Највисок домен

(Пренасочено од TLD)

Највисок домен, врвен домен или главен домен (англ. top-level domain - TLD) е домен на највисоко ниво во хиерархијата на доменскиот именски систем (DNS) на семрежјето.[1] Највисоките доменски имиња се воведуваат во основното подрачје (root zone) на именскиот простор. Кај сите домени од понизок степен, ова е последниот дел на доменското име, т.е. последната наставка. На пример, во адресата www.example.com, највисокиот домен е .com (или .COM, бидејќи доменските имиња не разликуваат големи и малу букви). Раководењето со највисоките домени е во надлежност на организации назначени од службата ICANN, кој е задолжен за управата IANA и одржувањето на основното подрачје на DNS.

org [.] е јазол во дрвото DNS, исто како и википедија. [org.] и en. [wikipedia.org.] . Како таков, има свои запис на DNS

Историја

уреди

Првовитниот највисок доменски простор бил организиран во три групи: „земји“, „категории“ и „мултиорганизации“.[2][3] Додатната група „привремена“ (temporary) се состоела само од првичниот DNS-домен, arpa,[4] и имал како преодна намена кон стабилизацијата на доменскиот именски систем.

Видови на највисоки домени

уреди

IANA today distinguishes the following groups of top-level domains:[5]

  • Највисок државен домен (ccTLD): двебуквени домени за државите и териториите. Со извесни историски исклучоци, кодот на секоја територија е истоветен на нејзиниот код во ISO 3166.
  • интернационализирани државни кодови на највисоките домени (IDN ccTLD): што се напишани со нелатинични знаци. Македонскиот домен гласи .мкд
    • пробните интернационализирани највисоки домени се воспоставени под test со намера за испробување на постапката на разработка на интернационализирани домени.
  • општи највисоки домени (gTLD): највисоки домени со три или повеќе знаци
    • непокровителски највисоки домени: оние што работат непосредно според правилата на ICANN за глобалната семрежна заедница.
    • покровителски највисоки домени (sTLD): домени кои се предложени од и под покровителство на приватни агенции или организации што донесуваат и спроведуваат свои правила кои ја условуваат и ограничуваат подобноста за користење на тој највисок домен. Ограничувањата се од тематски карактер.
  • инфраструктурни највисоки домени: оваа група се состои само од доменот .arpa. Со него раководи IANA во име на IETF за разни цели укажани во изданијата на меморандумот „Request for Comments“.

Во доменскиот именски систем, секоја земја добива двебуквен код согласно ISO 3166-1,[6] па така Македонија го има кодот .mk. Постојат и некои исклучоци, како што е .uk за Велика Британија. Затоа, оваа група домени најчесто се нарекува државни кодови на највисоки домени (ccTLD). Од 2009 наваму, земјите што користат нелатинични писма имаат можност да поднесат молба за „интернационализирани кодови за највисок домен“. Тие на корисниците им се прикажуваат на соодветното писмо, но во доменскиот именски систем фигурираат како ASCII-називи преведени со Punycode.

Општите највисоки домени (порано „категории“) во прво време се состоеле од GOV, EDU, COM, MIL, ORG и NET. Подоцна се додадени и други, како што е info.

Во основното подрачје постои меродавен список на постојни највисоки домени што се објавува на https://www.iana.org/domains/root/db/ порталот на IANA.

Интернационализирани државни кодови на највисоки домени

уреди

Интернационализираните државни кодови на највисоките домени (IDN ccTLD) се највисоки домени со назив енкодиран за прикажување (на пр. во прелистувач) на матично писмо на земјата, како кирилица, арабица или неазбучните кинески знаци. Овие кодови се дел од системот на „интернационализирани доменски имиња“ (IDN) што се доделуваат на држави и независни географски подрачја.

ICANN почнал да прифаќа молби за интернационализирани домени (IDN) во ноември 2009,[7] и го вовел првио збир адреси во доменскиот именски систем во мај 2010. Првите адреси биле арапски имиња за земјите Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. До мај 2010, ICANN добил молби за вакви адреси од 21 земја со 11 писма.[8]

Интернационализирани пробни домени

уреди

Во постапката на испробување на интернационализираните највисоки домени, ICANN вовел збир домени на разни јазици кои се превод на името example.test.

Име Врска Писмо Јазик
xn--mgbh0fb.xn--kgbechtv http://مثال.إختبار[мртва врска] арапско арапски
xn--fsqu00a.xn--0zwm56d http://例子.测试 Архивирано на 30 мај 2013 г. упростено кинеско кинески
xn--fsqu00a.xn--g6w251d http://例子.測試[мртва врска] традиционално кинеско кинески
xn--hxajbheg2az3al.xn--jxalpdlp http://παράδειγμα.δοκιμή Архивирано на 23 март 2013 г. грчко грчки
xn--p1b6ci4b4b3a.xn--11b5bs3a9aj6g http://उदाहरण.परीक्षा Архивирано на 10 октомври 2013 г. деванагари хинди
xn--r8jz45g.xn--zckzah http://例え.テスト Архивирано на 10 октомври 2013 г. катакана јапонски
xn--9n2bp8q.xn--9t4b11yi5a http://실례.테스트 Архивирано на 9 октомври 2013 г. хангул корејски
xn--mgbh0fb.xn--hgbk6aj7f53bba http://مثال.آزمایشی[мртва врска] персиско персиски
xn--e1afmkfd.xn--80akhbyknj4f http://пример.испытание Архивирано на 5 декември 2012 г. кирилско руски
xn--zkc6cc5bi7f6e.xn--hlcj6aya9esc7a http://உதாரணம்.பரிட்சை Архивирано на 18 јуни 2013 г. тамилско тамилски
xn--6dbbec0c.xn--deba0ad http://דוגמה.טעסט[мртва врска] хебрејско хебрејски
xn--fdbk5d8ap9b8a8d.xn--deba0ad http://בײַשפּיל.טעסט Архивирано на 2 октомври 2011 г. хебрејско јидиш

Инфраструктурен домен

уреди

Доменот arpa е првиот највисок домен во историјата. Бил предвиден само за привремена употреба, за да го потпомогне преодот од имиња на традиционалниот ARPANET. Меѓутоа, по неговата употреба за обратно востановување (разложување) на DNS, востановено е дека неговото укинување би било непрактично, па така денес се користи исклучиво за инфраструктурни цели како во обратното разложување in-addr.arpa за IPv4 и ip6.arpa за IPv6, uri.arpa, како и urn.arpa за DDDS и e164.arpa за задавање на телефонски броеви врз основа на доменската евиденција NAPTR. Од историски причини, arpa понекогаш се смета за општ највисок домен.

Резервирани домени

уреди

RFC 2606 ги резервира следниве четири највисоки домени со цел да се избегнат забуни и спротивставености.[9] Тие можат да се користат за разни конкретни цели, но не смеат да фигурираат во редовните содржини во доменскиот именски систем:

  • example: резервиран за употреба во примери
  • invalid: резервиран за очигледно неважечки доменски имиња
  • localhost: резервиран со цел да се спречат спротивставености со традиционалната употреба на localhost како домаќинско име
  • test: резервиран за проби

Укинати домени

уреди

Постојат разни укинати највисоки домени кои припаѓале на земји што повеќе не постојат: cs за Чехословачка (денес cz за Чешка и sk за Словачка), dd за Источна Германија (користи de по обединувањето), yu за СФРЈ (денес: ba за БиХ, hr за Хрватска, me за Црна Гора, mk за Македонија, rs за Србија и si за Словенија) и zr за Заир (денес cd за ДР Конго). За разлика од сите нив, доменот su е активен и денес, и покрај тоа што Советскиот Сојуз е одамна распаднат.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Постел, Џон (март 1994). „Структура и доделување во доменскиот именски систем“. Request for Comments. Network Working Group. Посетено на 7 февруари 2011. Овој меморандум содржи извесни информации за структурата на имињата во доменскиот именски систем (DNS), поконретно оние од највисоко ниво, како и за раководењето со домените. (англиски)
  2. англ. Countries, Categories и Multiorganizations
  3. Постел, Џ.; Рејнолдс, Џ. (октомври 1984). „Услови за домени“. Request for Comments. Network Working Group. Посетено на 7 февруари 2011. (англиски)
  4. Постел, Џ. (октомври 1984). „Распоред на примена на доменскиот именски систем - Преработен“. Request for Comments. Network Working Group. Посетено на 7 февруари 2011. Овој меморандум ги содржи правилата за примена за доменскиот систем на именување за семрежјето. Меморандумот е преработка на RFC-881 и RFC-897. Ова е официјално зоопштение на IAB и DARPA. (англиски)
  5. IANA root zone database
  6. Кодови за претставување на имињата на земјите, ISO-3166, Меѓународна организација за стандардизација (мај 1981)
  7. ICANN (30 октомври 2009). "ICANN ги носи светските јазици во светското семрежје". Соопштение за печат.  посет. 30 октомври 2009 г (англиски)
  8. 'Историски' ден: Пуштени првите нелатинични семрежни адреси“. Би-Би-Си Вести. 6 мај 2010. Посетено на 7 мај 2010. (англиски)
  9. RFC 2606 (BCP 32), Reserved Top Level DNS Names, D. Eastlake, A. Panitz, The Internet Society (јуни 1999)

Надворешни врски

уреди