Јосип Бутковиќ
Јосип Бутковиќ (Риека, 1950), хрватски графичар[1].
Заедно со Невенка Арбанас и Маја С. Франковиќ, Јосип Бутковиќ припаѓа на генерацијата графичари кои ќе се пробијат на хрватската графичка сцена во 80-тите од 20 век и остануваат на самиот врв до денес. При спомнувањето на т.н „Риечка графичка школа“, името на Јосип Бутковиќ секако е едно од најважните , бидејќи тој е во голема мера заслужен за афирмацијата на графиката во тој град. Со формирањето на таа школа, Риека станала еден од центрите на хрватската графика во Југославија (другите беа Загреб, Нови Сад, Белград , Љубљана ).[2].
Школување
уредиБутковиќ ги започнал студиите на ликовни уметности како дел од Педагошката академија во Риека, бидејќи во тоа време не постоела самостојна академија за ликовни уметности. Подоцна во Нови Сад ги продолжи студиите на новоотворената ликовна Академија.
По Нови Сад, тој оди на постдипломски студии во Белград, каде што се усовршува во графичкиот израз. По завршувањето на студиите се вратил во родниот град, се вработил на Педагошката академија, оттогаш ова започнува „Риечката школа за графика“ која ќе се одликува со употреба на традиционални техники при печатење на графика (офорт, бакропис, сува игла, акватинта и сл.) или нивна комбинација. Бидејќи Бутковиќ не само теоретски, туку и преку пракса се обидува да им ја донесе графиката на своите студенти, тој ги купува првите големи печатарски машини а во 1997 го основал студиото за халкографија (кое веќе не е активно денес) во кое им овозможил на студентите да продолжат да работат со графичкиот медиум по завршувањето на нивните студии. Покрај ова започнува да организира изложби кои се одржувале и во графичкото ателје. А секако, во овој онтекст било и организирањето на четирите меѓународни изложби ex-libris во Риека каде неговите ученици активно учествувале и како соработници и како автори. Учествувале и во издавање графички книги, графички карти и библиофилски изданија.
Опусот на Јосип Бутковиќ е голем, тој во својата долгогодишна кариера отпечатил голем број графички листови, а твори и денес. Тој приредил бројни самостојни и групни изложби, не само во Хрватска, туку и во странство. Учествувал на меѓународни графички изложби ширум светот (од Јапонија, Малезија, Грција, Романија, Белгија, Полска, Литванија итн.). За својата работа повеќепати е наградуван од 1980 година, кога ја доби годишната награда за цртеж од Академијата за уметности во Нови Сад.[3].
Јосип Бутковиќ и „Риечката Графичка школа“
уредиГлавна одлика на графиката на Риека е преиспитувањето на границите на медиумот, своевидно експериментирање и отстапување од класичниот концепт на графиката. Бутковиќ бил запознаен со концептуална уметност уште од неговите студентски денови, но првиот поистакнат експериментален проект го реализирал во 1999 „Велики Мргар“ Тоа бил „мозаик“ составен од 98 графики поставени хоризонтално во овчарско трло (Вели Мргар, Јурандвор, Башка на островот Крк). Основната идеја на тој проект била панелите да се остават на отворено 24 часа за да бидат изложени на ефектите на природата, односно атмосферските влијанија. Со ова се воведува т.н елементот на случајноста во неговите дела. Друга интересна работа за тој проект е тоа што авторот избрал овчарско трло за место на изложбата наместо вообичаениот галериски простор. Исто така, треба да се напомене дека изложбата одекнала и надвор од Хрватска, бидејќи подоцна била поставена во Париз. Сите графики создадени како дел од овој циклус се потпишани и можат да бидат изложени како независни дела, но акцентот сепак е на целината. Главната идеја што го карактеризира проектот „Велики Мргар“ е можноста за варирање на позицијата на секоја од графиките, што дава безброј комбинации. Во истото бачило 2001, тој го изложи својот втор проект „Небо во магла“ каде водечка мисла беше и влијанието на природата без физичкото влијание на авторот. Бутковиќ не застана тука, туку започнал со својата иновација врз други уметнички акции како што се „Не биди мрзлив и остави твој белег во графиката на Риека“ изложени во галеријата Кортл во Риека во 1999 и „Не биди мрзлив и остави свој белег во хрватската графика“ изложени во Загреб Уметнички павилјон 2000 год. Целта на овие изложби била повторно да се вклучат посетителите во создавањето на графики да го оживее делото - „уметност во движење“ повикувајќи се на книгата „Опера аперта“ на Умберто Еко. Нагласувајќи го тој пресек помеѓу традиционалната и современата графика која е активна и не е направена според даден систем каде што авторот го завршува делото, а посетителот го доживува пасивно, гледајќи, но не учествувајќи во создавањето. Изложбата е конципирана на таков начин што позадината, која е подоцна исечена и дадена на учесниците. Како уметничко дело кое посетителите го создавале со одење, т.е. оставајќи отпечатоци од чевли на површината.
Сличен проект наречен „Двориште I, II, III“ беше изведен и во 2001 кога користеше матрица, т.е. метална плоча, обложена со асфалт за кокошки и желки што оставале траги додека оделе а на тој начин формира три циклуси на графика. На крајот, печатената графика рачно ја врзал во книга-објект наменет за прелистување, за разлика од книгата-објекти на Маја С. Франковиќ, кои биле на границата меѓу графиката и скулптурата[4].
Tribvo honorem in memoriam Ivlio Clovio de Croatia „Трибво во чест Ивлио Кловио од Хрватска
уредиКартата „Tribvo honorem in memoriam Ivlio Clovio de Croatia“ е создадена во 1997, десет примероци се отпечатени во Сушак во Риека и е посветена на Јулије Кловиќ, хрватски сликар-минијатурист. Бутковиќ го отпечатува со техники на бакропис и акватинта и го врзува во мала книга, која ја става во правоаголен гипсен саркофаг со отвор во средината, кој наликува на надгробната плоча на авторката Тамара Пашкван. Друг соработник, Крешо Ковачевиќ, е автор на текстот што ја придружува графиката, како и дизајнот на гипсената книшка со златна корица внатре[5].
Наводи
уредиЛитература
уреди- Darko Glavan, Od grafike do nove umjetničke prakse i natrag, HDLU, Rijeka, 2008.
- Katalog izložbe lipanj-srpanj, Kabinet grafike, HAZU, Zagreb, 2000.