T Лебед
T Лебед — двоен[10] систем во северното соѕвездие Лебед. Станува збор за слабосјаен систем но е видлив за човековото око со заедничка светлосна величина од 4,93.[2] Со паралаксна промена од 8,4 млс,[1] се наоѓа на растојание од 387 светлосни години. Се придвижува поблиску до Земјата со околусончева радијална брзина од −24 км/с.[6]
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 47м [1] | 10,75239с
Деклинација | +34° 22′ [1] | 26,8374″
Прив. величина (V) | 4,93[2] + 10,03[3] |
Особености | |
Спектрален тип | K3 III[4] |
B−V Боен показател | 1,294 ± 0,003[2] |
Променлив тип | Lb:[5] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | -23,9 ± 0,3[6] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +39,637[1] млс/г Дек.: +8,068[1] млс/г |
Паралакса (π) | 8.4327 ± 0.1348[1] млс |
Оддалеченост | 387 ± 6 сг (119 ± 2 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −0,74[2] |
Податоци | |
T Cyg A | |
Полупречник | 27[7] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2,12[8] |
Сјајност | 333,48[2] L☉ |
Температура | 4,190[8] K |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Примарната составница A, е променлива ѕвезда, најверојатно од типот спора променлива, со сјајност што се движи од 4,91 до 4,96.[5] Станува збор за џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација K3 III,[4] што е показател дека го истрошила водородот во јадрото како гориво и се развива надвор од главната низа. Измерениот аголен пречник на оваа ѕвезда, по исправките предизвикани од граничното затемнување, е 2,11 ± 0,02 млс.[11] На проценетото растојание на оваа ѕвезда, се добива физичка величина на полупречникот која е 27 пати поголема од Сончевиот полупречник.[7] Зрачи со јачина 333[2] пати поголема од онаа на Сонцето од својата зголемена фотосфера при делотворна температура од 4,190 K.[8]
Секундарната составница B, е со светлосна величина 10,03 и е на аголно растојание од 8,10 лс долж положбен агол од 120°, од 2012 година. Во 1877 имала раздвоеност од 10,0 лс долж скоро истиот положбен агол (121°).[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Anderson, E.; Francis, Ch. (2012). „XHIP: An extended hipparcos compilation“. Astronomy Letters. 38 (5): 331. arXiv:1108.4971. Bibcode:2012AstL...38..331A. doi:10.1134/S1063773712050015.
- ↑ 3,0 3,1 Mason, B. D.; и др. (2014). „The Washington Visual Double Star Catalog“. The Astronomical Journal. 122 (6): 3466–3471. Bibcode:2001AJ....122.3466M. doi:10.1086/323920.
- ↑ 4,0 4,1 Herbig, George H.; Spalding, John F., Jr. (January 1955). „Axial Rotation and Line Broadening in Stars of Spectral Types F0-K5“. Astrophysical Journal. 121: 118. Bibcode:1955ApJ...121..118H. doi:10.1086/145969.
- ↑ 5,0 5,1 Samus', N. N; Kazarovets, E. V; Durlevich, O. V; Kireeva, N. N; Pastukhova, E. N (2017). „General catalogue of variable stars: Version GCVS 5.1“. Astronomy Reports. 61 (1): 80. Bibcode:2017ARep...61...80S. doi:10.1134/S1063772917010085.
- ↑ 6,0 6,1 Gontcharov, G. A. (November 2006). „Pulkovo Compilation of Radial Velocities for 35495 Hipparcos stars in a common system“. Astronomy Letters. 32 (11): 759–771. arXiv:1606.08053. Bibcode:2006AstL...32..759G. doi:10.1134/S1063773706110065.
- ↑ 7,0 7,1 Lang, Kenneth R. (2006). „Astrophysical formulae“. Astronomy and astrophysics library. 1 (3. изд.). Birkhäuser. ISBN 3-540-29692-1. Наводот journal бара
|journal=
(help). The radius (R*) is given by: - ↑ 8,0 8,1 8,2 McWilliam, Andrew (December 1990). „High-resolution spectroscopic survey of 671 GK giants. I - Stellar atmosphere parameters and abundances“. Astrophysical Journal Supplement Series. 74: 1075–1128. Bibcode:1990ApJS...74.1075M. doi:10.1086/191527.
- ↑ „T Cyg“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. (англиски)
- ↑ Eggleton, P. P.; Tokovinin, A. A. (2008). „A catalogue of multiplicity among bright stellar systems“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 389 (2): 869. arXiv:0806.2878. Bibcode:2008MNRAS.389..869E. doi:10.1111/j.1365-2966.2008.13596.x.
- ↑ Richichi, A.; и др. (February 2005). „CHARM2: An updated Catalog of High Angular Resolution Measurements“. Astronomy and Astrophysics. 431 (2): 773–777. Bibcode:2005A&A...431..773R. doi:10.1051/0004-6361:20042039.