Љубетино

село во Грција

Љубетино (грчки: Πεδινό, Педино; до 1926 г. Λιουμπέτινο, Љубетино[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 387 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Љубетино
Πεδινό
Љубетино is located in Грција
Љубетино
Љубетино
Местоположба во областа
Љубетино во рамките на Суровичево (општина)
Љубетино
Местоположба на Љубетино во општината Суровичево и областа Западна Македонија
Координати: 40°39.35′N 21°35.19′E / 40.65583° СГШ; 21.58650° ИГД / 40.65583; 21.58650
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаСуровичево
Општ. единицаАјтос
Надм. вис.&10000000000000620000000620 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно387
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа недалеку од патот од Суровичево за Костур на дваесетина километри југоисточно од Лерин.[3] Според записите на Ѓорче Петров селото Љубетино се наоѓа приближно на југ од Лерин на 4 часа растојание, расположено на едно рамно место на јужната страна на истата падина на којашто е Ајтос[4]. Тоа граничи со езерата Врапчанско и Зазерско на југ, со Горно Врбени и патот за Кајлари на југоисток и исток, со Ајтос, Невеска и Зелениче на запад[4].

Историја

уреди

Селото Љубетино се среќава во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер број 16 за Леринската нахија од 1481 година каде за селото запишано како Л’бот’н е запишано дека вкупно имало 45 христијански македонски семејства кои произведувале пченица до 61 товар, јачмен и друго до 54 товари, бостан, обработувале лозја и чувлае свињи за што селото остварувало свкупен приход од 9266 акчиња[5]. Според записите на Ѓорче Петров од 1896 година селото Љубетино имало 55 куќи со 260 жители Македонци[4].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Љубетино се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[6]

Стопанство

уреди

Селото иако лежи во поле, не е богато, а главни производи се жито, детелина и тутун[3]. Населението делумно се занимава и со овоштарство и сточарство[3].

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 367 264 338 354 462 554 426 387
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Општествени установи

уреди

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λιουμπέτινον -- Πεδινόν
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 161.
  4. 4,0 4,1 4,2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 463. ISBN 978-608-245-113-8.
  5. Соколоски, Методија (1973). Турски документи за историјата на македонскиот народ. II. Скопје: Архив на Македонија. стр. 382.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.

Надворешни врски

уреди