Холден Колфилд
Холден Колфилд е 17-годишниот главен лик од романот „Игра во ’ржта“ на Џ. Д. Селинџер. Помеѓу читателите ужива статус на тинејџер кој одбива да порасне и е решен да ја задржи детската невиност. Веднаш по излегувањето на книгата во 1951 г. Холден станал синоним за адолесцентските сфаќања и бунт, и е еден од највпечатливите романескни ликови во американската литература на 20 век. Освен во споменатото дело, Колфилд се појавува и во неколку други раскази од истиот писател.
Холден Колфилд | |
---|---|
Цртеж на Холден Колфилд | |
Прво појавување | „Игра во ’ржта“ |
Создавач | Џ. Д. Селинџер |
Информации | |
Пол | машки |
Занимање | ученик |
Семејство | Колфилд |
Роднини | Феба Колфилд (сестра) Ели и Д. Б. (браќа) |
Националност | Американец |
Постојат некои мислења дека Селинџер го составил името на овој јунак спојувајќи ги презимињата на глумците Вилијам Холден и Џон Колфилд, кои се настапиле во филмот „Драги Рут“ (1947). Но, ликот на Селинџер првпат се појавил во неговиот расказ „Јас сум луд“ (1945), година и пол пред да излезе филмот.
Изглед и психолошки профил
уредиЕдни од најтипичните и највоочливи одлики на Холден Колфилд се неговите одвратност и гадење спрема лажното и лицемерно поведение на луѓето од неговото блиско опкружување. Неговите пренагласени подбивност и сарказам во однесувањето и говорот со ликовите со кои доаѓал во допир го прават во некоја мера непожелен во повеќето средини каде во даден момент се наоѓал. Она што го прави трагичен лик било тоа што тој поседувал некои од особините кои ги презирал. И неговиот физички изглед бил доста контрадикторен: Беше висок околу 190 см, повеќе од просекот за неговата возраст, а неговото однесување повеќе наликуваше на 13-годишник отколку на зрел човек. Постојано паѓаше години во разни училишта, се нарекуваше себеси „клапчо“, но сепак покажуваше знаци на некаква интелигенција преку логичното расудување за настаните од неговото друштво. Идејата на книгата можеби била да се прикаже Холденовата критика кон општеството, кое не било способно да ја препознае неговата скриена остроумност.
Улога во „Игра во ’ржта“
уредиХолден Колфилд е главниот јунак и раскажувач во романот „Игра во ’ржта“. Во делото се раскажани дните на Колфилд по неговото исклучување од училиштето Пренси Преп. Раскажувачкиот јазик и стил на Холден се исполнети со цинизам и иронија, а често е користен и тинејџерскиот сленг. Прикажан е како лекомислен, но искрен лик кој не можел да го пронајде своето место во светот на возрасните. Самото момче истовремено е и премногу едноставно и премногу комплексно за да изведеме конечен заклучок за неговите постапки: Можеби нема да погрешиме ако кажеме дека Холден беше роден во свет на лицемерието и расипништвото. (коментар на Џ. Д. Селинџер)[1]
Културно влијание
уредиХолден Колфилд е еден од најспоменуваните и најдебатирани фиктивни ликови на 20 век низ американската јавност.
- „Игра во ’ржта“ е задолжителна лектира во речиси секое американско училиште, иако претходно била забранета во школите и библиотеките поради уличниот жаргон, величањето и скриениот повик на бунт.
- Холден бил именуван како влијателен лик во животот на Марк Чепмен, убиецот на Џон Ленон (1980).
- Во една епизода од американскиот стрип Дилберт, еден од агентите себеси се нарекол Холдем Колфилдер.
- Американската панк група The Offspring го споменуваат Холден Колфилд во песната „Get it Right“?
- На албумот Kerplunk од Грин Деј, се наоѓа песната „Who Wrote Holden Caulfield“?
- Во песната „Superpowers“ од бендот Five Iron Frenzy има стих „Понекогаш се чувствувам како Холден Колфилд, понекогаш како Џек Керуак“
- Главниот протагонист во комичниот стрип Фрејз има 8-годишен другар со име Колфилд, кој ги поседува истите карактерни црти како и ликот на Џ. Д. Селинџер.
- Ликот кој Бен Афлек го толкувал во филмот „Бркајќи ја Ејми“ се вика Холден, исто како и оној од романот.
- Колфилд е ословен како тип со самоубиствени намери во песната „Here's to Life“ од панкерите Streetlight Manifesto.
- Едно време во САД се печателе маички со натпис Холден Колфилд вели дека ти си фолирант.[2]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиРаскази од Џ. Д. Селинџер
- Тивкиот бунт во Медисон Архивирано на 1 јуни 2005 г.
- Во Јапонија, најголем дел од Селинџеровите раскази се преведени на нивниот јазик (собрани во два тома) и се достапни за пошироката јавност со одобрение од менаџментот на писателот. (ISBN 4-7521-0001-0 / ISBN 4-7521-0002-9) Расказот Хепворт 16, 1924 е достапен на (ISBN 4-7521-0004-5).
Фан организации
- Мртвиот Колфилд Мрежно место на обожавателите на Селинџер, на која има поставено информации за писателот, како и детали за неговите необјавени раскази.
- Игра во ’ржта - поврзани статии
Наводи
уреди- ↑ Од последната страница на „Игра во ’ржта“
- ↑ „Популарни натписи на облека“. Архивирано од изворникот на 2012-11-03. Посетено на 30 август 2012.