Јане Јакимовски (Крива Паланка, 6 јули 1966Чаир, Скопје, 21 март 2001) бил македонски бранител, полицаец на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 21 март 2001 во трговскиот центар „Чаирчанка“ во скопската населба Чаир откако е пукан во грб.[1]

Јане Јакимовски
06.07.1966 – 21.03.2001 (34 г.)

Роден во:Крива Паланка, Македонија Македонија
Починал во:Чаир
Служба во:Македонија Македонија
Чин:Полицаец; Командир во МВР
Единици: МВР
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
  • Заседа во Чаир
Одличја: Медал за храброст

Животопис

уреди

Живот и војната 2001 година

уреди

Јане Јакимовски е роден на 6 јули 1966 година во Крива Паланка. Јане во средношколските денови имаше силна желба да се запише на Факултетот за безбедност. По запишувањето на факултетот, и по завршување на вишата школа, затоа што беа потребни такви кадри, беше распореден на работа во Пробиштип. Таму беше до 1992 година, кога беше прекомандуван во Крива Паланка. Беше многу почитуван меѓу колегите, а во кариерата напредуваше до командир на посебната единица. Униформата му беше негова гордост, а солидарноста со луѓето во невоља, начин на потврда на високата професионалност. Јане требаше да биде распределен на друго работно место, а на неговото место да дојде помладиот Горан Стојановски, кои загина на почетокот на март 2001 година при експлозија на нагазна мина кај селото Брест (Скопско). Иако дома имаше две мали деца, а претпоставените знаеја дека со сопругата водат бракоразводена парница, Јане постојано беше на терен за време на војната 2001 година. Почна во Танушевци, во февруари, и потоа ги помина сите жаришта што се отвораа низ Македонија. Заврши во Тетово каде што во тоа време се водеа најжестоките борби. Сето тоа го помина без ниедна гребнатинка, за да биде убиен кукавички, од зад грб, дур пазарувал во скопската населба Чаир.

Смрт

уреди

Според информациите на семејството, триесет и петгодишниот Јане беше убиен од терористите додека седел во една од продавниците за мобилни телефони во трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје. Во Јане пукале двајца Албанци облечени во црно, кои потоа побегнале од местото на злосторството. Притоа, како што подоцна изјавиле некои очевидци, едниот од нив рекол дека треба да се пука во повисокиот, значи во Јане. Другиот полицаец кој бил со него останал жив и здрав, иако седел сосема близу до убиениот. Токму поради ваквите гласини, роднините се сомневаат дека убиството го имаа извршено припадници на терористичката ОНА кои дејствувале во двојки во Скопје и кои имале некакви сознанија за функцијата на Јане. Се претпоставува дека овие градски терористички двојки биле координирани од штабот на таканаречениот командант Тели, кој заедно со уште неколкумина терористи подоцна беше убиен во антитерористичка акција на ЕСЗ Тигар во една куќа во скопската населба Чаир. Јане зад себе ги остави своите две деца и сопругата.[2] Јане Јакимовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[3]

Наводи

уреди
  1. „Крива Паланка на нозе по третата жртва“. Вест. 23 март 2001. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-01-28.
  2. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 156 – 159
  3. „Посмртно одликување со Медал за храброст за 32 припадници на безбедносните сили на МВР“. president.mk. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2019-03-28. Посетено на 2019-03-29.