Четириношци

(Пренасочено од Tetrapoda)
Четириношци

Четириношците (науч. Tetrapoda) се ‘рбетни животни со четири екстремитети. Во групата спаѓаат водоземците, влекачите, птиците и цицачите. Дури и змиите и другите безноги влекачи и водоземци по потекло се четириношци. Најраните четириношци еволуирале од резноперките во периодот Девон.[1] Денес четириношците сочинуваат предоминантен дел на фауната, вклучувајќи ги сите поголеми копнени животни. Некои групи дури му се имаат вратено на подводниот живот. Тука спаѓа најголемото животно во природата - синиот кит.

Четириношци
Период: среден Девон - денес
Четириношци од четирите денешни класи (по часовникот): жаба (водоземец), хоацин (птица), скинк (влекач) and глушец (цицач)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Поттип: ’Рбетници
Инфратип: Вистински вилични ‘рбетници
(нерангирано): Целоусни
Наткласа: Четириношци
Broili, 1913
Подгрупи

и вид. во текстот

Биоразновидност

уреди

Четириношците се делат на четири класи: водоземци, влекачи, цицачи и птици. Нивната разновидност експоненцијално се зголемила со текот на времето: од една група водоземци во Девонот до илјадници видови денес. Главен двигател на општиот состав на биолошката разновидност во Палеозоикот биле водоземците, а во Мезозоикот биле влекачите. Разновидноста доживеала расцут во Кенозоикот со развојот на птиците и цицачите. Зголемувањето на разновидноста значело и сè поголемо групирање на животните. Првите четириношци живеел во крајводни средини и се хранеле претежно со риба. Денес на Земјата постои огромен број на четириножни животни присутни во најразлични средини и со најразличен начин на исхрана.[2]

Потекло

уреди
 
Во доцниот Девон почнале да се развиваат различни групи на ‘рбетници - потомци на пелагијалните резноперки — like Eusthenopteron — exhibited a sequence of adaptations:
Panderichthys, прилагоден на матни плитаци;
Tiktaalik со перки налик на нозе со кои можел да оди по копно;
•Првични четириношци во тревести бари, како;
 •Бодликавопрекривни (Acanthostega), имал нозе со по осум прсти,
 •Рибопрекривни (Ichthyostega) со екстремитети.
Во потомството влегуваат и пелагијални резноперки како целакантите.

Еволуцијата на овие животни почнува со разделувањето на ‘рбетниците на риби и четириношци.[3][4] Со ова четириношците постепено ги прилагодувале органите за движење и дишење во вода на копнен начин на живот, и тоа траело 56,8 милиони години колку што траел периодот девон.[5] Иако ова е една од најсуштинските еволутивни промени во историјата, овој процес е меѓу најдобро проучените благодарение на одличните фосили пронајдени во доцниот XX век како и напредоците во филогенетската анализа.[6]

Денешни четириножници

уреди

Со големиот пресврт во фауната кон крајот на Мезозоикот, преостанале само шест групи на четириношци, кои содржат многу подргрупи што денес се изумрени:

Класификација

уреди
 
Pederpes finneyae
 
Lyddekerina huxleyi
 
Benthosuchus sushkini

Во продолжение е направена делумна таксономија на четириношците:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Clack, J.A. (2002). Gaining ground: the origin and evolution of tetrapods. Bloomington, Indiana, USA.: Indiana University Press.
  2. Sahney, S., Benton, M.J. and Ferry, P.A. (2010). „Links between global taxonomic diversity, ecological diversity and the expansion of vertebrates on land“ (PDF). Biology Letters. 6 (4): 544–547. doi:10.1098/rsbl.2009.1024. PMC 2936204. PMID 20106856.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Long JA, Gordon MS (2004). „The greatest step in vertebrate history: a paleobiological review of the fish-tetrapod transition“. Physiol. Biochem. Zool. 77 (5): 700–19. doi:10.1086/425183. PMID 15547790. as PDF
  4. Benton 2005, стр. 76–80
  5. Zimmer, C. (1999). At the Water's Edge : Fish with Fingers, Whales with Legs, and How Life Came Ashore but Then Went Back to Sea. Free Press. ISBN 0684856239.
  6. Shubin, N. (2008). Your Inner Fish: A Journey Into the 3.5-Billion-Year History of the Human Body. New York: Pantheon Books. ISBN 978-0375424472.

Надворешни врски

уреди