Франш Конте

поранешен регион во Франција

Франш Конте (француски: Franche-Comté; франкоконтски: Fraintche-Comtè; франкопровансалски: Franche-Comtât) — област и историска покраина во источна Франција. Од 1956 до 2015 г. бил управен регион, пред да биде ставен во состав на поголемиот нов регион Бургундија-Франш Конте. Во 2016 г. областа имала 1.180.397 жители.

Франш Конте
Franche-Comté
Знаме на Франш КонтеГрб на Франш Конте
Земја Франција
ПрефектураБезансон
Департмани
Управа
 • ПретседателМари-Маргерит Дифе (СП)
Површина
 • Вкупна16.202 км2 (6,256 ми2)
Население (2016)
 • Вкупно1,180,397
 • Густина0/км2 (0,00.019/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166FR-I
БДП (2012)[1]XX во земјата
Вкупно&1000000000000028600000028,6 млј 
По жител&1000000000000002448199924,482 
NUTSFR43
Мреж. местоfranche-comte.fr

Позначајни градови се Безансон, Белфор, и Монбелјар. Други значајни градови се Дол (престолнина пред областа да биде освоен од страна на Луј XIV во доцниот 17 век), Везул (главен град на Горна Сона), Арбоа ("винската престолнина" на Јура), и Лон-ле-Соние (главен град на Јура).

Историја

уреди

Областа бележи човечко присуство уште во времето на Палеолитот и бил населен од страна на Галите. Во 5 век бил дел од териториите на Алеманите а потоа и дел од Кралството Бургундија од 457 до 534. Бил христијанизиран под влијание на Свети Колумбан, кој тука основал неколку манастири. Во 534, станал дел од франското кралство. Во 561 бил дел од меровиншкото кралство Бургундија, под власта на Гунтрам, третиот син на Хлодовик I. Во 613, Хлотар II го обединил франското кралство под своја власт а областа останал дел на Кралството Бургундија за време на Меровинзите и Каролинзите. областа потпаднала под власт на Светото Римско Царство во 1034 и тој дефинитивно се отцепил од војводството Бургундија сè дури повторно не станал дел од Франција во 1477. Таа година во Битката кај Нансси во текот на Бургундските војни, бил убиен во битка последниот војвода Карло Ќелавиот. Областа преминала под власт на Австрија во 1481 и Шпанија во 1556. Франција го повратила оваа област во 1668 но го вратила со договорот од Екс-ла-Шапел. Тој по вторпат бил освоен во 1674, и конечно бил отстапен на Франција во 1678. Енклави како Монбелијар останале надвор од француска контрола. Од 1851 до 1946 населението се намалило за една петтина поради миграцијата село-град (најмногу во Горна Сона и Јура).

Управа и политика

уреди
 
Администрација на Франш Конте

Управниот регион Франш Конте бил поделен на четири департмани, од кои највеќе жители имал Ду, а додека најгусто населен бил департманот Територија Белфор.

Департман Бр. Население Густина
(ж/км2)
Главен град
Ду 25 522 685 100 Безансон
Јура 39 260 740 52 Лон-ле-Соние
Горна Сона 70 238 548 45 Везул
Територија Белфор 90 141 958 233 Белфор

Франш Конте се состои од 1.786 општини. По францускиоте локални избори во 2007, двајца советници се припадници на социјалистите а единаесет на УМП. 55% од жителите на Франш Конте на претседателските избори својот глас го дале за Никола Саркози во вториот круг на претседателските избори во 2007.

Географија

уреди
 
Крет Пела
 
ЕзеротоВуглан во Јура

Местоположба

уреди

Франш Конте се наоѓа во западно-централниот дел на Европа. Сместен во источниот дел на Франција се граничи со Швајцарија во близина на Германија и Италија.

Топографија

уреди

Франш Конте е планинска област и содржи значаен дел од планинскиот масив Јура, на границата со Швајцарија. На север од областа се наоѓа планинскиот масив Вогези (еден дел од Алзашки Балон се наоѓа во Франш Конте). Трите највисоки планински врвови се Крет Пела на височина од 1495 метри (во Јура), Златниот рид на височина од 1463 m во департманот Ду и Алзашки Балон на височина од 1247 метри во територијата Белфор. Повисоките врвови на масивот Јура се наоѓаат во Швајцарија или во департманот Ен.

Хидрографија

уреди

Областа поседува речна мрежа во должина од 5350 км од кои на 4549 км можен е риболов а 320 км од реките се пловни.. Главни реки во областа се Сона, Ена, Кујзанс, Ду, Лу, Оњон, Бјен, Валуза, Сирана, Сеј, Ерисон, Савуреза, Отриш, Ален или Алан (во Франција), Лизон. Се бројат и 80 природни или вештачки езера како Рус (езеро) Рус, Шален, Верноа, езерото Ламура (езеро), Везул-Вевр, Сен-Поан, Реморе, Нарле и познатото езеро Вуглан која е трета француска акумулација со своите 605 милиони кубни литри вода.

Население

уреди

Населението броело 1.151.000 жители во 2007. Порастот на населението изнесувал околу 0,20 % годишно меѓу 1990 и 1999[2]. Од демографски аспект, Франш Конте е релативно густо населен иако на високите висорамнини и басени населението се раселило во градовите напуштајќи ги селата и малите градови. Од друга страна има два големи демографски басени и двата ситуирани во департманот Ду. Во Безансон и околината, живеат повеќе од 220.000 жители и тој е најзначајниот град во областа. Само во градот Безансон има 134.000 жители, потоа следат Монбелјар, 117.000 жители и Белфор, 92.400 жители. 5,9 % од населението на Франш Конте се имигранти во однос на 7,4 % на национално ниво, и тоа од земји како Мароко (15,7 %), Алжир (14,1 %), Португалија (13,9 %), Италија (12 %) и Турција (10,6 %).

Поважни градови

уреди
 
Безансон
 
Белфор
Сите податоци се преземени од INSEE за 2008.
Ville Департман Население Градска површина
Безансон   Ду 117 599 236 968
Белфор   Територија Белфор 50 346 107 876
Монбелјар   Ду 26 207 180 622
Дол   Јура 25 384 41 535
Понтарлие   Ду 18 639 31 258
Лон-ле-Соние   Јура 18 122 57 007
Везул   Горна Сона 16 271 46 511
Оденкур   Ду 14 534 Монбелјар
Сен-Клод   Јура 11 523 13 227
Валентиње   Ду 11 509 Монбелјар
Ерикур   Горна Сона 10 547 Монбелјар
Лир   Горна Сона 8 264 12 840
Шампањол   Јура 8 098
Ликсеј-ле-Бен   Горна Сона 7 482 15 594
Морто   Ду 6 499
Гре   Горна Сона 6 088 18 313
Бетонкур   Ду 6 057 Монбелјар
Дел   Територија Белфор 6 000
Селонкур   Ду 5 913 Монбелјар
Морез   Јура 5 508
Бом-ле-Дам   Ду 5 317
Валдоа   Територија Белфор 5 044 Белфор
Бокур   Територија Белфор 5 008 Монбелјар
 
Монбелјар
 
Дол

Стопанство

уреди
 
Музеј на Пежо во Сошо

Земјоделското производство се потпира на одгледување говеда (Монбелјар) и производство на сирење. Значајно е и одгледувањето на житните култури (144 380 ha) и маслодајните култури (38 450 ha) [3]. Областа поседува и винови насади во областа Јура и и се произведува вино од пет различни сорти. Значајно е и шумартството со самиот факт дека шумите опфаќаат 42% од вкупната територија на областа. Франш Конте, пропорционално со неговата популација е првиот индустриска област во Франција, 6 од 10 вработувања се во стопанските гранки а нивото на невработеност изнесува околу 8,5 %. Бруто-домашниот производ, БДП по жител во 2002 изнесувал 21897 €. Тој воедно е и област со најразвиен извоз во Франција. Во 2003, БДП се искачил на 25,6 милијарди евра[4] или 1,6% од националниот БДП. Монбелјар-Белфор е економско средиште на областа, особено посветен на автомобилската индустрија и на TGV. Индустрискиот Пежо – Цитроен Сошо е прв во Франција со 13.841 вработени во септември 2006 а воедно и најголемиот работодавач во областа. Пежо и неговите филијали заземаат 10 % од производството на Франција.

Туризам

уреди
 
Зимски центар Метабиеф

Во тек на зимската сезона, туризмот е сконцентриран на планинските масиви (главно во туристичките центри Рус и Метабиеф). Центрите не се адаптирани за алпско скијање но сепак, рекреативното се практикува на повеќе места. Во летниот период Франш Конте им нуди на туристите активности како велосипедизам околу Алзашкиот Балон, риболов на брегот на реките и езерата, како и речен туризам во долината на Сона.

Јазик

уреди

Жителите на Франш Конте освен на службен француски јазик зборуваат и на други два јазика:

  • Франко-конски јазик, на север
  • Франкопровансалски, на југ

Франко-контски јазик

уреди

Франко-контскиот јазик [5] е дијалект кој припаѓа на јазиците оил и се зборува во Франш Конте. Се користи во Јура во Швајцарија. Франко-контскиот јазик е дел од групата јазици во кои спаѓаат и пикардискиот, валонскиот како и лоренскиот. Овие јазици имаат заеднички одлики а воедно и германско влијание. Јазикот се зборува во Горна Сона, Територија Белфор, Ду, во дел на источна Јура, како и во кантонот Јура во Швајцарија и во еден мал дел на департманот Горна Рајна во Алзас.

Франкопровансалски јазик

уреди

Јужниот дел на Франш Конте (јужно во департманите Јура и Ду) зборува на « франкопровансалски јазик » [6]. Франкопровансалскиот е еден од трите големи романски јазици, заедно со окситанскиот (јазик ок) и групата оил. Овој јазик поседува бројни локални варијанти и се дели на бројни дијалекти. Постои дијалектална варијанта која се зборува на југот на Франш Конте наречена јурски јазик.

Културно наследство

уреди

Областа благодарение на бурното минато бележи големо културно наследство а воедно се одликува со зачувани питорескни села. Едни од позначајните споменици на културата се:

Познати личности

уреди
 
Луј Пастер е роден во 1822 во Дол (Слика на Алберт Еделфелт)

Наводи

уреди
  1. INSEE. „Produits intérieurs bruts régionaux et valeurs ajoutées régionales de 1990 à 2012“. Посетено на 4 March 2014.
  2. Variation de population en Franche-comté Insee; 2003
  3. DRAAF Besançon, Service régional de l'information statistique et économique, Mémento de la statistique agricole édtion 2010, p. 14
  4. Le PIB Franc-comtois en 2003 Insee, 2006
  5. Le franc-comtois[мртва врска]
  6. Le francoprovençal[мртва врска]

Надворешни врски

уреди