Иван Шопов (25 јули 1987, Скопје, Македонија) — македонски писател.

Иван Шопов
Занимањеписател
НационалностМакедонец
Државјанствомакедонско
ОбразованиеФилозофски факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Животопис

уреди

Иван Шопов дипломирал на Катедрата на општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултетБлаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј[1] во Скопје. Заедно со Владимир Лукаш, во 2019 го основал мобилниот културен центар „КЦ 750“. Шопов работел како уредник во издавачката куќа Темплум од Скопје. Тој е сопруг на писателката Николина Андова Шопова.

Творештво

уреди

Иван Шопов пишува проза, поезија и хаику. Расказите и песните му се преведени на англиски, романски, чешки, српски, хрватски, германски, словенечки и бугарски јазик. За книгата Азбука и залутани записи ја добил првата награда на конкурсот „Новите!“ во 2010 година. Неговите раскази и песни се објавени во неколку списанија. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2]

Библиографија

уреди

Шопов е автор на следниве дела:[3]

Наводи

уреди
  1. https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/od-drug-agol//[мртва врска]
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 325-328.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 367.
  4. https://okno.mk/sites/default/files/068-ivan-sopov-azbuka-i-zalutani-zapisi_0.pdf