Џ. Д. Селинџер

(Пренасочено од Џ.Д. Селинџер)

Џером Дејвид Селинџер (англиски: Jerome David Salinger, роден на 1 јануари 1919 - 27 јануари 2010) — американски писател, најпознат по романотЛовецот во 'ржта“ (The Catcher in the Rye).

Џ. Д. Селинџер
фотографија од страна на Лот Џејкоби (1950)
Роден/аЏером Дејвид Селинџер
1 јануари 1919 г.
Њујорк,
САД
Починат/а27 јануари 2010 г. (91)
Корниш, Њу Хемпшир,
САД
ЗанимањеПисател
Период1940–1965
Значајни делаИгра во 'ржта (1951)
Девет приказни (1953)
Френи и Зуи (1961)
ДецаМаргарет и Мет Селинџер
Потпис

Животопис

уреди

Џером бил единственото машко дете на Сол и Миријам Селинџер. Татко му бил увозник на деликатесна стока и, според некои извори, син на кливлендски рабин. Неговата мајка по мажењето го сменила своето име Марија Џилиќ во еврејското Миријам.

Селинџер останал верен на својот јунак Холден. Неговиот изолиран начин на живеење станал легенда, како и самото негово дело. Уште во 1953 г. се повлекол од Њујорк во својата колиба во планините во Њу Хемпшир, а во 1965 година престанал да објавува и се повлекол далеку од очите на јавноста. Со децении, со него не било можно да се оствари контакт, а последното интервју го направил во 1980 г.

Творештво

уреди

Првата книга на Селинџер, единствениот роман кој го објавил), „Ловецот во 'ржта“, излегла од печат на 16 јули 1951 г. На Селинџер му требале речиси 10 години да го напише ова дело, кое ги изразило сексуалните конфликти и егзистенцијални стравувања на младата генерација во повоена Америка, како и бунтот против лицемерноста и лагата во светот на главниот јунак, Холден Колфилд.[1]

Селинџер е можеби најчитаниот писател на светот од они екои напишале малку - сѐ на сѐ, објавил четири книги проза, од кои само „Френи и Зуи“ (Franny and Zooey, 1961) донекаде го повторила огромниот успех на „Ловецот во 'ржта“.

Селинџер е автор на следниве дела:[2]

Наводи

уреди
  1. Скоу, Џон (15 септември 1961). „Осврт кон делото“. Тајм. Архивирано од изворникот на 2013-08-01. Посетено на 2007-04-12.
  2. Џ. Д. Селинџер, Ловац у житу. Београд: ЛОМ, 2016.