Џамија Лалели

џамија во Турција

Џамија Лалели (турски: Laleli Camii) — џамија која се наоѓа во Фатих, Истанбул, Турција[1].

Џамија Лалели
Laleli Camii
Основни податоци
МестоИстанбул, Турција
Координати41°00′36″N 28°57′24″E / 41.01000° СГШ; 28.95667° ИГД / 41.01000; 28.95667
Припадностислам
Осветен1760
Архитектонски опис
Архитект(и)Мехмет Тахир Ага
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилбарок
Завршен1763
Особености
Висина на куполата (надв.)24,5 метри
Пречник на куполата (надв.)12,5 метри
Минариња2
Материјалигранит, мермер

Историја

уреди

Џамијата била изградена во времето на османлискиот султан Мустафа III во периодот од 1760 до 1763 година во стил на барок од страна на отоманскиот архитект Мехмед Тахир Ага. Џамијата била разрушена во 1783 година од пожар. Исто така и од пожарот во 1911 година биле уништени медресите. Во моментот има две минариња.

Џамијата била изградена од наемнината на еден комплекс од продавници кој се наоѓа до самата џамија. Самата џамија се состои од една голема просторија од осум огромни столбови[2].

Џамијата има форма на правоаголник, со галерија на западната страна. Ѕидовите се шарени, со мермер во црвена, сина и жолта боја, украсени со разновидни медалјони и скапоцени камења. Михработ и минберот се исто така украсени со скапоцени камења. Внатрешноста е добро осветлена со многубројните прозорци.

Куполата на џамијата е висока 12,5 метри со пречник од 24,5 метри.

Во оваа џамија се наоѓаат гробовите на султанот Мустафа III и неговото семејство.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Laleli Complex Архивирано на 25 мај 2006 г.. ArchNet
  2. Freely, Blue Guide Istanbul