Минбер — простор во џамијата каде имамот (водачот на молитвата) стои за време на хутбата.

Функција на минберотУреди

 
Минбер во џамијата Ортакеј во Истанбул

По својата функционалност, минберот во целост е говорница. Како што е пракса и кај класичните говорници, минберот е издигнато место за да обезбеди говорникот јасно да се слуша во целиот простор на џамијата. Исто така, неговата висина придонесува на видливоста на предавачот од страна на слушачот.

Изглед на минберотУреди

Минберот обично е во облик на мала кула со скали кои водат до неа. Често е преполн со орнаменти и богато украсен. Првобитните минбери биле обични дрвени подножја со 3 скалила, но со време станал составен знак на исламската архитектонска препознатливост. Денешните минбери во Босна и Херцеговина имаат 12 скалила, што одговара на турската традиција.

Позиција на минберотУреди

Минберот е позиционира десно од михработ, место кое го означува правецот на молитвата, т.е. правецот на Ќабата кон која се вртат муслиманите при молитва. Исто така, обичај е и минберот да биде свртен во правец на Ќабата.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди