Митрополитот г. Јосиф (роден во Скопје на 21 јануари 1982) ја возглавува Тетовско-гостиварската епархија која ги опфаќа градовите Тетово и Гостивар.

Јосиф


Тетовско-гостиварска епархија
Митрополит Тетовско-гостиварски
На должноста
3 ноември 2013 – во служба
Претходник нема
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 21 јануари 1982

Скопје
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин
Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф

Животопис

уреди

Митрополитот Јосиф е роден на 21 јануари 1982 година во Скопје. По завршувањето на основното образование, во 1997 година, се запишал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје, која ја завршил во 2002 година. Веднаш потоа го започнал монашкиот подвиг во братството на Бигорскиот манастир, а воедно, како вонреден студент се запишал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломирал во 2010 година, со одбрана на дипломскиот труд: “Богородица – почеток на Новиот завет”.

Замонашен е на 10 септември 2003 година од страна на неговиот надлежен архијереј, митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Следната, 2004 година бил ракоположен во ѓаконски чин. За еромонах бил ракоположен на денот на манастирската слава на Бигорската обител, на 7 јули 2006 година.

На 28 јуни 2012 година бил избран за Епископ Велички и бил поставен за викар на Скопската епархија, со која раководел Архиепископот охридски и македонски, господин господин Стефан.

По смртта на митрополитот Полошко-кумановски Кирил и делењето на епархијата на две, на 17 септември 2013 година[1], Епископот Велички Јосиф бил поставен за прв митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска[2], односно бил хиротонисан на 3 ноември 2013 година во Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово.[3]

Наводи

уреди
  1. Соопштение од Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската православна црква (17.09.2013 19:53)
  2. На два дела поделена Полошко-кумановската епархија[мртва врска]
  3. Пополнети новоформираните епархии во Тетово и во Куманово. Архивирано од изворникот на 2013-09-21. Посетено на 2013-09-17.

Надворешни врски

уреди