Ааси Огулари

поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија

Ааси Огулари или Аси Огулари (грчки: Αασή Ογουλάρή) — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.

Ааси Огулари
Αασή Ογουλάρή
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКруша
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во денешниот атар на Фанарли, во подрачјето на планината Карадаг.[1]

Историја

уреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ааси Огулари имало 16 жители Турци.[2]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 16 жители. Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повторно не било обновено, а во 1927 г. било избришано од евиденција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 69.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 168. ISBN 954430424X.