V478 Лебед
V478 Лебед (V478 Cyg / HD 193611 / HIP 100227) [1] двојна ѕвезда со просечна привидна величина од +8,66. Системот се наоѓа на растојание од околу 4.410 светлосни години[2] од Сончевиот Систем во насока на соѕвездието Лебед.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 19м | 38,75с
Деклинација | +38° 20′ | 09,2″
Прив. величина (V) | 8,66 |
Особености | |
Спектрален тип | O9.5V/O9.5V |
Променлив тип | Затемнувачка двојна ѕвезда |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | -11.1 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: -3.595±0.050 млс/г Дек.: -5.814±0.056 млс/г |
Паралакса (π) | 0.4499 ± 0.0305 млс |
Оддалеченост | 7.200 ± 500 сг (2.200 ± 200 пс) |
Апсолутна величина (MV) | -3,91 |
Податоци | |
A (Син џин) | |
Маса | 16,62 M☉ |
Полупречник | 7,43 R☉ |
Сјајност | 42.760 L☉ |
Температура | 30.479 K |
B (Син џин) | |
Маса | 16,27 M☉ |
Полупречник | 7,43 R☉ |
Сјајност | 43.150 L☉ |
Температура | 30.549 K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
V478 Лебед е затемнувачки двоен систем и е познат како таков од 1949 година.[3] Двете составници на системот се многу масивни сини ѕвезди од главната низа, од спектралниот тип O9.5V. Составницата А има површинска температура од 30.479 К и маса од 16,62 сончеви маси. Нејзиниот полупречник е 7,43 пати поголем од оној на Сонцето и со сјајност поголема за 42.760 пати од сончевата сјајност. Составницата B, е речиси идентична, има температура од 30.549 K и маса еквивалентна на 16,27 сончеви маси. Со иста големина како и нејзината придружничка, таа е за само 0,1% посјајна ѕвезда.[2] Системот е со старост од 5 милиони години.[4]
Орбиталниот период на V478 Лебед е 2,8808 дена и главната полуоска на орбитата изнесува 26,9 сончеви полупречници или 0,11 ае со орбитално занесување од ε = 0.019.[4] При затемнувањата, вкупната привидна величина се намалува за приближно 0,40 величини.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ V* V478 Cyg -- Eclipsing binary of Algol type (SIMBAD)
- ↑ 2,0 2,1 Torres, G.; Andersen, J.; Giménez, A. (2010). „Accurate masses and radii of normal stars: modern results and applications“. The Astronomy and Astrophysics Review. 18 (1–2). pp. 67-126.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Gaposchkin, Sergei (1949). „A New Eclipsing Variable (HD 193611=+37º3890 HV 11091)“. Harvard College Observatory Bulletin. 919. pp. 31-33.
- ↑ 4,0 4,1 Khaliullin, Kh. F.; Khaliullina, A. I. (2010). „Synchronization and circularization in early-type binaries on main sequence“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 401 (1). pp. 257-274.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Malkov, O. Yu.; Oblak, E.; Snegireva, E. A.; Torra, J. (2006). „A catalogue of eclipsing variables“. Astronomy and Astrophysics. 446 (2). pp. 785-789.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)