Четириноголики
Период: Доцен ран девон - денес
Основниот тетраподоморф Tiktaalik.
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Класа: Sarcopterygii
Поткласа: Tetrapodomorpha
Ahlberg, 1991
Подгрупи
  • Види во текстот.
Во видообразбата на ‘рбетниците која се одвивала во доцниот девон, потомците на пелашкиот резноперковиден Eusthenopteron подлегле на неколку последователни адаптации:
  • Panderichthys, приспособен за плитки води со калливи дна;
  • Tiktaalik со ноговидни перки кои се способни за одење по копно;
  • Рани четириношци присутни во мочуришта со силна вегетација, како што се:
    • Acanthostega, која имала стапала со осум прсни ковчиња,
    • Ichthyostega со екстремитети .
Во потомците исто така припаѓале и пелашки резноперки како што се целакантините.

Четириноголиките (науч. Tetrapodomorpha) — гранка (клад) на ‘рбетници којашто се состои од резноперките кои имаат одлики на четириношците. Примитивните форми, како тикталикот, биле нарекувани „рибоношци“ од страна на нивните откривачи, бидејќи, барем според нивниот изглед, тие поседуваат одлики и на риба, но и на четириношци.

Tetrapodomorpha ги содржи вистинските четириношци и неколку групи на сродни резноперкови риби, познати како Osteolepiformes.

Едни од поважните особини кои ги дефинираат четириноголиките се измените на перките, односно појава на рамена коска со конвексна коскена глава која е зглобена со гленоидната фоса (празнината на раменскиот зглоб).

Четириноголиките фосили се познати од раниот девон па натаму, а ги вклучуваат Osteolepis и Panderichthys.

Систематика и филогенија уреди

Според Бентон[1], систематиката на четириноголиките е следната:

Наводи уреди

  • Mikko Haaramo. „Tetrapodomorpha - Terrestrial vertebrate-like sarcopterygians“. Архивирано од изворникот на 2006-05-12. Посетено на 2006. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  • P. E. Ahlberg and Z. Johanson (1998). „Osteolepiforms and the ancestry of tetrapods“. Nature (journal). 395 (6704): 792–794. doi:10.1038/27421.
  • Michel Laurin, Marc Girondot and Armand de Ricqlès (2000). „Early tetrapod evolution“ (PDF). TREE. 15 (3). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-09-22. Посетено на 2009-03-23.
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-10-19. Посетено на 2009-03-23.