Амам „Мустафа Челеби“
амам во Струга
Амам „Мустафа Челеби“ — поранешен амам во градот Струга. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.[1]
Амам „Мустафа Челеби“ | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | амам |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Струга |
Земја | Македонија |
Сместен е во комплексот на џамијата „Мустафа Челеби“ (крај на XVI – почеток на XVII век), меѓу улиците „Туристичка“ и „Вардар“.
Објектот се смета за важен споменик на османлиската архитектура на Македонија, и како таков добил статус на заштитено добро на 7 декември 1954, и повторно на 30 декември 2003 година.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ План за управување со Светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион со Акциски план (2020-2029) (PDF). Скопје-Охрид-Струга-Дебрца. 2020. стр. 298.