Абу Мусаб ал Заркави

(Пренасочено од Абу Мусаб ал-Заркави)

Абу Мусаб Ал Заркави (арапски: أبومصعب الزرقاوي‎, 20 октомври 1966 - 7 јуни 2006) е член на Ал-Каеда и раководител на организацијата во Ирак.

Абу Мусаб Ал Заркави
أبومصعب الزرقاوي‎
Роден(а)20 октомври 1966
Зарка, Јордан
Починал(а)7 јуни 2006
Хибхиб, Ирак
Други имињаАхмед Фазил ал Халајлех
ЗанимањеРаководител на Ал-Каеда во Ирак

Вистинското име на Заркави е Ахмед Фазил ал Халајлех. водачот на Ал-Каеда Осама бин Ладен го назначил за свој заменик во Ирак во октомври 2004 година, по што неговата вооружена група Ат Тавхид ва Џихад се преименувала во Организација на Ал Каеда за света војна во Ирак.

По враќањето од Авганистан, кон почетокот на 1990 година Заркави презел насилна кампања за смена на монархијата во Јордан и за создавање исламска држава. Во 1996 година тој бил осуден на 15 години затвор, но три години подоцна бил ослободен со амнестија, прогласена поради крунисувањето на крал Абдула. Во 2002 година јорданскиот суд во отсуство го осудил на смрт поради заговор за напад на американски и израелски цели во Јордан. Во април 2004 година бил осуден на нова смртна казна за планирање убиство на американскиот дипломат Лоренс Фоли, убиен во Аман во 2002 година. Во декември 2005 година судот наложил трета смртна пресуда, повторно во отсуство, поради планирање самоубиствени напади на пункт на границата со Ирак.

Наводи

уреди