Вашингтонски каталог на двоѕвезди

Вашингтонски каталог на двоѕезди (англиски: Washington Double Star Catalog или WDS) — каталог на двоѕвезди во надлежност на Поморската опсерваторија на САД. Опфаќа информации како положба, величина, сопствено движење и спектрален тип. Во јуни 2017 г. содржел 141.743 двоѕвезди. Вклучени се и повеќекратни ѕвезди. Повеќекратните ѕвезди со б составници се претставуваат во каталогот како парови б-1.

Вашингтонски каталог на двоѕвезди
Опфат на ѕвездите во каталогот
Вид пописАстрономски каталог Уреди на Википодатоците
ЦелДвоѕвезда Уреди на Википодатоците

Историја

уреди

Базата според која е изработен WDS започнала во Личката опсерваторија, каде според неа е направен Индекс-каталогот на визуелни двоѕвезди, објавен во 1963 г. Во 1965 г. по инцијатива на Чарлс Ворли таа прешла во Поморската опсерваторија.[1]

Оттогаш каталогот е подобруван со разни мерни податоци, претежно од каталозите „Хипаркос“ и „Тихо“ и исходните сознанија од вршената дамчеста интерферометрија, како и други извори.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Douglass, Geoffrey G.; Corbin, Thomas E.; Mason, Brian D. (1998). "CHARLES EDMUND WORLEY, 1935-1997". Charles Worley obituary, United States Naval Observatory, 1998. Архивирано на 11 март 2009 г. посет. 4 септември 2008 г
  2. Mason, Brian D.; Wycoff, Gary L.; Hartkopf, William I.; Douglass, Geoffrey G.; Worley, Charles E. (2001). "The Washington Double Star Catalog, 2001.0". Astrometry Department, United States Naval Observatory, 2001. Архивирано на 1 ноември 2008 г. Повеќе не се подновува; последната поднова е направена на 26 септември 2001 г. од Брајан Мејсон. посет. 4 септември 2008 г

Надворешни врски

уреди