлика од акционите филмови, авантуристичките филмови често користат акциони сцени по можност да покажат и истражат егзотични места на енергичен начин.[2] Во авантуристичките филмови местото на случување може да биде џунгла, планина, остров, океан, град или пустина; ликовите може да се во потрага по изгубен континент или богатство или пак да се на херојско патување кон непознато. Авантуристичките филмови често се одвиваат во одреден временски период и може да вклучуваат адаптирани приказни од историски или фикциони авантуристички херои во рамките на историскиот контекст. Кралеви, монархии, битки, побуни или пиратство често се гледаат во авантуристичките филмови.[3] Овие филмови исто така можат да бидат комбинирани со други филмски жанрови, како на пример со научна фантастика, фантазија и хорор.
Историја
уредиАвантуристичките филмови го достигнале својот врв на популарност во Холивуд во 1930-те и 1940-те години, кога во филмовите како Капетан Блад, Авантурите на Робин Худ и Знакот на Зоро глумеле големи филмски ѕвезди, како Ерол Флин и Тајрон Пауер, кои често биле поврзувани со овој жанр. Во исто време, серијалите што биле прикажувани во сабота наутро често користеле исти тематски елементи како високо буџетните авантуристички филмови. Во почетоците на авантуристичките филмови, протагонистите главно биле од машкиот пол. Овие херои биле храбри и често се спротивставувале на тирани. Во неодамнешните авантуристички филмови покрај машки протагонисти се појавуваат и жени, како на пример Лара Крофт.[3]
Популарни концепти
уреди- Суперхерои (на пр., Спајдермен, Одмаздници или Justice League)
- Филмови со преживување на пр., Игри на гладните, Гравитација или Повратник)
- Филмови со животни (на пр., Паркот Јура, Ајкула или Годзила)
- Филмови на автопат (на пр., Лесна девојка, Малата Мис Америка, На патот или Лудиот Макс )
- Средновековни и фантастични опркужувања, мистични земји, суштества и магија (на пр., Господар на прстените, Игра на тронови , Хрониките на Нарнија или Хари потер)
- Шпионирање (на пр., Џејмс Бонс, Џејсон Борн или Невозможна мисија)
- Патување преку град или планина (на пр., Север-северозапад или Дивина)
- Експедиции (на пр., Вонземјани, Еверест или The Descent)
- Истражување на вселена и океани (на пр., Гравитација, The Abyss, Марсовец или Интерстелар)
- Патување до далечни планети (на пр., Војна на ѕвездите, Марсовец или Ѕвездени патеки)
- Патување до странски земји и градови (или одредишта) (на пр., Џејмс Бонд, Невозможна мисија или Индијана Џонс)
- Патување преку времето (на пр., Враќање во иднината или Интерстелар)
- Егзотични места како шуми, планини, острови, пештери, плажи, мориња, поларни предели, пустини и џунгли (на пр., Игри на гладните, Војна на ѕвездите, Еверест, Лоренс од Арабија, Индијана Џонс или Аватар)
- Борба за правда или против тирани (на пр., Робин Худ, Игри на гладните (серијали) или Војна на ѕвезите)
- Пирати (на пр., Капетан Блод или Пиратите од Карибите)
- Патување или потрага по нешто, како барање на изгубени градови или скриени богатства (на пр., Индијана Џонс)
- Алегориски теми како социјален коментар (на пр., Планета на мајмуните или Ѕвездени патеки).
Наводи
уреди- ↑ „as a genre, the adventure film, also sometimes referred to as the "action-adventure" film, is one of the most uniformly popular and stable of categories“. Архивирано од изворникот на 2011-01-19. Посетено на 2011-04-13.
- ↑ „the viewer of adventure films can live vicariously through the travels, conquests, explorations, creation of empires, struggles and situations that confront the main characters, actual historical figures or protagonists“. Посетено на 2011-04-13.
- ↑ 3,0 3,1 http://www.filmsite.org/adventurefilms.html