Јован Таковски
Јован Таковски (Умлена, Беровско, 18 март 1942 – Скопје, 19 април 2023) — македонски теолог, свештеник, професор, преведувач[1][2].
Јован Таковски | ||
Роден | 18 март 1942 Умлена, Беровско | |
---|---|---|
Починал | 19 април 2023 Скопје | |
Националност | Македонец | |
Занимање | теолог, свештеник, професор, преведувач |
Животопис
уредиТаковски е роден на 18 март 1942 година во с. Умлена, Беровско. Богословија завршил во Призрен, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија. Ракоположен за ѓакон (1973) и во свештенички чин (1993). Член на литературните преведувачи на Македонија. Автор на повеќе преводи и на научни прилози и одделни публикации. Учесник на научни трибини и собири во земјата и во странство[1].
Награди
уреди- 2016 - Медал за заслуги за Македонија - за постигнатите исклучителни резултати од долгогодишната научна, образовна и книжевна дејност од областа на богословските науки.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1111. ISBN 978-608-203-024-1.
- ↑ „Почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски“. МКД. 20.04.2023. Посетено на 28 октомври 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Претседателот Иванов го одликува Јован Таковски со „Медал за заслуги за Македонија"“. Канал 5. 7.12.2016. Посетено на 27 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)