Игра на тронови (ТВ-серија)
Игра на тронови — американска фантастична телевизиска серија, создадена за HBO од Дејвид Бениоф и Д. Б. Веис. Оваа серија е адаптација на Песна за мраз и оган, серија на романи напишани од Џорџ Р. Р. Мартин, од кои првата е насловена како Игра на тронови. Снимањето се одвивало во студио во Белфаст, и на други места во Северна Ирска, Хрватска, Исланд, Мароко, Шпанија, Малта, Шкотска, како и во САД. Премиерата била на HBO, на 7 април 2011 во САД, a последната епизода од осмата сеозна била прикажана на 19 мај 2019 година, односно биле прикажани вкупно 73 епизоди.
Игра на тронови | |
---|---|
Жанр | |
Создадена од | |
Заснована на | Предлошка:Based on |
Улоги | види Список на ликови од Игра на тонови |
Композитор(и) | Рамин Џавади |
Земја на потекло | САД |
Првичен јазик | англиски |
Бр. на сезони | 6 |
Бр. на епизоди | 60 (список на епизоди) |
Производство | |
Извршен продуцент(и) |
|
Продуцент(и) |
|
Местоположба | |
Уредници |
|
Времетраење | 50–65 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | HBO |
Сликов формат | |
Звучен формат | Dolby Digital 5.1 |
Првично прикажување | април 17 2011 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | hbo.com/game-of-thrones |
Продукциска мрежна страница | makinggameofthrones.com |
Дејството на серијата се одвива на измислените континенти Вестерос и Есос. Едната сижејна линија зборува за војната меѓу неколку благороднички семејства за Железниот престол на Седумте кралства; другата линија за воздигнувањето на протераниот потомок на претходно владејачката династија; третата сижејна линија — враќањето на древните, одамна изумрени суштества, Белите талкачи.
Игра на тронови постигна рекорден број на гледачи, како и особено голем број ангажирани обожаватели. Серијата е критички признаена, иако честата појава на голотија, насилство и сексуални сцени носат негативни критики. Серијата добила повеќе награди и номинации, вклучувајќи ја наградата Еми за првите пет сезони, наградата Златен глобус, како и наградата Хуго и Пибоди. Питер Динклиџ освои Еми-награда за најдобар спореден глумец во драмска серија, и Златен глобус за најдобар спореден глумец во драмска серија, минисерија или ТВ-филм, за неговата улога како Тирион Ланистер.
Содржина
уреди
Серијата Игра на тронови грубо ја следи приказната од Песна за мраз и оган.[5] Дејствието се одвива во измислените Седум кралства на Вестерос, а серијата ги прикажува борбите на водечките семејства за контрола на Железниот престол. Како што тече приказната, се појавува дополнителна закана од далечниот Север и од источниот континент Есос.[2] Првата сезона е верна адаптација на истоимениот роман. Понатамошните сезони се веќе се оддалечуваат од изворниот материјал. Според Дејвид Бениоф, серијата е „адаптација во целина, која ја следи мапата што Џорџ ја поставил, ги прикажува главните точки, но не и сите попатни станици“.[6]
Дејствието на серијата и ликовите се поттикнати од историски настани во Европа.[7] Главната инспирација е англиската Војна на розите[8] (1455–85) која се одвивала меѓу династиите Ланкастер и Јорк, отсликани во судирите меѓу династиите Ланистер и Старк. Поголемиот дел од Вестерос со замоците и витешките турнири потсетуваат на средниот век од Западна Европа. Кралицата Серси Ланистер потсетува на Изабела, наречена „волчицата од Франција“ (1295–1358), жената на Едвард II.[7] Впрочем, таа и нејзиното семејство, онака како што се прикажани во серијата романи на Морис Друон, Проколнати кралеви, во голема мера го инспирирале Мартин.[9] Останатите историски инспирации за некои од елементите во серијата се: Ѕидот на Хадријан (големиот Ѕид), легендите за Атлантида (древната Валирија), византискиот „Грчки оган“ („дивиот оган“), исландската сага за Викинзите (семејството Грејџој) и монголските орди (племето Дотраки), како и елементи од Стогодишната војна (1337–1453) и италијанската ренесанса (околу 1400–1500).[7] Големата популарност на серијата во најголем дел се припишува на вештината на Мартин да ги вткае сите овие елементи во еднородна целина, која е веродостојна во рамките на една алтернативна историја.[7]
Дејвид Бениоф предложил серијата да се рекламира како „Сопранови во Средната Земја“ укажувајќи на мрачните настани и фантастичниот свет во кој се случуваат тие.[10] Во 2012 година спроведена е студија според која серијата се наоѓа на второ место од 40 телевизиски американски драмски серии, според бројот на убиства, просечно 14 во една епизода.[11][12]
Епизоди
уредиСезона | Епизоди | Почеток | Крај |
---|---|---|---|
1 (2011) | 10 | 17 април 2011 | 19 јуни 2011 |
2 (2012) | 10 | 1 април 2012 | 3 јуни 2012 |
3 (2013) | 10 | 31 март 2013 | 9 јуни 2013 |
4 (2014) | 10 | 6 април 2014 | 15 јуни 2014 |
5 (2015) | 10 | 12 април 2015 | 14 јуни 2015 |
6 (2016) | 10 | 24 април 2016 | 26 јуни 2016 |
7 (2017) | 07 | 16 јули 2017 | 27 август 2017 |
8 (2019) | 08 | 14 април 2019 | 19 мај 2019 |
Ликови
уредиСеријата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги.[13][14] Во 2014 година, неколку договори на глумците биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.[15] Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови.[16]
Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса (Софи Тарнер) и Арја (Мејси Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќната стража, која е под команда на Џор Мормонт (Џејмс Козмо). Љубовта на Џон е црвенокосата Игрит (Роуз Лесли).
Долгогодишниот пријател на Нед е кралот Роберт Баратеон (Марк Еди) кој е оженет со кралицата Серси од семејството Ланистер (Лина Хеди), а пак таа е во тајна врска со својот брат Џејми (Николај Костер-Валдау). Тие имаат три деца, од кои најстар е Џофри (Џек Глисон), наследникот на Железниот престол. Со нив живее и нивниот помлад брат, џуџето Тирион (Питер Динклиџ) со својата љубовница Шеј (Сибел Кекили) и телохранителот Брон (Џером Флин). На чело на семејството Ланистер се наоѓа лордот Тајвин (Чарлс Денс).
Членови на кралскиот Мал совет го сочинуваат Питер „Малопрст“ Бејлиш (Ејдан Џилен) и Варис (Конлет Хил). Право на престолот има и братот на Роберт Станис (Стивен Дилејн), кого го советуваат свештеничката Мелисандра (Керис ван Хаутен) и бившиот шверцер сер Давос Сиворт (Лијам Канингхем). Богатото семејство Тирел го претставува амбициозната Мерџори Тирел (Натали Дормер).
Од другата страна на морето, прогонети живеат братот и сестрата Визерис (Хери Лојд) и Денерис Таргариен (Емилија Кларк), деца на поранешниот владетел на Седумте Кралства. Денерис е мажена за Кал Дрого (Џејсон Момоа) кој го предводи номадскиот народ Дотраки. Во нејзината свита се наоѓа протераниот витез сер Џора Мормонт (Иен Глен).[17]
Производство
уредиСнимањето на серијата започнало во јануари 2007 година[18] кога се откупени правата. Буџетот на серијата изнесувал 50-60 милиони американски долари,[19][20] а за снимање на премиерната епизода, потрошени се од 5 до 10 милиони долари.[21] Првата сезона е снимана во Северна Ирска и Малта, додека понатамошните сезони се снимаат и во Дубровник.
За снимање на втората сезона, буџетот е зголемен за 25%, а најголем дел од парите се потрошени за да се прикаже веродостојно граѓанската војна и борбата за престолот околу кој се одвиваат најголем дел од настаните.[22]
Популарност
уредиСеријата важи за една од најочекуваните телевизиски настани во 2011 година.[23][24]
Серијата доби одлични критики како од критичарите, така и од обожавателите. Пофалбите одат за прекрасната режија, изборот на глумци, веродостојно создадениот свет, уверливите ликови, како и одличната глума на децата глумци.[24][25]
Мрежната страница Метакритик на серијата ѝ дава оценка 79 од 100 можни, а корисниците ја оцениле со 8,9 од 10 можни.[26]
Серијата се нашла на бројни листи како „најдобра за 2011 година“, вклучувајќи ги и листите на Вашингтон пост и Тајмс.[27][28]
Галерија
уредиСлики на главните глумци
уреди-
Питер Динклиџ го толкува Тирион Ланистер
-
Емилија Кларк ја толкува Денерис Таргариен
-
Софи Тарнер ја толкува Санса Старк
-
Николај Костер-Валдау го толкува Џејми Ланистер
-
Мејси Вилијамс ја толкува Арја Старк
-
Натали Дормер ја толкува Марџери Тирел
-
Иен Глен го толкува Џора Мормонт
-
Џон Бредли-Вест го толкува Семвел Тарли
-
Карис ван Хаутен ја толкува Мелисандра
-
Лијам Канингхам го толкува Давос Сиворт
-
Иван Реон го толкува Ремзи Сноу
Наводи
уреди- ↑ Roberts, Josh (April 1, 2012). „Where HBO's hit 'Game of Thrones' was filmed“. USA Today. Посетено на March 8, 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Martin, George R. R. (July 16, 2010). „From HBO“. Not a Blog. Посетено на March 14, 2013.
- ↑ Schwartz, Terri (January 28, 2013). „'Game of Thrones' casts a bear and shoots in Los Angeles for major Season 3 scene“. Zap2it. Архивирано од изворникот на 2013-10-16. Посетено на March 8, 2013.
- ↑ Jeremy, Nolais (May 14, 2015). „Game of Thrones casts Calgary wolf with Jon Snow“. MetroNews.ca. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на July 18, 2015.
- ↑ Martin, George R. R. (January 18, 2007). „HBO options Ice & Fire“. GeorgeRRMartin.com. Посетено на March 31, 2013.
- ↑ Hibberd, James (March 17, 2015). „Game of Thrones showrunners answer burning season 5 questions“. Entertainment Weekly. Посетено на March 18, 2015.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Holland, Tom (March 24, 2013). „'Game of Thrones is more brutally realistic than most historical novels'“. The Guardian. London. Посетено на March 24, 2013.
- ↑ Orr, David (August 12, 2011). „Dragons Ascendant: George R. R. Martin and the Rise of Fantasy“. New York Times. Посетено на March 24, 2013.
Martin's books are essentially the War of the Roses with magic
- ↑ Milne, Ben (April 4, 2014). „Game of Thrones: The cult French novel that inspired George RR Martin“. BBC News Magazine. Посетено на April 6, 2014.
- ↑ Kachka, Boris (May 18, 2008). „Dungeon Master: David Benioff“. New York. Посетено на March 13, 2013.
- ↑ O'Connell, Michael (May 22, 2012). „'Game of Thrones' Topped by 'Spartacus: Vengeance' as TV's Deadliest Series“. The Hollywood Reporter. Посетено на May 23, 2012.
- ↑ „2011 Fall TV Body Count Study Results: Summary, Background & Methodology“. Funeralwise. May 21, 2012. Посетено на May 23, 2012.
- ↑ Hibberd, James (May 29, 2012). „'Game of Thrones' scoop: Season 3 character list revealed -- EXCLUSIVE“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2015-01-05. Посетено на March 5, 2013.
- ↑ „Season 3: By the Numbers“. Making Game of Thrones. November 2, 2012. Архивирано од изворникот на 2013-03-06. Посетено на November 3, 2012.
- ↑ Belloni, Matthew; Goldberg, Lesley (October 30, 2014). „'Game of Thrones' Cast Signs for Season 7 with Big Raises“. The Hollywood Reporter. Посетено на October 31, 2014.
- ↑ HBO (via ComingSoon.net). "More Details on the Return of Game of Thrones". Соопштение за печат. посет. 13 март 2013 г Архивирано на 27 октомври 2014 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-27. Посетено на 2015-08-27.
- ↑ „Game of Thrones: Cast“. HBO. Посетено на May 18, 2015.
- ↑ HBO turns ‘Fire’ into fantasy series | Variety
- ↑ 'Game Of Thrones': By The Numbers - The Hollywood Reporter
- ↑ A Network Gets Its Bite Back | EW.com Архивирано на 11 јули 2011 г., Посетено на 7 април 2013.
- ↑ 3 YEARS (30 ноември 2010). „HBO: 'Game of Thrones' dailies 'look fantastic' - Live Feed“. Hollywoodreporter.com. Посетено на 3 јуни 2014.
- ↑ Ray, Amber (14 март 2012). „This Week's Cover: 'Game of Thrones,' the battle to make season 2 epic | PopWatch | EW.com“. Popwatch.ew.com. Архивирано од изворникот на 2015-01-01. Посетено на 3 јуни 2014.
- ↑ Vacation Robo-Post: TV to Look Forward to in 2011 | TIME.com
- ↑ 24,0 24,1 „Roush Review: Grim Thrones Is a Crowning Achievement - Today's News: Our Take | TVGuide.com“. Архивирано од изворникот на 2014-11-12. Посетено на 2015-08-31.
- ↑ „Game of Thrones Review | TV Reviews and News | EW.com“. Архивирано од изворникот на 2014-10-17. Посетено на 2015-08-31.
- ↑ Game of Thrones - Season 1 Reviews, Ratings, Credits, and More - Metacritic
- ↑ Thrones lands on tons of top TV shows of 2011 lists - WinterIsComing.net
- ↑ Barney: The Top 10 (or 11) TV shows of 2011 - San Jose Mercury News
Надворешни врски
уреди„Игра на тронови (ТВ-серија)“ на Ризницата ? |
- Game of Thrones – официјална страница
- Game of Thrones – официјална страница во Англија
- Game of Thrones на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Game of Thrones Viewers Guide at HBO.com
- Making Game of Thrones Blog Архивирано на 2 јуни 2016 г.