Невозможна мисија (филмски серијал)
Невозможна мисија е филмски серијал на акционо-шпионски филмови засновани на истоимената телевизиска серија. Серијалот филмови главно е продуциран од Том Круз, кој го игра Итан Хант, агент на Единицата за невозможни мисии.
„Невозможна мисија“ | |
---|---|
Официјално лого на филмскиот серијал | |
Режисер | Брајан де Палма (1) Џон Ву (2) Џ.Џ. Абрамс (3) Бред Берд (4) Кристофер Меквори (5–8) |
Продуцент | Том Круз Паула Вагнер (1–3) Џ. Џ. Абрамс (4–6) Кристофер Меквори (6–8) |
Главни улоги | Том Круз Винг Рејмс Сајмон Пег |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 1996 – денес |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $1.05 милијарди долари (7 филмови) |
Бруто заработка | $4.13 милијарди долари (7 филмови) |
Започнувајќи во 1996 година со првиот филм Невозможна мисија 1, серијалот ги следи мисиите на главниот теренски тим на Единицата за невозможни мисии, под водство на Хант, кој има за цел да ги запре непријателските сили и да спречи престојни глобални катастрофи. Серијалот се фокусира на ликот на Хант, и исто како и телевизиската серија, е надополнет со споредни ликови како Лутер Стикел (го игра Винг Рејмс) и Бенџи Дан (го игра Сајмон Пег).
Серијалот добил генерално позитивни критики. Тој е 17. серијал со највисока заработка на сите времиња, со заработка од 4.09 милијарди долари во светски рамки,[1] и често се наведува како еден од најдобрите акциони франшизи. Шестиот филм, Невозможна мисија: Последици, издаден на 27 јули 2018 година е филм со најголема заработка во серијалот.
Во 2024 година, серијалот ги добил првите номинации за Оскар, при што седмиот филм, Невозможна мисија: Одмазда добил номинации во категориите најдобри визуелни ефекти и најдобар звук на 96. доделување на Оскарите. [2]
Филмови
уредиНевозможна мисија (1996)
уредиИтан Хант е наместен за убиството на неговите колеги агенти за време на мисија во амбасадата во Прага и погрешно обвинет за продавање на владини тајни на мистериозен меѓународен криминалец познат само како „Макс“. Во бегство, Итан се обидува да го открие вистинскиот предавник и да го исчисти своето име.
Невозможна мисија 2 (2000)
уредиИтан е пратен на мисија во Сиднеј и работи со професионалниот крадец Наја Нордоф-Хол (Танди Њутон). Дуото тајно се обидува да го спречи планот на одметнатиот агент на Единицата за невоможни мисии, Шон Амброс (Дагреј Скот) (кој исто така е поранешно момче на Наја) да украде смртоносен вирус за да започне пандемија и да го продаде противотровот на оној купувач што ќе понуди најмногу.
Филмот има силни тематски сличности со шпионскиот трилер филм Озогласена од 1946 година режиран од Алфред Хичкок.[3]
Невозможна мисија 3 (2006)
уредиИтан е свршен со Џулија Мид (Мишел Монаган), која не е свесна за неговата вистинска професија. Тој составува тим за да се соочи со недопирливиот брокер за оружје и информации Овен Дејвијан (Филип Сејмур Хофман) кој има намера да продаде мистериозен опасен предмет познат како „зајаковото стапало“.
Невозможна мисија: Протокол дух (2011)
уредиИтан и целата Единица за невозможни мисии се наместени за бомбардирање на Московскиот кремљ додека истражуваат личност позната под псвдонимот „Кобалт“ (Михаел Никвист). Итан и три други агенти остануваат сами да го спречат Кобалт да започне светска јадрена војна.
Невозможна мисија: Одметници (2015)
уредиЕдиница за невозможни мисии се наоѓа под закана од „Синдикатот“, меѓународен криминален конзорциум за кој ЦИА не верува дека постои и за кој смета дека е плод на фантазиите на Итан. Соочен со расформирање на Единицата, Итан Хант, кој станува бегалец, го составува тајно својот тим за нивната најтешка мисија досега — да го докажат вистинското постоење на „Синдикатот“ и да ја поразат организацијата по секоја можна цена.
Невозможна мисија: Последици (2018)
уредиКога мисијата за враќање на плутониум ќе тргне наопаку, светот се соочува со заканата од Апостолите, терористичка група формирана од поранешни членови на „Синдикатот“. Како што Итан Хант се обидува да ја исполни првичната мисија, ЦИА почнува да ја доведува во прашање неговата лојалност и неговите мотиви.
Улоги
уредиПрифаќање
уредиЗаработка
уредиФилм | Датум на издавање во САД | Буџет | Бруто заработка | ||
---|---|---|---|---|---|
Домашен пазар | Меѓународен пазар | Светски рамки | |||
Невозможна мисија 1[4] | 22 мај 1996 | $80 милиони | $180,981,856 | $276,714,535 | $457,696,391 |
Невозможна мисија 2[5] | 24 мај 2000 | $125 милиони | $215,409,889 | $330,978,219 | $546,388,108 |
Невозможна мисија 3[6] | 5 мај 2006 | $150 милиони | $134,029,801 | $264,449,696 | $398,479,497 |
Невозможна мисија: Протокол дух[7] | 16 декември 2011 | $145 милиони | $209,397,903 | $485,315,477 | $694,713,380 |
Невозможна мисија: Одметници[8] | 31 јули 2015 | $150 милиони | $195,042,377 | $487,674,259 | $682,716,636 |
Невозможна мисија: Последици[9] | 27 јули 2018 | $178 милиони | $220,159,104 | $571,498,294 | $791,657,398 |
Невозможна мисија: Одмазда[10] | 12 јули 2023 | $291 милиони | $172,135,383 | $395,400,000 | $567,535,383 |
Вкупно[11] | $1.047 милијарди | $1.327.156.313 | $2.812.030.480 | $4.139.186.793 |
Критики и јавни оцени
уредиСеријалот филмови „Невозможна мисија“ добил позитивни критики од критичарите и публиката, при што последните четири филмови привлекуваат значителни пофалби насочени кон нивната режија, кинематографија, акробации, акциски секвенци и филмска музика.
Филм | Rotten Tomatoes | Metacritic | CinemaScore[12] |
---|---|---|---|
Невозможна мисија 1 | 66% (65 ревизии)[13] | 59 (29 ревизии)[14] | B+ |
Невозможна мисија 2 | 56% (155 ревизии)[15] | 59 (40 ревизии)[16] | B |
Невозможна мисија 3 | 71% (224 ревизии)[17] | 66 (42 ревизии)[18] | A− |
Невозможна мисија:Протокол дух | 93% (253 ревизии)[19] | 73 (47 ревизии)[20] | A− |
Невозможна мисија: Одметници | 94% (328 ревизии)[21] | 75 (46 ревизии)[22] | A− |
Невозможна мисија: Последици | 97% (442 ревизии)[23] | 87 (60 ревизии)[24] | А |
Невозможна мисија: Одмазда | 96% (427 ревизии)[25] | 81 (66 ревизии)[26] | А |
Наводи
уреди- ↑ „Mission Impossible Movies“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 1 декември 2005. Посетено на 15 септември 2018.
- ↑ „THE 96TH ACADEMY AWARDS – 2024“. Академија за филмски уметности и науки.
- ↑ Brad Brevet. „Did You Know 'Mission: Impossible 2' is a Remake of Hitchcock's 'Notorious'? Here, Have a Look...“. Rope of Silicon. Посетено на 5 October 2018.
- ↑ „Mission: Impossible (1996)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible II (2000)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible III (2006)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible – Ghost Protocol (2011)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible – Rogue Nation (2015)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible – Fallout (2018)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One (2023)“. Box Office Mojo.
- ↑ „Mission: Impossible Movies at the Box Office“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на December 25, 2018. Посетено на November 17, 2018.
- ↑ „CinemaScore“. CinemaScore. Архивирано од изворникот April 13, 2022. Посетено на July 13, 2023.
- ↑ „Mission: Impossible (1996)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible 2 (2000)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible II Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible III (2006)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible III Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible Ghost Protocol (2011)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible – Ghost Protocol Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible Rogue Nation (2015)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible – Rogue Nation Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible – Fallout (2018)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible – Fallout Reviews“. Metacritic.
- ↑ „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One (2023)“. Rotten Tomatoes.
- ↑ „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One Reviews“. Metacritic.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 11 јануари 2019 г.