Џон Кразински
Џон Берк Кразински (англиски: John Burke Krasinski, р. 20. октомври 1979 година во Бостон, Масачусетс, САД) е американски глумец и кинематограф.[1] Добитник е на бројни награди и признанија, вклучувајќи четири номинации за Еми наградите и две награди од Здружението на филмски глумци. Во 2018 година списанието „Тајм“ го прогласи за еден од стоте највлијателни луѓе во светот.[2]
Кразински постана познат по неговата улога како Џим Халперт во комедиската серија „Канцеларијата“ (2005-2013), проект на кој тој ја вршеше и улогата на продуцент и гостински режисер. Потоа тој го режираше и глумеше во драмскиот филм „Кратки интервјуа со грозни мажи“ (2009) и комедијата „Холарови“ (2016). Кразински беше еден од сценаристите, режисер и глумец во хоророт „Тивкото место“ (2018), кој беше добро прифатен кај критиката и оствари големи успеси во киносалите. Тој е протагонист и продуцент во трилер серијата „Џек Рајан“ (2018-денес), која е дистрибуирана од Амазон. За оваа улога Кразински беше номиниран за наградата на Здружението на филмски глумци за одличен настап на машки глумец во драмска серија.
Кразински се појавува и во филмовите: „Дозвола за брак“ (2007), „Валкана игра“ (2008), „Заминуваме“ (2009), „Комплицирано е“ (2009), „Нешто позајмено“ (2011), „Чудото“ (2012), „Ветена земја“ (2012), „Алоха“ (2015) и „13 часа: Скриените војници од Бенгази“ (2016). Неколкупати го позајмил својот глас во документари и анимирани филмови како „Шрек 3“ (2007) и „Универзитет за чудовишта“ (2013). Во 2013 година Кразински ја основа продуцентската куќа „Сандеј Најт Продакшенс“. Оженет е за англиската глумица Емили Блант со која имаат две ќерки.
Наводи
уреди- ↑ „John Krasinski | TV Guide“. TVGuide.com (англиски). Посетено на 2020-04-12.
- ↑ „John Krasinski: The World's 100 Most Influential People“. Time (англиски). Посетено на 2020-04-12.