Отвори го главното мени
Џон Колтрејн 1963

Џон Колтрејн (англиски: John Coltrane; 23 септември 192617 јули 1967)[1] бил американски џез саксофонист. Еден е од најголемите џез великани, и великани од модерната музика воопшто, Колтрејн бил познат по својата музичка виртуозност и постојано движење на границите на џезот.

БиографијаУреди

Роден бил во Северна Каролина, од мали нозе бил посветен на музиката. Кон крајот на четириесеттите години почнал да свири во оркестарот Дизи Гилеспи, а во 1953 се придружил во групата Џони Хоџиз. Прв голем чекор во својата кариера направил во 1955 кога го заменил Сони Ролинс во т.н. „првиот голем квинтет“ на Мајлс Дејвис. Неколку славни албуми се производ на овој период, но во [[1957] година, Колтрејн се оддалечил од бендот заради зависности од хероин. Кога се ослободил од хероинот, Колтрејн се придружил во бендот Телонијус Манк. За овој период, иако е лошо забележан, Колтрејн вели дека му бил пресуден во животот. Годината 1958 се вратил кај Мајлс Дејвис и на албумите Milestones (1958) и Kind of Blue (1959) станал најпознат тенор саксофонист од своето време.

Својот прв бенд (квартет) го основал во 1960 година, и во него почнал да свири сопран саксофон и да се движи кон слободен џез. Сепак, најголема слава доживеал со својот „класичен квартет“, во чии состав Колтрејн беше пијанист Мекој Тајнер, контрабасиста Џими Герисон и тапанар Елвин Џоунс. Со овој бенд во 1964 снимил еден од својте најзначајни албуми, A Love Supreme.

Од 1965 Колтрејновата музика станувала се понепристапна, инспириран од неговата духовност создавал импровизација без јасно дефинирана форма и хармонија. Членови на бендот покрај другите били и Фероа Сендерс и Колтрејновата жена, Алис.

Џон Колтрејн починал 1967 од Рак (болест) на црниот дроб .

НаводиУреди

  1. John Coltrane. allmusic