Јура (департман)
Јура или Жира (француски и франкопровансалски: Jura) — департман во регионот Бургундија-Франш Конте, источна Франција. Наречен е по планинскиот венец Јура кој преминува и во соседна Швајцарија.
Јура Jura | |||
---|---|---|---|
департман | |||
Местоположба на Јура во Франција | |||
Земја | Франција | ||
Регион | Бургундија-Франш Конте | ||
Префектура | Лон ле Соње | ||
Потпрефектури | Дол Сен Клод | ||
Управа | |||
• Прет. на Ген. совет | Жерар Баји | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 4.999 км2 (1,930 ми2) | ||
Најг. вис. | 1.200 м | ||
Најм. вис. | 200 м | ||
Население (2016) | |||
• Вкупно | 260.517 | ||
• Густина | 52/км2 (130/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Департ. бр. | 39 | ||
Окрузи | 3 | ||
Катони | 17 | ||
Општини | 494 |
Историја
уредиНиз историјата, Јура била во состав на Слободната Грофовија Бургундија, на француски позната како Франш Конте. Нејзин главен град бил Дол сè до освојувањето на областа од страна на Луј XIV, кога управата е преместена во Безансон. Денес Дол е потпрефектура, односно втор град по управна важност.
Веќе во XIII во две третини од Јура се говорел посебен дијалект на франкопровансалскиот јазик, кој се задржал во руралните средини и во XX век.
Јура е меѓу првобитните 83 департмани воведени во 1790 г. по Француската револуција. Создаден е со одвојување на дел од некогашната покраина Франш Конте. Управно седиште (префектура) на департманот е градот Лон ле Соње.
Население
уредиОва е бројното движење на населението на департманот Јура, почнувајќи од 1801 година:
Година | Нас. | ±% год. |
---|---|---|
1801 | 288.151 | — |
1806 | 300.050 | +0.81% |
1821 | 301.768 | +0.04% |
1831 | 312.504 | +0.35% |
1841 | 316.884 | +0.14% |
1851 | 313.299 | −0.11% |
1861 | 298.053 | −0.50% |
1872 | 287.634 | −0.32% |
1881 | 285.263 | −0.09% |
1891 | 273.028 | −0.44% |
1901 | 261.288 | −0.44% |
1911 | 252.713 | −0.33% |
1921 | 229.062 | −0.98% |
1931 | 229.109 | +0.00% |
1936 | 220.797 | −0.74% |
1946 | 216.386 | −0.20% |
1954 | 220.202 | +0.22% |
1962 | 225.682 | +0.31% |
1968 | 233.547 | +0.57% |
1975 | 238.856 | +0.32% |
1982 | 242.925 | +0.24% |
1990 | 248.759 | +0.30% |
1999 | 250.857 | +0.09% |
2010 | 261.534 | +0.38% |
2016 | 260.587 | −0.06% |
Извор:[1] |
Географија
уредиДепартманот денес е во состав на регионот Бургундија-Франш Конте и се граничи со департманите Ду, Горна Сона, Златниот Брег, Сона и Лоара и Ен во Франција, како и кантонот Во во Швајцарија на исток.
Планините на венецот Јура се одликуваат со шумовити падини, за разлика од Алпите, кои се кршести и каменливи.
Во планинските прадели на департманот има многу езера, од кои најголемото Шален, долго 3, а широко 1 км. Покрај природните езера, има и акумулации како што е Вуглан, едно од најголемите вештачки езера во Франција.
Клима
уредиКлимата на Јура е мошне разновидна, зависно од надморската височина. Котлините се умерени, но високите планински долини имаат сурови зими.
Стопанство
уредиЈура е винарски крај. Тукашните вина, како што е жолтото (vin jaune), се необични по тоа што се слични на шери, одлежувајќи под „цвет“ од квасец на површината. Се прават од домородните сорти грозје како савањин. Други се пулсар, трусо и шардоне.
Во департманот нема значајни индустриски заводи. Има неколку града од скромна големина, а стопанството е земјоделско. Во отсуство на крупни производители, развиено е занаетчиството и другите малостопански дејности.
Туризам
уредиТуризмот е најзастапен на венецот Јура, каде се развиени планинарството и зимските спортови.
-
Дол
-
Бомската опатија
-
Полињи
-
Шато Шалон
-
Езерото Вуглан
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Јура“ на Ризницата ? |
- Мрежно место на префектурата Архивирано на 12 август 2017 г. (француски)
- Генерален совет на Јура Архивирано на 1 јануари 2007 г. (француски)
- Туристички портал (француски)
- Туристички информатор (англиски)