Резноперки
Резноперки Sarcoperygii Период: Доцен Силур – денес | |
---|---|
Латимерија, Latimeria chalumnae | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Потколено: | ‘Рбетници |
Инфраколено: | Вилични ‘рбетници |
Наткласа: | Коскени риби |
Класа: | Sarcopterygii |
Поткласи | |
|
Резноперките или ракоперките (латински: Sarcopterygii или Crossopterygii) сочинуваат класа на риби со месести перки, каде припаѓаат белодробните риби и целакантините. Името Sarcopterygii доаѓа од грчките зборови σαρξ, саркс, што значи месо и πτερυξ, птерикс, што значи перка.
Морфологија и анатомија
уредиРезноперките се коскени риби со месести, резнести перки, кои се приврзани за телото на рибата со една коска.[1] Овие перки еволуирале во екстремитетите (нозете) на првите четириножни копнени ‘рбетници - водоземците. Тие исто така поседуваат и две грбни перки со одделени основи, што е спротивно на единечната грбна перка кај зракоперките. Черепот на резноперките има зглоб, но оваа одлика се губи кај четириношците и белодробките. Многу попримитивни резноперки поседуваат симетрична опашка.
Многу систематичари кои се приврзаници на кладистичкиот пристап во систематиката ја сместуваат групата Tetrapoda (четириношци) во оваа класа, што се состои од сите ‘рбетници со четири екстремитети.[2] Месестите перки и коската во нив покажуваат многу силна сличност со претпоставениот предок на четириножните ‘рбетници, така што резноперките нашироко се сметаат за директни предци на четириношците во научната литература.
Еволуција на резноперките
уредиОпшто е прифатено дека резноперките припаѓаат на групата коскени риби, кои се одликуваат со коскен скелет (наместо ‘рскавичен). Меѓутоа, како резултат на големите разлики кои постојат во градбата на перките, органите за дишење и циркулаторните структури кај резноперките и коскените риби, некои систематичари ја сметаат групата резноперки (Sarcopterygii) за сестринска наткласа на наткласата коскени риби (Osteichthyes), наместо за класа во неа. Најстарите резноперки се пронајдени во најгорниот Силур. Првите резноперки биле многу слични на бодликавите ајкули (Acanthodii). Најблиските сродници на резноперките се зракоперките. Резноперките веројатно еволуирале во океаните, но подоцна ги населиле и слатките води за да ги избегнат грабливите оклопни риби (Placodermi) кои биле доминантни во раниот-среден девон.
Со еволуирањето на резноперките во раниот девон, нивната главна еволутивна линија се разделила на две други линии - линија на целакантините и линија на рипидистите (Rhipidistia). Целакантините се појавиле во раниот девон и останале во океаните; врвот на развиток на целакантините бил доцниот девон и Карбон. Целакантините сè уште живеат во океаните. Рипидистите се појавиле во истото време како и целакантините, но, за разлика од нив, овие го напуштиле океанот и мигрирале во слатководни станишта, од што се заклучува дека нивните предци веројатно живееле блиску до вливот на реките во океанот (естуари). Понатаму, рипидистите се поделиле во две главни групи - белодробките (белодробните риби) и четириноголиките (Четириноголики). Белодробките биле најраспространети во Тријас, но денес се останати помалку од десетина родови. Кај нив еволуирале првите прабели дробови и праекстремитети. Древните и денешни белодропки ги користеле нивните перки (праекстремитети) за движење по копното во потрага по нова водна површина (кога таа каде што живееле ќе пресушела), и ги користеле белите дробови за дишење на атмосферски воздух.
Четириноголиките ја имаат истата идентична анатомија како и белодробките, но по сè изгледа дека тие останале во водата нешто подолго, и тоа сè до доцниот девон. Четириношците или четириношците - ‘рбетниците со четири екстремитети - се потомци на четириноголиките. Четириношците се појавиле во доцниот девон.
Нечетириножните резноперки продолжиле да опстануваат до крајот на палеозојската ера. Тие претрпеле силни загуби за време на пермско-тријаскатото изумирање.
Систематика и филогенија
уреди- Класа SARCOPTERYGII
- Actinistia
- Eoactinistia
- Поткласа Coelacanthimorpha
- Ред Coelacanthiformes
- Фамилија Latimeriidae
- Ред Coelacanthiformes
- Rhipidistia
- Поткласа Dipnoi
- Ред Ceratodontiformes
- Ред Lepidosireniformes
- Поткласа Четириноголики
- Ред Rhizodontida
- Надред Osteolepidida
- Фамилија Tristichopteridae
- Ред Osteolepiformes
- Ред Panderichthyida
- Tiktaalik
- Tetrapoda
- Поткласа Dipnoi
- Actinistia
Поврзано
уреди- Список на резноперки
- Actinopterygii — зракоперкови риби
Наводи
уреди- ↑ Clack, J. A. (2002) Gaining Ground. Indiana University
- ↑ Nelson, Joseph S. (2006). Fishes of the World. John Wiley & Sons, Inc. ISBN 0-471-25031-7.